• Latest
Добро утро со Орданоски

Да не го мести некој струмичанецот?

November 22, 2017

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да не го мести некој струмичанецот?

November 22, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]ден бивш висок југословенски, а потоа и македонски дипломат, одамна починат – кој својата врвна дипломатска кариера ја градеше и со сесрдна помош на УДБА – уште на времето ми има кажувано дека и Тито, кога влечел потези околу Македонија, со „едното око“ секогаш внимавал на реакциите на Софија. Таа регионална „игра со нежни кристали“ околу Македонија трае стотина и кусур години и не е престаната ни до денеска. Сетики нешто се подзаматува и бистри, се преточува, се ферментира и подзоврива, а температурата и концентрацијата на исцедокот се мери и премерува со најделикатните аптекарски ваги.

Во едни такви „лабораториски“ услови, иницијативата за „посвојување“ на МПЦ од страна на БПЦ делува како со запалена цигара да шетате во кинеска фабрика за петарди! Тоа не е и никогаш и не било само верско-канонско прашање, туку и чувствително геополитичко придвижување во нежниот баланс на силите во регионот. Со оглед на политичките влијанија што ги имаат ултранационалистичката Српска и, особено, Грчка православна црква во, респективно, политиките на Србија и Грција, за очекување е дека вознемирувањата во тамошните верски кулоари наскоро ќе се прелеат накај политичките кујни. Од таа работа аир никој нема да види.

Се плашам дека дел од нашите соседи не се подготвени на „дозата на нормализирање“ на односите на Балканот што силовито ја заговараат Европската Унија и сегашната Македонска влада. Таа, за нас, задоцнета офанзива им се гледа наврапита, нејасна, а тие во принцип не сакаат брзо менување на распоредот на фигурите на балканската шаховска табла на која се игра не со два, не со четири, туку со шест пара црно-бели фигури, истовремено.

Според тоа, ако сакаме мудро да ја одиграме оваа ретка историска шанса што сега ја имаме, мора до крај да се внимава во изборот на приоритетите на потезите што ги влечеме. И кој го прави тој избор. На пример, чија е, точно, идејата за овој, бездруго, контроверзен потез на МПЦ, баш сега?

Наизглед, целата иницијатива на МПЦ се вклопува во наглото затоплување на односите меѓу Скопје и Софија; ама, истовремено, како да е створена да предизвика и сосема обратен ефект.

Нервозата заради „бугарашење“ во дел од македонската јавност (и тоа без јасна партиска афилијација, и покрај пироманските квази-патриотски „потпалувања“ од ВМРО-ДПМНЕ) од потпишувањето, а допрва и од ратификацијата, на македонско-бугарскиот договор за пријателство и соработка, и без овој потез на МПЦ, е доволно голема. Знаеме, во минатото, големи инвестиции се беа направиле (во кадри, во пари, со фризирани истории и научни симпозиуми и многу други интереси) за Македонија и Бугарија да се одржуваат во напнати и, повремено, непријателски односи. Таа долгогодишна „бруцелоза“ нема да се излечи со дополнително лаживче рибино масло.

Од друга страна, потезов реално е „прст во око“ на СПЦ, а таму и онака се преплашени од „македонското сценарио“ за дестабилизација на Србија, со сите развиени конспирации кои само Србите се способни да ги измислат на Балканот. Да не ве лаже воената музика истопорена вчера во Белград.

Грците и така се клатат помеѓу опцијата дали малку повеќе или малку помалку да нѐ мразат, па само чекаат и мува да прелета за да се одлучат за првата опција.

Еве, Русите, од пристојност, нема ни да ги спомнувам.

Значи, ако баш ја т’нчиме, би можело да се тврди дека овој луксуз со МПЦ сега можеби и не ни беше неопходен. Особено кога другите евро-атлантски задачи ги извршуваме „по список“, и тоа бриселски, а не струмички. Или, можеби, оваа изненадувачка црквена екскурзија е токму поради тоа, што некој е вознемирен што евро-атлантската приказна ни врви толку добро?

Затоа и си мислам дека некој му го мести на струмичанецот. Освен ако тој, самиот, не помислил дека веќе толку добро плива низ балканскиве вртлози, што решил и без гаќи, грбно, да се брцне во вода?!

Затоа и велам: а, да се вратевме на приоритетите?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БПЦБугаријавладаГрцијадоговор за пријателство и соработкаЕУЗоран ЗаевЈугославијаМПЦПравославна цркваРусијаСПЦСрбијаТитоУДБА
Share417Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ