• Latest

ДПМНЕ со национализам во одбрана на сопствениот криминал и насилство

June 3, 2018

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДПМНЕ со национализам во одбрана на сопствениот криминал и насилство

June 3, 2018 14:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со видна возбуда и енергија, со идеја да се покаже и докаже како лидер на голема партија, што сѐ уште не ја изгубила својата моќ, како првото излегување пред „неговиот“ народ да е и последно или во најмала рака, одлучувачко за судбината на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покажа сѐ што научил од неговиот претходник Груевски. Протест на ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни 2018, пред Владата….

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада, 02 јуни 2018

Проценката е дека околу 10.000 граѓанки и граѓани присуствуваа на вчерашниот протест пред Владата, автобусите и комбињата од цела Македонија пристигнаа. Поддржувачите на ДПМНЕ, некако собрани, оградени од сите страни, означени со соодветни транспаренти на „каузата“, го чекаа Мицкоски, исто како што го чекаа Груевски. Курир и сличните медиуми, познати по својата про-ДПМНЕ пропагандна активност во изминатите години, „проценија“ дека дури 50-60 илјади луѓе учествувале на протестот.

Партискиот состав на ВМРО-ДПМНЕ, 2 јуни 2018

Како веќе установена пракса, потковани со истото знаење и разбирање од времето на груевизмот, немаа потреба од дополнително мотивирање и воодушевување од новиот лидер, кој не покажа ништо свое и ништо ново во агендата и намерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пораките се испратија онакви какви што се билдаа цела година. Таргет фигура Зоран Заев, а метата поставена во срцето на секој „вистински“ Македонец, со малку тапкање по рамо на Албанците, да не се лутат, а сите останати од народот заборавени.

Во концентрични кругови, како да со обидуваше да ја хипнотизира толпата, Мицкоски го плетеше својот лош говор, не вадејќи ги Заев, името и Уставот од уста, потпирајќи се на добрто познатиот националистички популизам. Но, едно беше највидливо и најјасно од сѐ. Во сржта на барањата на Мицкоски, всушност, лежи само една промена. Зоран Заев.

Младината на ВМРО-ДПМНЕ, протест пред Влада,2 јуни 2018

Владата не им чини, Заев е крив. Преговорите за името не им чинат, пак Заев. СДСМ не води политика како нив што им одговора, Заев. Закон за јазици, стандарди и вредности за влез во НАТО и ЕУ, пак Заев. Неостварување на сонот ДИК да ја предводи нивен човек, нормално Заев. А тоа што на ВМРО-ДПМНЕ и тоа како им се потребни предвремени парламентарни избори, пак Заев е крив.

Знамето на Вергина, 2 јуни 2018

Значи, заклучокот од протестите е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот заради промена на уставното име, бара формирање техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, бара ДИК со претседател од нивните редови, сака СДСМ по нивен терк, без Зоран Заев, а за Албанците – да придонесат во економијата со нивно вработување, а не двојазичност.

Влада,протест, ВМРО-ДПМНЕ, 2 јуни 2018

Со надеж дека овој пат не биле принудени со уцени, притисоци, закани и сендвичи, присутните на протестот, можеби и си заминале разочарани. Сепак, лидерот им Мицкоски не рече ништо ново и конкретно за лекот на нивната болка – името. Ама затоа за криминалите на Заев, кои треба да ги фрлат во сенка криминалите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, малку повеќе ја претераа.

Христијан Мицкоски. протест ВМРО-ДПМНЕ,2 јуни 2018

И да. Пораките се упатија.

СДСМ одговори:

„Од јавна говорница денеска Христијан Мицкоски бранеше насилници под превезот на патриотизмот. Мицкоски треба да знае дека неговата партија треба да се качи на вагата на правдата. Криминалот не може да биде патриотизам колку и да викаш гласно“, и „Барањето за предвремени избори заедно со претседателските, е класичен партиски блеф на Мицкоски, кој е соочен со слабиот рејтинг и немањето поддршка од граѓаните. Не е лесно да го следиш Груевски во време кога СДСМ добива огромна поддршка на локални избори со освоени 57 градоначалници“.

А како доказ дека протестот не допре ниту со мала доза на ризичност за СДСМ, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со фотографии по протестот, во еколошки манир, илустрирараше чистка, како воопшто да не се случил протестот.

„Го исчистивме ѓубрето. Како и секогаш…“, гласеше двосмислената порака на Шилегов на својот Фејсбук профил.

На крајот, да не остане заборавено. Протестот на ВМРО-ДПМНЕ наликуваше на нивните изборни митинзи на кој парадираа мали деца со свирчиња, знамиња и  транспаренти. Мора да се стави крај на злоупотребата на деца за партиски цели.

Биљана Јордановска

Фотографии: Александрос Стаматиу

Tags: владаВМРО-ДПМНЕЗоран ЗаевизбориимеПротестСДСМУставХристијан Мицкоски
Share245TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ