ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР е јавен настан на ЦИВИЛ што ќе се одржи денеска во Велес, со почеток во 13 часот, во просториите на Europe House.
Локалните лидери во заедниците, граѓанските организации, претставниците на политичките партии и независните кандидати, институциите, медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да проследат неколку јавни пораки и презентација на проектот ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР – стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани во земјата, Западен Балкан и Европа.
Организацијата најави дека средбата ќе трае еден час, односно од 13 до 14 часот.
Настанот е дел од проектот Демократски навигатор што го спроведува ЦИВИЛ и е посветен на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, вклучително и во изборен контекст. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ЦИВИЛ Тим за комуникации
















































