До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи.
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).














































