• Latest

Иднина без амнестија или амнестија без иднина?

July 23, 2018

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Иднина без амнестија или амнестија без иднина?

July 23, 2018 10:41
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дознавам дека во самиот врв на партијата за амнестија на криминалот имало сериозни и гласни „советувања“, од оние со гласно викање и префрлање на одговорноста од еден на друг, па дури и преку границите на нашата земја. Не мора многу Партијата им се распаѓа, а Мицкоски и неговата формација од насамарени, а самоуверени асистент(к)и се фатил како слеп за стап за една, многу позната, точка од преговорите. Затоа, преговорите или, поточно, пазарењата со него се излишни од првиот миг. Сите очи се вперени во Лидерската, а се заборава на тешките штети што ги претрпе општеството во меѓувреме. Постојано во грч, постојано опкружени со вирусот на омразата и поделбите, насилството… Затоа, Лидерската, всушност, и не е важна. Важни се македонските граѓанки и граѓани.

Пишува: Џабир Дерала

Не е важно ни тоа што Мицкоски шета лут како рис по ходниците на смешно-грдата палата и газдува, но кроце влегува кај вистинскиот газда чии очекувања ги изневерува, малку намерно, малку од што не го бива. Не е важно ни тоа што оние што се продаваат за реформисти велат дека ќе ја реформираат партијата кон полошо. Сега веќе не е важно ни тоа што во таа партија има интелигентни и модерни лидери, бидејќи се во сенка и нема да имаат време да ја пренесат партијата од „антиката“ во 21-от век.

Се ближи денот кога ќе има безброј сведнати глави, црвени уши, образи – кој од срам, кој од страв. Тоа ќе биде ден кога ќе има за што да се проштева, но уште повеќе да се честита. Тоа ќе биде и ден кога многумина ќе кажат дека проштевањето оди заедно со одговорноста и помнењето, па ќе побараат санкции за тие што нанесоа непоправливи штети, што сееја страв и го поделби. Ќе побараат одговорност за говорот на омразата што водеше кон насилство… и убиства. Без оглед на бојата на партискиот амблем или етничката заедница од каде што се излеа отровот – одговорност мора да има, како што веќе постојат обемни архиви со име и презиме на кои институциите не реагираат, а тоа им е работа.

Исто како во 2015-2016, но и многу порано, ги гледаме во офанзива. Глупави, зли, вулгарни и одвратни. Се кријат зад лажни профили на социјалните мрежи, а водат „борба“ за идентитетот. Како? Со пцости и закани. Невидена бесрамност! Се срамотат и себе си и своите семејства. Тешко на нивните семејства со такви ликови. Ако можат вака јавно да се однесуваат, којзнае какви се по дома.

Јас лично верувам во мојата единствена земја Македонија. Сигурен сум дека мојата земја ќе издржи и ќе продолжи. Можеби деновиве изговарам и пишувам до некаде патетични изјави, но излегуваат од длабината на мојата утроба. И знам! Пред Македонија е иднината, а тие му припаѓаат на мрачниот заборав.

Сепак, до некаде сум им и благодарен за шлагвортот што ми го даваат за овие колумни деновиве. Ми даваат и материјал за понатамошно истражување на човековата беда. Кутри душички, толку добро опишани во делата на Гогољ… Очигледно, нема шанси разговор со нив. Им смрди душата, отруена од злоба. Имаше период кога, наспроти советите на моите другарки и другари, сакав да верувам дека можеле и сакале поинаку и дека машинеријата на клептократите, националистите и странските агентури ги згазиле или изманипулирале. Не, такви се. Тоа е. Сега сум убеден во тоа. По долго време верба дека доброто е во суштината на секој, баш на секој човек.

Човек може да одбере да верува во идеја, да има став и да го брани сето тоа чесно, гордо и со доблест, до последниот аргумент. И да го прифати поразот со крената глава и достоинствено. Или да победи, без злоба и ликување на своето лице. Такви знам и среќавам секој ден и чест ми е да го вкрстам мечот на моите мисли со нив. Секој ден на терасата каде што ги пишувам рафалите се среќавам со соговорници кои мислат сосема спротивно и дебатираме. И се поздравуваме срдечно, како добри соседи.

Но, што со пионите на црната кампања? Ене ги таму, на дното од мочуриштето на нивните души, во партиските штабови усмрдени од ракија и лук, со пиштол и кама украсени или со други симболи од минатото… Таму ли да одам? Во нивниот лажен и смрдлив вир? Во апсурдно и бескрајно губење време? Не.

Се обидуваат да ме навредат, а го учат и помнат само тоа што нивните неписмени капитени и курири им го кажале. Но, јасно е како ден! Излезе на виделина дека оние што нас нѐ обвинуваа за предавство, самите се предавници и странски платеници. Не е првпат патриотите во една земја да бидат прогласувани за предавници. А токму оние што се најгласни во таквите обвиненија, се платеници на непријателски странски служби. Не е првпат, но изгледа дека е последен пат.

Има и нешто утешно во оваа приказна. Барем читаат. Како што во 2015 година ѝ заблагодарив на груевистичката клика за тоа што, сепак, слушала (прислушувала), сега им благодарам што читаат. И ги повикувам да продолжат со читање. И да се распаѓаат во обидите да си ја спасат кожичката и дебелите банкарски сметки со украдени пари. Читајќи.

А за нивните пиончиња, сепак, морам да признам, сега чувствувам и мали задоволства што се нервираат затоа што не им поаѓа од рака да ја завршат валканата задача. Од петни жили се обидуваат да ми го одземат времето, а јас продолжувам со убавиот разговор со луѓето, било да мислиме слично или сосема различно, па се расправаме, макар и гласно. Тие сакаат да посегнам по навреди и пцости, но нема да им успее. Зошто би бил лош со мазохисти, нели?

За да се спушти човек на нивното ниво, треба да се наведне. А јас не се веднам. Нема да одговорам на нивните навреди со навреда. Да имаа очи, ќе видеа дека самите се навреда, сами по себе. Да имаа уши, ќе слушнеа дека не се ништо освен тивко чкртање со забите на фрустрирани фигуринки. Да имаа глас, ќе беше писклив и неубав.

Имаат една земја, а најмалку два пасоши, имаат еден живот, а најмалку две лица. Имаат профил на Фејсбук и мислат дека тоа е идентитет. Носат само лаги и насилство во душата, а устата им е полна со божемна потрага по вистина и правда.

Немам што да одговорам на безумие, лаги и гнасотилаци. Еднаш напишав дека ги сожалувам, но не повеќе.

Луѓето со кои се среќавам во дуќанчето во моето маало, на улица, во кафулињата, оние што доаѓаат со и без најава во мојата канцеларија, ми се жалат од безброј други нешта. Најчесто со право не се задоволни од многу нешта во економијата, вработувањата, тендерите, здравството, образованието, културата… Јас и моите другарки и другари се обидуваме тие поплаки веднаш да ги преточиме во текст, во писма или во акции. Некои не успеваме, од немање време, а и не умееме сѐ, нели?

Размислувам, деновиве мора да ги одвоиме работите и да направиме информиран и аргументиран избор, да поставиме приоритети. Да ги одвоиме внатрешните прашања од големото регионално и европско прашање. Трезно и трезвено.

Без оглед на тоа дали владата греши во пристапот, а невладините тераат бизнис as usual – со полни џебови и празни зборови, сончогледите, фолирантите и шминкерите живеат на висока нога „многу загрижени“ за македонската иднина… Наше е да донесеме мудра, граѓанска одлука. За сите нас, па и за платениците и насилниците и за нивните семејства.

Да одговориме на прашањето:

Иднина без амнестија или амнестија без иднина?

Фотографија во прилог на текстот: Киро Попов/kolektif/mk

Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21/22 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: владаидентитетМакедонијаМицкоскинационализамомразасоцијални мрежи
Share176TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ