• Latest

Ако нема цензус ќе одлучуваат институциите

August 2, 2018
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ако нема цензус ќе одлучуваат институциите

August 2, 2018 11:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Цензусот е клучен аспект за спроведување на успешен референдум за Договорот од Преспа. По нејасната позиција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за плебисцитарното изјаснување, премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш порача дека е убеден во исполнување на цензусот, бидејќи нема алтернатива за тоа. Сепак, во случај да нема цензус за претстојниот референдум за договорот за името нагласи дека одлуката ќе ја донесат институциите.

– Ако граѓаните не донесат одлука понатаму продолжуваат институциите. Од тој аспект, не прејудицирам како ќе гласа Парламентот. Сите 120 пратеници може да гласаат за или против. Тоа е процес кој  треба да го следиме, рече Заев, дополнувајќи дека е убеден оти огромното мнозинство ќе гласаат „за“, затоа што не може да се постигне подобар договор со Грција.

изјава заев референдум

Тој подвлече дека за референдумот еднаква одговорност има тој лично како премиер, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но и сите граѓани.

Државната изборна комисија (ДИК), која треба да го спроведе референдумот закажан за 30 септември, вчера на првата конститутивна седница во нов состав го усвои Правилникот за негова подготовка, организирање и спроведување.

Со Правилникот е предвидено на референдумот да имаат право на изјаснување и граѓаните кои ги има во Избирачкиот список, а не живеат во Република Македонија, односно дијаспората.

Политичките партии ќе бидат исклучени од овој процес на организирање референдум. Процесот на изјаснување на граѓаните ќе може да биде набљудуван само од граѓански невладини организации.

Вршителот на должноста заменик-помошник државен секретар во американскиот Стејт департмент за Европа и Евроазија, Метју Палмер кој е во тридневна посета на Македонија, по средбата со премиерот Заев, вчера, истакна дека Македонија веќе доби покана од страна на НАТО и јасен пат за отворање пристапни преговори со ЕУ, а референдумот на 30-ти септември, посочи, дека ќе биде важен датум во постигнување на овие стратешки цели.

метју палмер изјава мала

– Референдумот ќе даде можност на македонските граѓани да го искажат својот став за договорот. Се надеваме дека луѓето ќе излезат и гласаат, ќе го искажат својот став и ќе го направат тоа во слободна атмосфера без дезинформации и обесхрабрување. Ова е историски момент за Македонија. Договорот од Преспа, откако ќе биде ратификуван и спроведен, отвора врата кон европска иднина за Македонија и македонските граѓани, изјави Палмер.

Тој упати порака и до опозицијата да размисли стратешки околку прашањето за референдумот и да ја стават државата на прво место.

– Да размислат која е најдобрата и најсветла иднина за македонските граѓани, особено за младите. Сериозно да размислат што нуди договорот од Преспа, како европска иднина за Македонија и какви можности отвора, како и да размислат како може да ја поддржат оваа европска иднина и перспектива, рече Палмер.

Посетата на Палмер е прва по распишувањето на референдумот. Се очекува дека земјата до плебисцитот на 30 септември ќе ја посетат повеќе влијателни државници и лидери, меѓу кои највисоките претставници на ЕУ и НАТО, германската канцеларка Меркел, канадскиот премиер Џастин Трудо, како и новиот шпански премиер Педро Санчез. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: иметоодлучуваат институциитереферендумцензус
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ