„Нашиот капацитет да ги третираме нашите различности како поволност, а не хендикеп, е нешто што ќе мора да го научиме. Нашиот капацитет да оформиме заедничка иднина е, исто така, нешто што мора да го направиме.
Затоа инвестицијата во ваков постојан дијалог и инклузивни политички, социјални и критички практики за нас се многу важни“, вели почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург, Петар Арсовски, на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
Д. Т.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска