• Latest
Добро утро со Орданоски

Бројот на уапсени допрва ќе расте

December 5, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Бројот на уапсени допрва ќе расте

December 5, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]олека се соголува суштината на политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Македонија: или осомничените и обвинети криминалци од таа партија ќе бидат пуштени на слобода (за да немало „реваншизам“); а ако не, партијата на Фамилијата ќе ги блокира крстосниците и ќе ги бојкотира сите институции кои се битни за носење одлуки за иднината на Македонија (буџет, реформи, евро-атлантски интеграции итн.) на централно (Македонско собрание) и на општински нивоа (совети на општините). Во тој или-или избор, тие, како некаква концесија кон Македонија, предлагаат закон за сопствена амнестија!

Занимливо, партијата се одлучува за политички бојкот и блокирање на правната држава и државата, воопшто – но, не ги повикува своите членови, на пример, во знак на протест, да ги напуштат државните институции во кои стотици нивни функционери сé уште се комотно вработени.

Со тоа продолжува политиката на ВМРО-ДПМНЕ да се држи Македонија во продолжено заложништво на интересите на криминалната Фамилија, нешто што го практикуваа долга низа години пред да паднат од власт. Целата партија самата се претвори во национално злосторничко здружение, еден вид на колективен партиски терорист со сите карактеристики за таквите злодела: држат заложници (граѓаните на Македонија), отворено се закануваат кон јавниот ред и поредок, бараат „откуп“ (амнестија!) за да нé ослободат од нивното заложништво. Си ги бараат и пасошите назад, за да го напуштат местото на злосторот. Мислам дека наскоро, преку преговарачот Хорхе, ќе побараат хеликоптер што ќе ги пренесе до аеродромот „Киро Глигоров“, за од таму со авионот на оној рускиот бизнисмен да одлетаат во непознатиот правец на исток.

За растечкиот криминален карактер на ВМРО-ДПМНЕ многумина предупредуваа и пред оваа ситуација. Бројот на осомничени и притворени функционери на таа партија, од различни нивоа на нејзините национални и локални структури, постојано расте. И ним и нам, на сите ни е јасно дека оваа тенденција ќе продолжи, без точно да може да се процени колку стотици и илјадници раководители на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат осомничени и гонети за различни видови, главно тешки, кривични дела, сите предвидени со законите во државата Македонија.

Како што тргнале работите, ризикуваат кривичните обвиненија за „тероризам“, да се преквалификуваат во – „геноцид“, против сопствениот народ.

Оваа уцена со „заложничкава драма“ не делува нелогично или политички незамисливо. Луѓето со години се утепаа од крадење и различни други злоупотреби, без никакви последици, и сега кога правната држава почнува да функционира, нејзините функционери, откако пропадна реалниот обид за државен удар, сакаат да спроведат „државен удар“ со политички средства, да ја задушат државата со „перницата“ на своето бојкотирање, за да се спасат од сопствениот кривично-правен прогон. Велам, сосема разбирливо.

Одговорот на тоа треба да биде стрплив, крајно демократски, според принципите и правилата на правната држава: СИТЕ ОСОМНИЧЕНИ ДА СЕ АПСАТ! Да им се овозможи фер судење, по цена тоа навистина да ја одложи нашата евро-атлантска интеграција и реформите кои ќе значат подобар живот за граѓаните на Македонија.

Можеби сум единствениот со вакво мислење во државата, но јас би ја одложил евро-атлантската перспектива на Македонија за сметка на воспоставувањето правна држава. Всушност, мислам дека е тоа лажна дилема: нема евро-интеграција БЕЗ правна држава.

Во таа смисла, мојот предлог за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ е тоа да биде управникот на затворот во Идризово. На таа функција, него би можеле да го изберат и со доживотен мандат.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: администрацијаапсењабојкотВМРО-ДПМНЕдржавен ударкриминалНикола Груевскиправдатероризамфамилија
Share356TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ