Во нов пост на социјалната мрежа X, поранешната српска премиерка и актуелна претседателка на Собранието, Ана Брнабиќ ги обвини „медиумите под влијание на Шолак“ дека се „екстремисти кои се залагаат за насилна промена на власта“, тврдејќи дека тоа го прават „заради бизнис интересите на Драган Шолак“, кој, како што наведува, „ги продал за 1,6 милијарди евра“.
Покрај тоа, Брнабиќ повторно го користи терминот „обоена револуција“ и ги повикува институциите да одговорат на „повиците за насилство“. Нема докази за ниту едно од овие тврдења, наведува N1.
Mediji pod Šolakovim uticajem više ni ne kriju da sa novinarstvom nikave veze nemaju, već da su ekstremisti koji zagovaraju nasilnu smenu vlasti. Važno je, ponovo, napomenuti da oni pozive na nasilje na ulicama zagovaraju samo i isključivo zato što je to u poslovnom interesu… pic.twitter.com/e0nCj8MvKI
— Ana Brnabic (@anabrnabic) October 6, 2025
Драган Шолак не е мнозински сопственик на United Group – од 2019 година, мнозинскиот пакет го држи инвестицискиот фонд BC Partners со седиште во Лондон, кој ги носи сите клучни одлуки. Шолак е малцински акционер и не може самостојно да ја продаде компанијата, ниту самостојно да генерира приходи од продажбата на SBB, како што алудира Брнабиќ. Сето ова е потврдено неколку пати во документите за структурата на сопственост.
Обвинувањата дека медиумите N1 и Nova повикувале на насилство против претседателот или на „уривање на уставниот поредок“ никогаш не биле поткрепени со факти. Напротив, новинарите на нашите медиуми постојано биле мета на закани, напади и оркестрирани кампањи поради нивното професионално известување.
Терминот „обоена револуција“ е дел од политичкиот наратив што го користи владата за да го претстави секој граѓански бунт и критичкото новинарство како странски обид за дестабилизација на државата. Тврдењата што ги изнесе Брнабиќ не се само политичка реторика – тие се дел од поширока кампања за дискредитација на независните редакции и новинари.
Фактите се едноставни:
Шолак не можеше да ја продаде United Group или нејзините медиуми.
N1 и Nova никогаш не повикуваа на насилство.
„Обоените револуции“ постојат само во реториката на властите.
Сè друго е – опасна политичка пропаганда, потенцираат од N1.
Д. Мишев