Имено, по налог на владата Управата за Јавни Приходи (УЈП) отвора предмети за присилна ретроактивна наплата на данок на доход за лица кои низ годините работеле во странство а приходите им доспевале во македонски банки. Законски не можеле да се вратат повеќе од 5 години и затоа периодот за наплата започнува од 2020 година, а да можеле секако ќе се врателе уште десетина години наназад. Ова е преседан, ниту една влада досега не посегнала по овие пари, а се сменија многу од 2005 до сега. Веројатно затоа што моменталниот буџет е во „одлична“ кондиција, веројатно затоа што сме „третата економија, одма после Данска“, веројатно затоа што имаме „најниска инфлација“ во Европа, многу веројатности постојат, но тука ќе се задржам на два аспекти, законскиот и моралниот.
Ерол Шакири, во колумната “Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава “, 26 декември 2025.
Барате повратна миграција, добивaте отуѓеност од сопствената држава















































