• Latest

Героски: Медиумскиот мрак е најцрн пред зазорување

May 5, 2016

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Героски: Медиумскиот мрак е најцрн пред зазорување

May 5, 2016 13:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите прашавме неколку видни новинари да го изразат своето мислење во врска со состојбата со медиумите кај нас. Новинарот Бранко Героски смета дека постои невидена корупција и целосна контрола на власта врз медиумскиот простор:

Состојбата на полето на слободата на медиумите е драстично влошена до степен што е загрозена плурализацијата на медиумскиот простор, што е темелна вредност за која се изборивме пред две децении. Со досега невидена корупција врз мејснтрим медиумите и особено со речиси целосна контрола врз телевизиите со национални концесии, кликата на Никола Груевски остварува доминација врз јавното мислење, а кога тоа не и’ успева целосно, таа го урива отпорот на новинарите со притисоци и со затворање критички настроени медиуми, но и со затворање новинари, по што сме редок, ако не и единствен пример во Европа. Но, без оглед на се’, јас сум оптимист, бидејќи како и секој друг, така и медиумскиот мрак е најцрн пред зазорување – изјавува Героски.

На прашањето да ја сподели својата лична приказна со ЦИВИЛ, Героски вели:

Немам една приказна за споделување, мојот професионален ангажман во оваа деценија страховлада, всушност, е една збирка приказни за постојани притисоци, секојдневни клеветења и навреди, отворени и јавни закани за физички ликвидации и неколку пријавени случаи во полиција, досега нерасчистени, се разбира. За нас, една група новинари кои доследно го критикуваат овој режим, зад нас е деценија на опасно живеење, на кое веќе и се поднавикнавме. За жал, тоа зборува лошо за нас, тоа покажува дека режимот оставил трајни последици врз нашите животи. Се надевам дека еден ден некој ќе одговара за тоа.


ЦИВИЛ – Центар за слобода покани неколку експерти и уредници да дадат свое мислење за состојбите со слободата на изразувањето и медиумските слободи. Овој серијал е дел од проектот за изборен мониторинг – Напред!, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
Tags: избориМакедонијаМедиуминовинарствополитичка кризаслободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ