• Latest

Државата во хаос, претседателот на службен пат!?

March 14, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Државата во хаос, претседателот на службен пат!?

March 14, 2017 17:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, повторно ја шокира јавноста со своите одлуки, да замине на службен пат во Азербејџан, додека целата држава е во хаос. Според информациите, Иванов во четврток и петок, ќе учествува на Глобалниот форум „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“, што ќе се одржи во Баку, каде ќе присуствуваат и неговите колеги од Албанија, Црна Гора и Летонија. Домаќин на Глобалниот форум е азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, кој минатиот месец ја назначи својата сопруга, Мехрибан Алиева за потпретседател.

Своето службено патување, Иванов го испланира во време кога државата нема влада, нема Собрание, кога илјадници граѓани стимулирани од ВМРО-ДПМНЕ протестираат по улиците, а меѓународната заедница му врши силен притисок на Иванов, да му го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство.

Ваквата одлука на Иванов, се чини дека е потврда на веќе познатиот став во јавноста, дека нема да му го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници, што го сочинуваат СДСМ (49), ДУИ (10), Беса (5) и Алијанса за Албанците (3).

Изминаа три месеци по изборите кои се одржаа на 11-ти декември 2016, а политичката криза во државата секој ден е сѐ посложена. ВМРО-ДПМНЕ по 10 години владеење на последните избори, освои 51 пратеничко место, а ДПА – два мандата во Собранието. Политичката и безбедносната состојба во државата станува секој ден се посложена, откако партиите од албанскиот блок, ја усвоија т.н. Албанска платформа во Тирана. Потоа, пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ. СДСМ и ДУИ, сепак, постигнаа некаков заеднички договор и формираа парламентарно мнозинство. Неоткривањето на деталите на нивниот договор, создаде простор за низа шпекулации и спинови, кои масовно се продуцираат преку провладините медиуми, дека со Албанската платформа, ќе се раздели и кантонизира Македонија, ќе се загрози нејзиниот суверенитет, интегритет и иднина во овие граници.

Оттогаш, протестите се секојдневни. Не помогна ниту пресот, поточно екпозето на Зоран Заев во кое јасно ја презентираше програмата на идната влада. Тој нагласи дека Македонија ќе ја зачува својата унитарност, и  дека ниту едно барање од Платформата, надвор од Уставот, нема да биде прифатено. Но, изјавите од ДУИ, веднаш по пресот на Заев, имаа сосем друга насока.

Од соседна Албанија стигнаа и милитантни пораки од актуелната пратеничка Дода Месила.

И во целиот овој хаос, претседателот на државата, заминува на службен пат, во стилот „селото гори, бабата се чешла“?! А, само Иванов може да ја извлече земјата во моментов од криза, со една разумна и уставна одлука. Но, тој и натаму избира да остане во заштита на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините челници, со чија помош дојде на претседателската функција.

Моника Талеска

Tags: IvanovАзарбејџанАлбанијаизборикризамнозинствоплатформа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ