• Latest

Димитров и Коѕијас ги усогласуваа позициите пред состанокот со Нимиц

March 24, 2018
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров и Коѕијас ги усогласуваа позициите пред состанокот со Нимиц

March 24, 2018 08:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За компромисно и праведно решение за името, кое ќе ги поврзе интересите на двете страни, ќе гледа кон иднината, а не кон минатото и ќе го зачува дигнитетот на граѓаните на двете држави, се залагаат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Сепак, потенцираат оти процесот е во тек, а разликите се уште се на маса и се прават обиди за нивно надминување.

Двајцата министри вчера во Скопје на маса ги ставија позициите по размената на нацрт-спогодбите за решавање на спорот со името, а на заедничката прес-конференција по средбата Димитров истакна дека за македонската страна предлогот за слеано име со географска одредница на македонски јазик без превод не е најдобар правец, додека Коѕијас уште еднаш повтори дека Грција не се откажува од промена на македонскиот Устав.

Двајцата министри не изнесуваа детали од разговорите, нагласувајќи оти не сакаат отворенo да говорат за позициите додека траат преговорите.

Димитров и Коѕијас

– Сложено име, со географска одредница, кое ќе биде слеано и во себе ќе го содржи името Македонија доколку се изговори брзо може да се случи да не се слушне зборот Македонија, порача шефот на македонската дипломатија, нагласувајќи оти во името е идентитетот на граѓаните на земјава.

Коѕијас нагласи дека Грција инсистира на промена на македонскиот Устав, бидејќи според праксата на европските уставни судови, националните устави се над европското и меѓународното право.

Нацрт-спогодбите се документи со кои треба да се разјаснат позициите на страните, а не да се отежне процесот, рече Коѕијас, а Димитров се надоврза дека Македонија се залага за одржливо решение кое ќе биде постигнато и прифатено од јавноста и граѓаните на двете земји.

ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ПРЕС

Грчкиот министер рече дека на крајот двете страни треба да добијат еден текст што медијаторот Метју Нимиц ќе го преточи во договор и ќе го достави до Советот за безбедност на ОН, како потврда дека проблемот е решен.

Коѕијас за време на престојот во Скопје имаше средби со македонскиот државен врв, со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Иднината на Македонија и Грција треба да биде во фокусот на преговорите на двете земји за решавање на спорот со името, му порача Заев на Коѕијас.

– Треба да сме одлучни, и да правиме чекори кои не водат поблизу до решението на единственото отворено прашање меѓу нашите две земји. Уверен сум дека овој пристап ќе доведе до решение кое ќе им даде доволно прифатливи аргументи на институциите во двете земји, како и на опозицијата, да прифатат дека тоа ќе биде достоинствено и за Република Македонија и за Република Грција, нагласи Заев на средбата со Коѕијас. Заеднички било оценето дека е време за лидерски одлуки и за компромис прифатлив за двете страни.

Заев и Коѕијас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, вчера од Брисел порача дека за Грција има два клучни услова околу компромисот за името – едниот е сложеното име со географска одредница, а вториот е тоа да биде одржливо решение.

– Не треба да биде „олеснета верзија“, туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог меѓу народите, името треба да биде за секоја употреба, меѓународна, билатерална но и за внатрешна употреба. Не може да има различно име во Обединетите нации, а да продолжи да се нарекува Македонија во Уставот. Договорот не е лесен, во Грција многу луѓе се противат, но ова е историска шанса која треба да се искористи, изјави Ципрас.

Ципрас, како што јави дописничката на МИА од Брисел, за прашањето за името најпрвин полушеговито и одоговорил: „Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“.

Грчките медиуми коментираа вчера пред разговорите на двајцата министри со акцент дека главен „трн“ во преговорите е македонскиот Устав.

– Се покажа дека во двата текста од Атина и Скопје, постојат важни разлики, а главниот „трн“ е Уставот. Грција смета дека по секоја цена треба да има уставна ревизија и да се смени уставното име затоа што само така ќе важи ерга омнес. Скопјаните, пак сакаат двојна формула, објави ТВ Антена.

Според телевизијата Стар, грчкиот нацрт-предлог содржи 20 страници, додека на пет страници биле скопските одговори.

– Се согласуваат само за името, а Горна Македонија е предлогот што преовладува. Не се согласуваат за Уставот, за идентитетот, јави новинарката на грчката телевизија Стар, во директното вклучување од скопскиот аеродром.

Шефот на грчката дипломатија завчера со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

КОЅИЈАС

Ова е првпат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

По разговорите во Скопје, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат нова средба на 30 март во Виена на која ќе биде и посредникот на ОН, Метју Нимиц.


извор: МИА

Tags: ГрцијаДимитровимеКоѕиасМакедонијаНимицПреговориставови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ