Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х, на 1376 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски напад со дронови врз Вишгород во Кијивската област, каде меѓу повредените повторно има и деца.
1376. russia attacked
Vyshhorod, Kyiv re-on, with drones, damaging residential buildings, 19 people wounded, including children.
This week alone, russia has used nearly 1,400 drones, 1,100 guided aerial bombs and 66 missiles against 🇺🇦.Missiles, air-defense systems are essential— Larysa Dir (@dir_larysa) November 30, 2025
1376. Русија повторно нападна Вишгород, Кијив, со беспилотни летала, оштетувајќи станбени згради, ранети се 19 лица, вклучувајќи деца.
Само оваа недела, Русија употреби речиси 1.400 беспилотни летала, 1.100 наведувани воздушни бомби и 66 ракети против Украина. Ракетите и системите за воздушна одбрана се од суштинско значење, напиша амбасадорката Дир.
Во напад со руски беспилотни летала во градот Вишгород во Кијивската област во текот на ноќта на 30 ноември загина еден маж, а 19 лица беа повредени, соопштија локалните власти.
Меѓу повредените има четири деца. Единаесет лица се хоспитализирани со изгореници, рани од шрапнели и труење од вдишување чад, изјави гувернерот Микола Калашник.
Пожар избувна во повеќекатна станбена зграда, но подоцна беше изгаснат. Според Државната служба за вонредни состојби, 146 лица беа евакуирани од зградата.
Оштетени се уште две станбени згради, 14 куќи, зграда на компанија и седум автомобили. Спасувачи, медицински лица и психолози работат на местото на нападот.
Вишгород, град со 40.000 жители, се наоѓа на околу 15 километри од Кијив.
М. Д.
















































