• Latest
Добро утро со Орданоски

Да не го мести некој струмичанецот?

November 22, 2017
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да не го мести некој струмичанецот?

November 22, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]ден бивш висок југословенски, а потоа и македонски дипломат, одамна починат – кој својата врвна дипломатска кариера ја градеше и со сесрдна помош на УДБА – уште на времето ми има кажувано дека и Тито, кога влечел потези околу Македонија, со „едното око“ секогаш внимавал на реакциите на Софија. Таа регионална „игра со нежни кристали“ околу Македонија трае стотина и кусур години и не е престаната ни до денеска. Сетики нешто се подзаматува и бистри, се преточува, се ферментира и подзоврива, а температурата и концентрацијата на исцедокот се мери и премерува со најделикатните аптекарски ваги.

Во едни такви „лабораториски“ услови, иницијативата за „посвојување“ на МПЦ од страна на БПЦ делува како со запалена цигара да шетате во кинеска фабрика за петарди! Тоа не е и никогаш и не било само верско-канонско прашање, туку и чувствително геополитичко придвижување во нежниот баланс на силите во регионот. Со оглед на политичките влијанија што ги имаат ултранационалистичката Српска и, особено, Грчка православна црква во, респективно, политиките на Србија и Грција, за очекување е дека вознемирувањата во тамошните верски кулоари наскоро ќе се прелеат накај политичките кујни. Од таа работа аир никој нема да види.

Се плашам дека дел од нашите соседи не се подготвени на „дозата на нормализирање“ на односите на Балканот што силовито ја заговараат Европската Унија и сегашната Македонска влада. Таа, за нас, задоцнета офанзива им се гледа наврапита, нејасна, а тие во принцип не сакаат брзо менување на распоредот на фигурите на балканската шаховска табла на која се игра не со два, не со четири, туку со шест пара црно-бели фигури, истовремено.

Според тоа, ако сакаме мудро да ја одиграме оваа ретка историска шанса што сега ја имаме, мора до крај да се внимава во изборот на приоритетите на потезите што ги влечеме. И кој го прави тој избор. На пример, чија е, точно, идејата за овој, бездруго, контроверзен потез на МПЦ, баш сега?

Наизглед, целата иницијатива на МПЦ се вклопува во наглото затоплување на односите меѓу Скопје и Софија; ама, истовремено, како да е створена да предизвика и сосема обратен ефект.

Нервозата заради „бугарашење“ во дел од македонската јавност (и тоа без јасна партиска афилијација, и покрај пироманските квази-патриотски „потпалувања“ од ВМРО-ДПМНЕ) од потпишувањето, а допрва и од ратификацијата, на македонско-бугарскиот договор за пријателство и соработка, и без овој потез на МПЦ, е доволно голема. Знаеме, во минатото, големи инвестиции се беа направиле (во кадри, во пари, со фризирани истории и научни симпозиуми и многу други интереси) за Македонија и Бугарија да се одржуваат во напнати и, повремено, непријателски односи. Таа долгогодишна „бруцелоза“ нема да се излечи со дополнително лаживче рибино масло.

Од друга страна, потезов реално е „прст во око“ на СПЦ, а таму и онака се преплашени од „македонското сценарио“ за дестабилизација на Србија, со сите развиени конспирации кои само Србите се способни да ги измислат на Балканот. Да не ве лаже воената музика истопорена вчера во Белград.

Грците и така се клатат помеѓу опцијата дали малку повеќе или малку помалку да нѐ мразат, па само чекаат и мува да прелета за да се одлучат за првата опција.

Еве, Русите, од пристојност, нема ни да ги спомнувам.

Значи, ако баш ја т’нчиме, би можело да се тврди дека овој луксуз со МПЦ сега можеби и не ни беше неопходен. Особено кога другите евро-атлантски задачи ги извршуваме „по список“, и тоа бриселски, а не струмички. Или, можеби, оваа изненадувачка црквена екскурзија е токму поради тоа, што некој е вознемирен што евро-атлантската приказна ни врви толку добро?

Затоа и си мислам дека некој му го мести на струмичанецот. Освен ако тој, самиот, не помислил дека веќе толку добро плива низ балканскиве вртлози, што решил и без гаќи, грбно, да се брцне во вода?!

Затоа и велам: а, да се вратевме на приоритетите?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: БПЦБугаријавладаГрцијадоговор за пријателство и соработкаЕУЗоран ЗаевЈугославијаМПЦПравославна цркваРусијаСПЦСрбијаТитоУДБА
Share384TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ