Вкупно 16.003 баратели на азил доброволно си заминале од Грција со помош на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), тврди германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЗ), јавува МИА.
Повикувајќи се на податоци од грчката полиција, германскиот весник наведува дека повеќето од мигрантите, кои со помош на ИОМ си заминале од Грција, се од Албанија, Пакистан, Бангладеш, Авганистан, и од северноафрикански земји.
Претставник на грчките безбедносни сили изјавил дека овие луѓе немале никакви шанси да добијат азил во Грција.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.