• Latest

Димковски: ВМРО-ДПМНЕ да излезе од матрицата и до 12 април да соработува за добро на граѓаните и државата

January 15, 2020
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димковски: ВМРО-ДПМНЕ да излезе од матрицата и до 12 април да соработува за добро на граѓаните и државата

January 15, 2020 11:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од матрицата во која се заглавени и до 12 април, за добро на државата и граѓаните, да соработуваат со министрите и дополнителните министри од СДСМ и покрај разликите во идеологијата, начинот на размислување и политичкото дејствување“, апелира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Димковски порача дека формирањето на техничката влада нема да биде пречка за спроведување на зацртаните политики, мерки и активности кои треба да ја доведат земјава до полноправно членство во НАТО и до добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ. Токму целта на техничката влада, напомена, е да овозможи завршување на овие процеси.

Во секторот земјоделство, подвлече Димковски, иако е назначен дополнителен заменик-министер, нема да има никаков застој во реформите. Ќе се спроведуваат и планираните активности: ќе продолжи навремената и неселективна исплата на субвенциите, нема да се поништат јавните повици за давање под закуп државно земјоделско земјиште и ќе се реализираат инвестициите во водостопанството, пренесе МИА.

„Ова е исклучително битен период за нашата држава, период во кој граѓаните очекуваат нормално функционирање на сите институции. Тие не смеат да бидат жртви на опструкции, блокади, дневни препукувања во овој предизборен период. Граѓаните се на прво место и затоа повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон начинот на кој прогресивните сили ја водат земјата. Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада е да обезбедат континуирано функционирање на институциите, на владеењето на правото и демократијата“, рече Димковски на прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш повтори дека притисоците и селективноста не се одлика на СДСМ.

„Ние не ги злоупотребуваме институциите како што тоа го правеше претходната влада. Нема веќе исплата на субвенции по списоци. Секој земјоделец што ги исполнува условите е навреме исплатен“, подвлече министерот.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со секојдневните изјави на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски за наводно неисплатени отштети или субвенции, Димковски порача дека институциите се тие што треба да кажуваат и решаваат, а не поединци.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ