Европската комисија одлучи да ја додаде Русија на својата црна листа на земји со висок ризик од перење пари и финансирање на тероризам, објави Политико повикувајќи се на двајца европски претставници и прегледани документи, пренесува Укринформ.
Глобалниот надзорен орган за финансиска акција (FATF) ја суспендираше Русија како членка по целосната инвазија на Украина, но не успеа да ја стави на црната листа, и покрај доказите презентирани од украинската влада, поради противењето на земјите од групата на економии во развој БРИКС, која ги вклучува Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка, покрај самата Русија.
Пратениците на ЕУ многу пати ја повикаа Комисијата да го направи она што FATF не беше во можност да го направи.
Политико имаше увид во нацрт-одлуката за Русија, која ќе биде анекс на листата.
ЕУ веќе има широк спектар на санкции со кои сериозно се ограничува пристапот до финансиските услуги на ЕУ за руските фирми.
Црната листа се става во време кога извршната власт на ЕУ се обидува да го прекине отпорот на Белгија кон користењето на приходите од замрзнатите средства на Москва за финансирање на Украина.
Овој потег ќе ги обврзе финансиските институции да ја зајакнат длабинската анализа на сите трансакции и ќе ги принуди банките кои сè уште не дејствувале дополнително да го намалат ризикот.
ЕУ вообичаено се усогласува со одлуките на ФАТФ, но од оваа година има свој Управа за спречување на перење пари. AMLA ќе придонесе за изготвување на црната листа од јули 2027 година.
Во јуни ЕУ размислуваше дали да ја стави Русија на црната листа како земја со слаби контроли против перење пари.
М. Д.
















































