• Latest
Илустрација: „Монолог“ - Џ. Дерала

„Дебата“ за гушење на дебатата!

February 1, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Дебата“ за гушење на дебатата!

February 1, 2016 12:50
in Uncategorized
Илустрација: „Монолог“ - Џ. Дерала

Илустрација: „Монолог“ - Џ. Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Груевски ја повлекол одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да продава државен имот, културно наследство, нешто што им припаѓа на сите граѓани. Имал „слух за граѓаните“, односно,  во превод, „врховниот водач“, кој иако во моментов нема државна функција пали и гаси во државните институции, се смилостивил.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Можеби воочил дека има разлика – меѓу вистинскиот, и оној “постариот и поубав” гипс-картон барок ил неокласицизам? Или, пак, што е поверојатно, воочил дека во Битола, со ваквите потези на неговата врхушка и партија, се тенчи бројот на гласови. Затоа, наместо “народот да одлучи на 24 април за Офицерскиот дом”, си одлучи пастирот, обидувајќи се да ја минимизира штетата од циркусот.

И одлуката дека Земјата е рамна плоча, се повлече. Откога јавноста ја исмеа, испадна дека таа не била став, туку отворање “дебата”. Логична дебата, која е неопходна токму во овој миг, бидејќи сите останати проблеми на Македонија се решени.

Оттука, јасно е дека самиот избор на вакви теми за циркус и замајување на јавноста, е најава за тоа што следува – обид за претворање на нашата јавност во поле, нива а богами и бавча за циркуска “дебата”, во чиј шум ќе треба да се угуши голотијата на пастирот и началниците, свесноста за нивните криминали и нивниот недостаток на аргументи – наспроти сѐ погласната и поартикулирана критика во општеството.

Таа дебата ја гледаме секојдневно и на други теми: на една страна настрвените и “елоквентни” режимски мегафони, на друга страна студентки, средношколки, новинари, активисти, граѓани обични и необични – кои, замислете, се дрзнале да мислат поинаку. Тоа е таа дебата, која ѝ се сервира на јавноста, како дебата меѓу “две страни”, меѓу “едните и другите”. А всушност, е дебата помеѓу инквизицијата и нормалните луѓе.

Викендов во Охрид имаше обид за таква дебата, т.е дискусијата на ЦИВИЛ за изборите да се претвори токму во таков циркус. Тимот на ЦИВИЛ се соочи со организиран „пречек“, при што „револтираните граѓани“, а всушност директори на јавни претпријатија, вработени во општината, партиски активисти , кои „спонтано“, во голем број дојдоа во неработен сончев ден на дебатата, упатија разни навреди и етикети кон активистите, т.е „странските платеници“.  И нѐ убедуваа дека погрешно гледаме и слушаме, и дека во Охрид отсекогаш имало само слободни избори.

Заборавија на хотел Магнус, на кражбата на гласовите на Нанче, на „екипите“ на Мартин кои „дисциплинираа“ на изминатите избори, на поткупувањето на сиромашните и ранливите, на сѐ она што од самостојноста па наваму го „краси“ гласањето на граѓаните, не само во Охрид….

Така ќе биде сѐ до изборите, “кога и да се одржат тие”, што би рекол пастирот. Ќе дебатираме, сочно, но за глупости, нелогичности, за работи за кои во нормални земји нема муабет, туку апс и одговорност. Или згрижување во соодветни установи.

За менито на овие дебати, сервирани од началничките кујни, нема да важат ниту Велигденските, ниту Рамазанските пости.

Затоа, спремајте вилиците, и загризете.

Tags: дебатазлоупотребиизборикриминалМакедонијанерегуларностиНикола Груевскипастирполитичка кризапритисоциЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ