• Latest
Виктор Орбан, Јанез Јанша и Никола Груевски, септември 2017 година. Во втор план е Никола Тодоров. Извор: ФБ профил на Никола Груевски

Десант за уривање на Зоран Заев

May 16, 2021

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Десант за уривање на Зоран Заев

May 16, 2021 09:46
in АНАЛИЗИ, ВЕКТОР, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Виктор Орбан, Јанез Јанша и Никола Груевски, септември 2017 година. Во втор план е Никола Тодоров. Извор: ФБ профил на Никола Груевски

Виктор Орбан, Јанез Јанша и Никола Груевски, септември 2017 година. Во втор план е Никола Тодоров. Извор: ФБ профил на Никола Груевски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Коњски скок“ е назив за операцијата Rösselsprung (потег во шахот) со која германскиот Вермахт, во соработка со усташите и четниците, се обиде да го зароби или ликвидира Јосип Броз Тито, на 25 мај 1944 година. Во југословенската историографија, операцијата е позната и како „Десантот на Дрвар“. Познат е и истоимениот југословенски црно-бел филм од 1963 година.

БОМБАСТИЧНОТО ОТКРИТИЕ НА ИФИМЕС

Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, во најновата анализа „Северна Македонија 2021 година: Дали ЕУ е пред нова историска грешка?“ (14 мај 2021), лансира едно бомбастично откритие за тајна разузнавачка операција за уривање на Зоран Заев.

„Аналитичарите предупредуваат на тајна разузнавачка операција, во меѓународните кругови наречена Коњски скок, која имала крајна цел да го врати Никола Груевски во Северна Македонија и да го урне постојниот политички естаблишмент“ – се тврди во анализата на ИФИМЕС, не наведувајќи за кои аналитичари се работи.

Ова тврдење, колку и да сака некој да го прими со резерви, можеби и да го прикаже како уште една теорија на заговорот, го објавува институт кој од 2018 година има консултативен статус при Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации. Кога се објавуваат вакви сознанија, не може прецизно да се наведат вистинските извори, без оглед на тоа колку за тоа постојат цврсти докази. Кога се работи за тајна разузнавачка операција, несомнено е дека барем дел од изворите се, исто така, разузнавачки. Во случајов, не е исклучено ни военото разузнавање и тоа од висок меѓународен калибар.

Во секој случај, јавно достапни се податоци за бројните средби и интензивната соработка и поддршка која своевремено е воспоставена меѓу Виктор Орбан, Јанез Јанша и Никола Груевски.

НОСТАЛГИЈА ПО НАЦИСТИЧКОТО МИНАТО?

Дали е случајно избрано кодното име на операцијата „Коњски скок“ или се работи за коинциденција со назив на воена операција од Втората светска војна за ликвидација на Тито? Нема причина да не е така, бидејќи стратезите кои стојат зад вакви операции, сигурно имаат општи познавања од историјата. Ако е така, лесно може да се претпостави какви убедувања и вредности имаат луѓето што го осмислиле новиот „десант“, овој пат, врз Зоран Заев и неговата проевропска влада.

И гротескно е, како во црн хумор, гледаме заговорници кои себеси се замислуваат како политички „наследници“ на нацистичките, усташките и четничките сили кои своевремено се обидоа да го ликвидираат Тито, а ја „заробија“ само маршаловата униформа во пештерата близу босанското гратче Дрвар. Дали Заев го доживуваат како Тито? Дали се работи за носталгија по нацистичкото минато? Ако е така, не одбрале добро кодно име – операцијата Rösselsprung беше неуспешна.

ПОЛИТИЧКО-МЕДИУМСКА ОПЕРАЦИЈА, КРАТОК ПРЕГЛЕД

Дека постои операција, барем политичко-медиумска, ако не и разузнавачка (шпионска), не мора да се користат ни извори од висок разузнавачки профил. Може да се набројат повеќе фази од протестите на почетокот од 2017 година, до најновите високи бранови на црната пропаганда деновиве.

Протестите веднаш по изборите во декември 2016 година, ги организираше ВМРО-ДПМНЕ пред Државната изборна комисија (ДИК). Неофицијално, милитантите на Груевски се шетале вооружени низ ходниците на ДИК, а надвор се држеа говори меѓу кои и оној на Валентина Божиновска во кој таа се закани со „ноќта на долгите ножеви“, а во пораките на транспарентите, меѓу другото, пишуваше „Бејли оди си дома“.

„Да ги поздравам бранителите. Оваа вечер е вечер на ножевите. Оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев… Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме: Елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион…“ – рече Божиновска на митингот пред ДИК, на 15 декември 2016 година.

Не треба да се заборави ниту кампањата „Стоп операција Сорос“ која доби и меѓународен карактер, а ја водеше пропагандната машинерија на Груевски, со помош од Будимпешта. Кампањата започна во Унгарија и беше спонзорирана под диктат на Орбан, но слични операции може да се сретнат и во други држави, вклучувајќи ги и САД. Пред да падне од власт, Груевски, по „повик“ од тогашниот состав на Антикорупциска (ДКСК), спроведе хајка против повеќе од 20 граѓански организации во земјава.

март, 2017

Поточно, тогашниот состав на ДКСК, на чело со Игор Тантуровски (инаку и приватен донатор на ВМРО-ДПМНЕ), во рок од само еден ден, ја прифатил претставката на тогашната владејачка партија во која се цитираат медиуми под нивна контрола, а кои „се жалат“ од невладините организации. Колку пригодно! Кругот е затворен. Потоа, почна хајката.

„Стоп операција Сорос“ и официјално се формира како граѓанско движење во јануари 2017 година.

Следеа протестите и митинзите на радикалната ултранационалистичка десница што ги поттикнуваше, организираше или искористуваше Фамилијата на чело со Груевски, скриена зад називот „Заедничка Македонија“ (иако тоа значеше „За етничка Македонија“), користејќи ја „Тиранската платформа“ како главен изговор, носејќи транспаренти „Предавници“, „Не во ЕУ“. Повеќе од четири месеци секој ден повикуваа на оружје, ликвидација на Зоран Заев и на другите „предавници и платеници“, бараа протерување на западните дипломати, правеа некролози…

Од својот кабинет на Водно, политичката марионета, екс-претседателот Ѓорѓе Иванов направи сè да не го даде мандатот за составување на влада на Зоран Заев, иако веќе постоеше договор за парламентарно мнозинство (тенко, но мнозинство).

НАРАТИВОТ НА ГРУЕВСКИ ПРЕД И ПО КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК

Груевски цврсто се држеше до наративот за „предавство“ на националните интереси со „Тиранската платформа“ и самоуверено, без нималку такт, ја вжештуваше атмосферата со инфламаторни повици. Така беше и во интервјуто за Сител (26 март 2017), кога на „неочекуваното“ прашање на новинарката дали унитарноста на државата е нападната, тој одговори потврдно и упати отворен повик:

„Сакам да им порачам на сите граѓани, дека ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија, дека некој друг ќе им ја одбрани државата, длабоко се во заблуда. Државата може во ваква ситуација, да ја одбрани само народот.“

Никола Груевски во ударен термин на ТВ Сител, со Славица Арсовска, 26 март 2017 година

Еден месец подоцна, следеше терористичкото загрозување на поредокот со крвавиот напад врз Собранието на 27 април 2017 година, познат и како Крвавиот четврток. Во толпата која ги нападна пратениците на тогашната опозиција и новинарските екипи, освен потврдени криминалци и насилници, имаше и маскирани полицајци, а меѓу нив беше и српскиот разузнавачки агент Горан Живаљевиќ, кој своевремено изјави дека таму бил по налог на советникот за национална безбедност на претседателот Иванов, Синиша Алексовски.

По неуспехот на нападот врз Собранието, Груевски негираше било каква поврзаност со насилствата. Како и многупати порано, тој ги пушти низ вода токму оние кои го послушаа и тргнаа да ја уриваат сопствената држава.

СВЕДОК НА ОДБРАНАТА

При сведочењето во судскиот процес за организаторите на крвавиот напад (11 февруари 2021), екс-претседателот Иванов ги негираше врските меѓу српскиот агент и неговиот советник, не знаел дека се подготвува напад врз Собранието, а плановите за прогласување воена состојба ги нарече небулоза. Сепак, не го скри фактот дека тој отворено и јавно ги поддржуваше протестите на „Заедничка Македонија“.

Бегството на Груевски, правосилно осуден во отсуство, во корупцискиот случај „Тенк“, го овозможуваат разузнавачко-безбедносни подземни структури и од земјава и од странство, вклучувајќи го соседството, на 11 ноември 2018 година. Но тој добива и институционална поддршка. „Правната рамка“ за добивање азил во Унгарија, на Груевски му ја овозможи Комисијата за антидискриминација, на чие чело тогаш се наоѓа Александар Даштевски, сега претседател на ДИК.

Даштевски се појавува и како сведок на одбраната во солунскиот суд кој одлучуваше по барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети во случајот „Таргет/Тврдина“ кои во Грција беа уапсени во обид да преминат граница со лажни бугарски пасоши. Грујевски и Бошковски не беа екстрадирани.

ОПЕРАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Операцијата продолжува со жестока кампања против Преспанскиот договор за решавање на македонско-грчкиот спор со името и Референдумот во 2018 година. Истото се случува и на почетокот од 2019 година, кога се гласаа уставните измени соодветно на Преспанскиот договор, кога радикалите се судрија со полицијата пред Македонското собрание. И маргиналниот „руски играч“ Јанко Бачев тогаш ја зграпчи шансата да се „прослави“ со качување на полицискиот хермелин веејќи руско, а не македонско знаме.

Јанко Бачев, поранешен припадник на службите за државна безбедност, лидер на политичката партија Единствена Македонија, со руско знаме се искачи на полицискиот хермелин (јануари, 2018)

Дел од подземните активности во тој период е и вбризгувањето милиони евра со непознато потекло преку унгарски фирми во медиумите кои се дел од проруската пропагандна машинерија, насочена против македонските евроатлантски интеграции. Истражувачкиот тим на словенечко „Нецензурирано“ на почетокот на 2020 година ги разобличи скандалозните линкови меѓу Никола Груевски со словенечкиот премиер Јанез Јанша и унгарскиот Виктор Орбан во т.н. „Операција Македонија“, како што тогаш пренесе Фронтлајн.

За пропагандната машинерија на Виктор Орбан и финансирањето на црни кампањи во македонските медиуми детали објави и интернет порталот на Проектот за известување за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП: „Подмачкување на Орбановата пропаганда“). Само тоа што е откриено од сомнителните трансакции со кои се финансираат ТВ Алфа и 3-4 ноторни пропагандистички интернет портали во 2018 година (3,2 милиони евра) е вртоглаво многу. Дали и колку од тоа финансирање доаѓа од Груевски и Фамилијата (значи, пари украдени до македонските граѓанки и граѓани) не знаеме, барем не сè уште.

ХАОС И ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

ИФИМЕС пренесува сознанија од разузнавачките служби дека во земјава „оперираат“ дури 160 медиуми чија цел е да креираат лажни вести и скандали, првенствено за дискредитација на Зоран Заев и клучните министри вклучени во борбата против криминалот и во правосудните реформи со што ќе се врати правдата и владеењето на правото во земјата. Медиумите и интернет порталите што се членки во Советот за етика во медиумите (СЕММ) со сите финансиски проблеми кои дополнително се продлабочија со последиците од пандемијата, се во нерамен бој со добро организираната медиумско-пропагандна машинерија.

27 април 2017 година, напад на Собранието.

Со години наназад се водат жестоки кампањи со дезинформации и говор на омразата во јавноста, а паралелно со тоа се блокира работата на македонскиот парламент во клучни реформски зафати и процеси. Македонската јавност повеќе пати го доживеа горчливото искуство со лажните вести и говорот на омразата кои неминовно водат кон тензии, па и екстремно насилство.

Хаосот и дестабилизацијата на Северна Македонија и уривањето на владата на Заев ја дополнуваат и заткулисните игри и нон-пејпери, како што е и неодамнешниот на Јанез Јанша, каде што тој заговара прекројување на границите на државите на Балканот, меѓу кои повеќето се членки на НАТО.

Што се однесува до Кремљ, кој не штеди во поддршката, па и креирањето на радикални десничарски структури во својот хибриден поход на Европа, веќе одамна и не крие дека работи на тоа да ја сопре интеграцијата на Северна Македонија во Европска Унија, но и за да создаде безбедносни предизвици во безбедносниот систем на НАТО. За такво нешто му е потребен Груевски на власт, а не Заев.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ