• Latest

Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

January 17, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРАВДА

Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

Кривичниот законик не смее да се претвори во инструмент на моќта, порача проф. д-р Ана Чупеска на јавната расправа во Собранието, нагласувајќи дека правдата е заедничко демократско добро, а не привилегија на елитите.

January 17, 2026 12:16
in ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани присутни, колеги, претставници на законодавниот дом, но пред сè – почитувани граѓани,

Дозволете ми да почнам со една фундаментална политичка вистина: Кривичниот законик не е само збирка на правни норми – тој е најексплицитниот израз на општествениот договор помеѓу државата и поединецот.

Како доктор по политички науки, моја должност е да ве потсетам дека овој закон е метар за нашата колективна слобода и крајната граница на државната репресија. Кога се менува Кривичниот закон, не се менуваат само членови и ставови; се редефинира границата до која државата смее да посегне по човековата судбина. Правдата не е, и никогаш не смее да биде, ексклузивен имот на тесна каста правни специјалисти или техничари на правото. Таа е заедничко политичко добро, имунолошкиот систем на едно општество против корупцијата и девијациите. Затоа, секој свесен граѓанин има не само право, туку и морален императив да го деконструира овој текст.

Правдата не е имот на правниците, туку заедничко добро на граѓаните.

Не мора да бидете „кривичар“ за да препознаете кога правото престанува да биде штит на граѓанинот и се трансформира во инструмент на моќта и заштитник на политичките елити. Мојата позиција овде извира од одбраната на демократските принципи врз кои почива оваа држава. Ако овој закон ја губи својата етичка суштина, тој престанува да биде закон и станува обичен декрет на сила.

Анализата на овој предлог ги разобличува неговите структурни дефицити, дефинирајќи го како „задоцнета правда“ и „правна козметика“ која не само што не ја поправа штетата врз владеењето на правото, туку отвара нови патишта за репресија и безбедносен популизам. Предлог-законот од декември 2025 година е само една „брза реакција на бавна криза“. Неговите суштински дефекти го прават ранлив на оспорување пред меѓународните инстанции, бидејќи служи повеќе за задоволување на формалните барања на ЕУ и Решението на Уставниот суд 58/25, наместо за суштинско враќање на правдата.

Бришењето на „предлогот“ кај семејното насилство е козметика ако државата не гони по службена должност.

Во моето денешно излагање, ќе ги разобличам клучните столбови кои го прават овој предлог демократски спорен:

  • Свесното амнестирање на службените злоупотреби преку перфидни јазични замки и субсидијарни клаузули;
  • Нападот врз сопственоста на граѓаните преку елиминација на судската дискреција (слободно судијско убедување) и пропорционалноста – балансот помеѓу јавното добро и интересот кој се заштитува наспроти соодветноста на казнените мерки кои државата ги определува;
  • Несообразноста со европските директиви и меѓународните конвенции како Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата;
  • Институционалниот страв на елитите да се соочат со потеклото на сопствениот имот преку апсурдни временски ограничувања;
  • Опасноста од злоупотреба на новите технологии како средство за масовен надзор над граѓаните под параванот на безбедноста;
  • Фискалниот и институционалниот дефицит кој овој закон го прави само една празна, популистичка школка.

Без СЕРИОЗНА АМАНДМАНСКА РЕВИЗИЈА, овој предлог ќе се претвори во инструмент за правен популизам кој ги жртвува фундаменталните права за сметка на краткорочни политички поени.

Детална анализа по членови

Член 130: Повеќе од само бришење на „предлогот“ – Потреба од гонење по службена должност

Морам да истакнам дека во членот 130 интервенцијата ви е само делумна. Значи, тука само се брише делот за жртвата да поднесе „предлог“ за кривично гонење што значи дека повеќе нема ограничување да мора само жртвата да поднесе предлог како услов сторителот да се гони кривично. (демек нема повеќе да биде врзано со предлог).

НО, тоа е само првиот и недоволен чекор. Во одредбата треба експлицитно да се наведе дека гонењето може да биде и по службена должност!!! Ваквото јасно наведување на можноста органите на прогон самостојно да го сторат тоа наметнуваат и очевидна обврска тие да не бидат пасивни при соочување со случаи на семејно насилство. Целта е, почитувани, да НЕ ни се случуваат повеќе Росици!

Член 353: Јазична гимнастика за неодговорност

Мораме отворено да запрашаме: зошто во членот 353 став 1 свесно се ограничувате исклучиво на „имотна корист“? Со предлогот е исфрлена клучната намера „на друг да му се нанесе штета“. Пред 2023 година имавме широк поим „некаква корист“, кој сега во 2025 се сведува на „некаква имотна корист“. „Корист“ во оваа смисла може да биде и права врз нешто, сопственост, плодоуживање, користење и милион други работи од граѓанското право. Корист може да биде и незаслужено вработување, назначување, избор и слично.

Не градете правна тврдина за функционерите додека народот го казнувате со камери.

Што ако функционер ви го уништи животот, ви ја затвори фирмата или ви ја уништи кариерата со одлука која нему не му носи директно пари во џебот, но вам ви нанесува фатална штета? Или на оштетениот му ги спречи или ограничи правата за нешто од позиција на државен авторитет? Според овој предлог, тој би бил заштитен. Субсидијарната клаузула — дека потешкото дело ќе ги повреди правата на друг ако не се исполнети други обележја — останува мртво слово на хартија, исто како и во несреќните измени од 2023 година. Ова е правна тврдина за заштита на функционерите.

Член 98-а: Имотот и „Магичната граница“ од пет години

Иако членот 4 се повикува на Директивата (ЕУ) 2024/1260, формулацијата дека „судот е уверен“ е премногу субјективен и опасен стандард кој води кон арбитрарност. Но, она што е навистина скандалозно е временското ограничување за конфискација на имот на само пет години наназад.

Корупцијата не застарува за пет години во свеста на овој народ.

Дали криминалот застарува во моралната свест на овој народ за пет години? Што ако некој се збогатил на грбот на државата пред седум, десет или дванаесет години, а дури денес го откриваме? Со овој закон, тој е „чесен граѓанин“. Ако навистина имате политичка волја за правда, зошто границата не е 15 години? Па дури и од 1991 година! Ајде да го провериме потеклото на имотот од почетокот на транзицијата, од првата приватизација до денес, па да видиме кој како стекнал хациенди додека обичниот граѓанин едвај преживуваше. Ова ограничување е капитулација пред корупцијата и директно ги крши препораките на Конвенцијата на ОН против корупцијата (UNCAC) за ефективни и одвраќачки санкции.

Член 300-б: Сообраќајната безбедност vs. Репресивниот популизам

Облигаторното одземање возило со зборовите „ќе се одземе“ е директен атак врз судиската дискреција. ЕСЧП во случаите Јајлали против Србија и Маркус против Латвија е дециден: задолжителната конфискација која не дозволува судијата да изврши оцена на пропорционалноста е повреда на правото на сопственост.

Каде се процедуралните гаранции за трети лица (bona fide сопственици) да ја докажат својата чесност во брза постапка, како што налага случајот Б.К.М. Ложистик против Словденија (B.K.M. Lojistik v. Slovenia)? Недостасува подетална нормативна доработка на овој дел, која би можела одземањето на возилото да го ограничи на 6 месеци на пример, ако се повтори делото на 1 година, па потоа трајно. Вака, е многу неодредено и изложена на волунтаристичко одлучување.

Проектот „Безбеден град“ и ризикот од масовен надзор

Измените во чл. 297-а, 300-а и 300-б се техничка подготовка за автоматско казнување преку 65.000 камери. Постои реален ризик казнувањето во сообраќајот да стане параван за легализација на масовен надзор без соодветен судски налог. Тоа е директна повреда на правото на приватност (Член 8 од ЕКЧП). Мораме да ги заштитиме граѓаните преку доработка на оваа одредба со предвидување на контролни тела и механизми за да нема злоупотреба.

Буџетскиот лавиринт и ГРЕКО

Предлагачот тврди дека законот нема фискални импликации. Тоа е суштинска неточност. Судството ни преживува со 40% до 60% од потребниот буџет. Како што нагласува ГРЕКО во извештајот од март 2025 година, без дигитални бази и форензичари, овој закон е само „мртво слово на хартија“. Административните санкции за функционерите се веќе нефункционални, а овој закон само ја продлабочува таа институционална дупка.

Заклучок

Почитувани, овој предлог-закон во сегашната форма е инструмент за правен популизам кој ги жртвува фундаменталните права за политички поени. Ја сакаме безбедноста и државата без корупција, но патот до таму не води преку штитење на минатото и репресија врз граѓаните. Без СЕРИОЗНА АМАНДМАНСКА РЕВИЗИЈА, ова ќе остане само „правна козметика“ на една длабока криза на правдата.

Ви благодарам.

Проф. д-р Ана Чупеска е професорка на Правен Факултет, УКИМ, доктор по политички науки и член на научниот совет на FEPS, Брисел.

ЦИВИЛ МЕДИА | CC BY 4.0 (Creative Commons Attribution 4.0 International)

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ