• Latest
Ерол Шакири

Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

December 26, 2025

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава

December 26, 2025 15:06
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Ерол Шакири

Ерол Шакири

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ ШАКИРИ

Постојат неколку добри светски примери за повратна миграција (Ирска, Полска, Естонија, Јужна Кореја) и знаете што им е заедничко, ниту една од овие земји тоа не го постигнала со патриотска реторика и морални апели туку со економска логика и функционални институции. Постојат и низа други фактори секако, но ниту во еден случај фактор не бил ниту пак ќе биде некаква си патетична „патриотска“ пропаганда. Повратната миграција е последица, не е политика. Иселеникот споредува тоа што моментално го живее со тоа што му се нуди како опција (во случај да се врати), значи правиме споредба помеѓу Европа, Америка, Канада и Австралија наспроти „последната дупка на Балканот“. Конкурентни плати? Еднаква примена на закони? Предвидлива даночна политика? Функционално здравство? Независно судство? Квалитетно образование? Јавна инфраструктура? Транспарентна администрација? Реална борба против корупција? Реални можности за вработување наспроти клиентелизам и партиско вработување? ШТО НУДИТЕ од горенаведеното?

Ќе го разберам повикот како таков, ќе ја разберам идејата, ќе го разберам и емотивниот аспект на сето тоа (под претпоставка дека постои), доколку во државава навистина нудевме барем нешто од ова. Во овој случај повикот „вратете се“ не само што е празен, туку е навредлив, лицемерен и длабоко неконзистентен. Логичката неконзистентност се состои во тоа што упатувате повик да се вратат иселениците додека се соочувате со континуирана масовна имиграција. Не само што одливната логика не запира, таа се зголемува, менувајќи ја во исто време формата, односно причината. Од економска емиграција, или од „земање бугарски пасоши од економски причини“ дојдовме до тотално отуѓување од сопствената држава, а тоа е чувството кога државата или системот повеќе не те претставуваат. Преку губење на довербата и приврзаноста кон институциите или општеството (political disenchantment) дојдовме до political cynicism а тоа е кога доминира верувањето дека државата не работи во интерес на граѓаните, што е точно она што сега им се случува на младите. Повеќе од 70 проценти сакаат да си заминат и никогаш да не се вратат, а повеќето од половина од тие повеќе не си ја сакаат својата земја. Тој процес се вика decline in national identification, кога човек престанува да се идентификува со својата земја и народ, кога еден млад човек ќе ти каже дека повеќе не ја сака сопствената држава, тоа е најстрашното, а нас токму тоа ни се случува. Така да повикувањето на иселениците да се вратат додека државата масовно ги губи сопствените млади не е само комуникациски проблем туку и симптом, симптом на структурна криза. Тоа укажува дека проблемот не е поединечен, привремен или случаен туку дека самите основи на системот не функционираат, симптомот не е причината туку видливиот знак дека причината е многу подлабока.

Политолозите и социолозите ја идентификуваат структурната криза кога институциите формално постојат но суштински не работат, кога правилата се јасни на хартија но се непредвидливи во пракса, кога проблемите се повторуваат без разлика кој е на власт, а кај нас тоа е случај веќе 35 години. Тука постојано се „спроведуваат“ истите „реформи“, постојано се даваат истите ветувања, се создаваат истите кризи, истите наративи, истите „непријатели“, внатрешни или надворешни се пласираат во јавниот дискурс секогаш кога треба да се оттргне вниманието на јавноста од вистинските проблеми, од оние горенаведени.

Постои циклична повторливост на истите проблеми, кај нас 35 години времето поминува а суштински ништо не се менува. На недостатокот на перспектива, на системската неправда, на чувството дека трудот во оваа држава повеќе нема смисла, на недовербата во институциите, на селективната правда, на систем во кој „врските“ се перципираат како поважни од законот (всушност не е перцепција туку реалност), на недовербата како норма а не исклучок, државата возвраќа со „СТРАТЕГИИ“, стратегии на хартија без реална имплементација. И така тие безбројни најавени реформи што никогаш не завршуваат, тие безброј ветени проекти што никогаш не се реализираат доведоа до нормализација на нефункционалноста, доведоа до емоционалната отуѓеност од државата, до апатијата и политичкиот цинизам за кој напоменав погоре. Контролираниот наратив пак во медиумски контаминираниот простор ја уништија критичката маса која е движечка сила во секое општество и дојдовме до ситуација каде луѓето повеќе не се ни бунат, или се повлекуваат или си ОДАТ.

Поводот за оваа колумна сепак не е констатацијата или поставувањето дијагноза на моменталната состојба во која се наоѓа нашето општество затоа што таа на сите нам ни е позната туку да посочам уште еден пример како државата/власта работи во корист на сопствената штета.

Имено, по налог на владата Управата за Јавни Приходи (УЈП) отвора предмети за присилна ретроактивна наплата на данок на доход за лица кои низ годините работеле во странство а приходите им доспевале во македонски банки. Законски не можеле да се вратат повеќе од 5 години и затоа периодот за наплата започнува од 2020 година, а да можеле секако ќе се врателе уште десетина години наназад. Ова е преседан, ниту една влада досега не посегнала по овие пари, а се сменија многу од 2005 до сега. Веројатно затоа што моменталниот буџет е во „одлична“ кондиција, веројатно затоа што сме „третата економија, одма после Данска“, веројатно затоа што имаме „најниска инфлација“ во Европа, многу веројатности постојат, но тука ќе се задржам на два аспекти, законскиот и моралниот.

На седница на собранието одржана на 24 Декември 2018, Указ број 08-7419/1, потпишан Талат Џафери Претседател на Собрание, Ѓорѓе Иванов Претседател на РМ се прогласува Законот за данок на личен доход. Според тој закон под даночен обврзник (кој треба да е резидент на РМ), Член 5, Став (3) се вели: „Резидентот има престојувалиште ако на територијата на Република Македонија престојува непрекинато или со прекини повеќе од 183 дена или повеќе денови во кој било 12-месечен период“.

Кога се донесе овој закон, дојдовме и се информиравме во УЈП од каде не известија дека не подлежиме на данок токму поради овој член за сега ретроактивно се бараат средства кои ги немаме. Сите ние кои заминавме да работиме во странство (убаво звучи, но вистината е грда, заминавме во воени зони, Ирак, Авганистан, Сомалија) бевме повеќе од 183 дена надвор од РМ (во просек 300 дена бевме надвор, околу 60 дена во Македонија). Официјалната патна исправа (пасош на РМ) според УЈП не е валиден документ за да се докаже нашето отсуство од државата!? Одиме чекор понатаму, се обраќаме до Бирото за Јавна Безбедност, оддел за гранични работи и миграција да ни дадат потврда дека во тој период сме биле надвор од државата и погодете што, системот автоматски ги брише податоците најверојатно после 3 години така да тој документ не може да се извади.

Што е следно, да доставиме документ од Сомалија, Ирак или талибанската власт во Авганистан можеби, не само за престој туку и за условите под кои ние сме биле и работеле во тие земји. Република Северна Македонија можеби се грижи дали со парите заработени од американските даночни обврзници сме платиле данок на Сомалија или Авганистан!? Да повторам, ниедна влада до сега не посегнала на ваков потег и ова е еклатантен пример за сето горенаведено, се јавува чувството на неправда, чувството дека државата не е тука да ги заштити интересите на своите граѓани, чувството на немоќ да аргументирате и се борите против еден систем кој е трул во неговата основа.

Пред да говорам за моралниот аспект сакам на читателите да им објаснам една огромна разлика помеѓу квази патриотите што практицираат власт и илјадниците граѓани кои заминавме во војна и со право се сметаме за вистински патриоти. Додека едните со наши пари се богатеа и богатат (тендер патриоти) и купуваат капитал надвор од државата ние донесовме милијарди долари странски пари во Македонија. Секој долар заработен е донесен и инвестиран во оваа држава со што придонесовме за одржување и развој на каква таква локална економија.

Прашајте го градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој и самиот работеше во Ирак како тоа негово Куманово се разви, дали со политики на некоја локална или централна власт или со парите од илјадниците кумановци работејќи по овие воени зони, пари заработени со пот, но и со крв. За сега повторно оваа наша „сакана“ држава да ги компензира нејзините недостатоци од маката на оваа група граѓани. Десетина дена сум во контакт со колеги (кои работевме заедно) од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и истражувам дали некоја власт во овие држави во минатото или сега посегнала по овие средства, се разбира дека не драги мои, се разбира дека не.

Сега доаѓаме до моралниот аспект кој за мене е многу побитен. Нашата сакана држава Македонија пред повеќе од петнаесетина години не доведе во ситуација за да преживееме и можеме да ги издржиме нашите семејства да мораме да заминеме во овие воени зони, никој од нас не замина дека му беше ситуацијата во ред. Тоа што ние го проживеавме во Ирак, Авганистан, Сомалија и ред други африкански земји, тоа вие господо од власта не сте го виделе ни во холивудските филмови. Дали го знаете чувството кога додека спиете во контејнер на десетина метри од вас удира граната и ова не еднаш туку секој ден? Дали ви е познато чувството кога ќе разберете дека еден од вашите колеги е убиен дента, или дека ракета усмртила четворица во автомобил во движење?

Дали можете барем малку да го доловите чувството кога на десетина метри од вас самоубиствен напад разнесува на парчиња двајца од вашите блиски колеги? Дали можеби сте биле во ситуација денот пред да одите назад на работа ги гледате вашите деца додека спијат и плачете и се молите на Господ да ги видите повторно? Дали сте ги виделе солзите на вашите мајки, татковци, сопружници, браќа и сестри во моментите кога ве испраќаат, дали ја разбирате тежината на тие солзи? Дали знаете дека покрај тие што ги загубија животите таму, ние што останавме живи сме со трајни последици, дали знаете дека скоро сите сме дијагностицирани со ПТСД? Дали знаете дека мака мачиме со години да си го вратиме животот во нормала, што во основа е невозможно? Дали мислите дека државата ни понуди некаква помош за нашите жртви? Реторички се ова прашања!

Нашите деца пораснаа без нас, нашите стари заминаа без ние да бидеме тука, пропуштивме родендени, слави, празници, погреби, донесовме многу пари во државата останувајќи со трајни последици за сега повторно ние да ги плаќаме вашите тендери. Е затоа сме таму кај што сме, затоа ќе остане ова држава на духови, држава на пензионери и партиски стаорци ухлебани за државна цицка. Затоа прашањето на мигранти како работна сила не е тема за дискусија туку е нужност. Затоа повикот до иселениците е лицемерие и навреда, навреда за сите нас кој останавме.

Совет за тие кумановци што денеска протестираа, другари, не гледам полза, испеана е песната.  Немате ни поддршка, немате ни солидарност таа е одамна изгубена, немате кој да ве заштити, немате кој да ве претстави, немате кој да ве објави побогу. Продајте што имате, платете го данокот меѓу другото за да не останете должни и време е, знаете за што!

Текстот е личен став на Авторот.

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ