• Latest

Јас, до вас

November 24, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Јас, до вас

November 24, 2017 09:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија се освестува, бавно, со голема доза на скриен самопрекор и неверување во своите очи и уши. Велам Македонија, затоа што сакам да ги опфатам сите нејзини жители без исклучоци. Малку засрамени од своите убедувања и категорички тврдења дека овој или оној е најдоброто нешто што ни се случило до сега, но сè уште тоа јавно не се изразува, барем не до таа мера до којашто луѓето длабоко во себе веќе знаат, но тешко им е да си признаат на себе, па потоа и јавно да се изразат.  

Пишува: Дијана Тахири

Нема да ви кажам кој е овој или оној, секој си има по еден примерок за идеализирање па според тоа секој ќе си знае во кого тоа полека почнува да се разочарува. А нели, велат, се разочаруваш кога имаш очекувања. И јас велам така некако, но и дека не можеш да очекуваш од некого нешто доколку тој некој не ти се прикажал како спасител, вистинска личност во вистинско време, вистински загрижен и вистински, од и со срце ќе не оправи – во нашиот општествено политички очај.

Сакам да кажам, не плашете се да си го искажете своето незадоволство од општата состојба, нормално, доколку сте незадоволни. Исто како што знаете гласно да воздигнувате и да оддавате признанија кога за тоа мислите дека има причина. Секогаш ќе има некој што ќе ве гледа „криво“, ќе ве озборува зад грб, ќе ви се потсмева на ревноста, секогаш ќе има луѓе што длабоко ќе се иритираат од вашите јавно искажани грижи, ставови или укажувања. И речиси секогаш, луѓето што ќе ве презираат, во некој свој изолиран универзум кадешто никој нема да ги слушне, си ги повторуваат речиси истите работи од коишто се згрозуваат кога вие јавно ќе ги искажете. Затоа што немаат храброст да истапат, немаат доволна мотивираност, или имаат доволна мотивираност од друг вид. Но никако нема да признаат дека во вашите зборови има ред вистина, освен кога ќе секне мотивираноста од другиот вид, па тогаш ќе застанат до вас како досегашни невидливи ангели чувари и дамнешни поддржувачи на вашиот „лик, збор и понекогаш и дело“, со насмевка од свои до комшиските уши, за да  види светот дека постојат.

Ова мое кратко обраќање,  патетично, според поранешните обраќања, и уште попатетично за нечии чувствителни очи, е посветено на сите што не наоѓаат сила и храброст да се изразат јавно и да се обратат кон секој еден што мислат дека треба. Знаете, за парче леб никој не умрел. Ама се умира по малку секој ден кога се премолчува вистината.

Бидете досадни и патетични. Како што сум јас, секој ден, а посебно денес.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вистинаМакедонијаразочарувањеслободно изразувањестрав
Share113Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result