Почна со 1% поддршка на анкетите.
Против себе го имаше Трамп, со целата ултра-популистичка кампања.
Против себе имаше дел од демократите.
Против себе ги имаше олигарсите со нивното влијание и нивните пари.
Против себе ја имаше пропагандата и сите погрдни зборови и навреди за неговото потекло.
Ги победи сите, од позиција на аутсајдер.
Не ги победи сите сам, туку со поддршка на оние кои му ја препознаа искреноста и визијата базирана на демократски вредности.
Победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!
Зохран Мамдани, напиша на Фејсбук Џелал Хоџиќ, претседател на СДА -Македонија.











