„Гостивар е мултиетнички град. Јас често велам – Македонија во мало. Со многу добро меѓусебно разбирање меѓу етничките заедници што живеат во Гостивар. Јас би сакал да кажам дека во Гостивар живеат 12% Турци и турскиот јазик е официјален јазик во Гостивар. Исто така, сакам да кажам дека и турското знаме стои пред Општината, на што сум многу горд. Тоа е мој предлог, а одлука на Советот на Општината, едногласно од сите политички партии“; изјави градоначалникот на Општина Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА.
„Исто така, горд сум што ромското знаме се вее пред Општината како единствена општина во светот – иако Ромите се околу 2% во градот – со одлука на Советот, со консензус“, вели Арбен Таравари.
Таравари нагласи дека екстремни луѓе насекаде има, па и во Гостивар, но некако се маргинални структури, бидејќи повеќето граѓани на Општината.
„Гостивар може да послужи како пример за државата како треба да се функционира и како треба да се има компромис меѓу тие различни етнички заедници, за да градиме подобра и пофункционална општина и да размислуваме повеќе за други теми отколку за овие, за мене небитни, во 21 век“, истакна Таравари.
Б. Ј.
монтажа: Ариан Мехмети
камера: Дехран Муратов