За бугаескиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, непотребна провокација и правно апсурдна постапка е иницијативата за оцена на уставноста на протоколот од договорот за добрососедство со Бугарија, поднесена до уставниот суд од поранешната пратеничка, Лилјана Поповска.
Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува Република Северна Македонија (РСМ) да ги исполни своите обврски со добра намера, како што самиот Европски совет (ЕУ) постојано инсистира.
Во писмо испратено до шефовите на европските дипломатии, високата европска претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Карта Кос, Георгиев предупредува дека оваа иницијатива претставува уште еден проблем кој властите во скопје сами го создаваат властите, со сериозни импликации за европската перспектива на Македонија.
Георг Георгиев – министер за надворешни работи на Бугарија: „Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра намера, на што самиот Европски Совет постојано инсистира. Остануваме на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска Унија. “
Тој тврди и дека иницијативата е поднесена во координација со владеачката ВМРО ДПМНЕ, како уште еден изговор за да не бидат спроведени обврските кон ЕУ. ..Во писмото порача и дека официјална Софија нема да прифати никакви промени на протоколот од 2022-та година, независно од политичките или правни процеси во македонија.
М. Д.