Иако од почетокот на изборниот ден не се забележани поголеми изборни нерегуларности, на социјалните мрежи се споделува слика од телефонска порака, кадешто општинскиот огранок на еден политички субјект во Чаир, врши агитација врз граѓанките и граѓаните за кого да гласат, случај кој го нарушува изборниот молк.
Содржината на телефонската порака повикува на гласање за еден кандидат во општина Чаир, со цел да се казни противкандидатот.
Ова порака која стигнала и кај граѓаните и граѓанките кои немаат исто мислење со авторот предизвикува гнев и нервоза кај гласачите.
Фари Хисени