• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУЛЕКС и КФОР стационирани на мостот на Ибар; Косовските Срби денеска ќе протестираат во Северна Митровица; Обвинувањата на Вучиќ за мостот на Ибар предизвикуваат сомнеж за можен српски напад на Косово

August 7, 2024

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУЛЕКС и КФОР стационирани на мостот на Ибар; Косовските Срби денеска ќе протестираат во Северна Митровица; Обвинувањата на Вучиќ за мостот на Ибар предизвикуваат сомнеж за можен српски напад на Косово

August 7, 2024 11:25
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Фокусот на косовските медиуми денеска е на најавеното отворање на мостот на Ибар. Денеска наутро, припадници на ЕУЛЕКС и КФОР се стационираа на објектите кај мостот, српската заедница на северот на земјата предупреди на одржување мирен протест во среда во Северна Митровица, а косовскиот премиер Албин Курти реагираше на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека Албанците маршираат на мостот.

Во продолжение се поместени содржините од  редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Репортери: Припадниците на ЕУЛЕКС и КФОР се стационирани на објектите кај мостот Ибар

Во средата наутро припадници на ЕУЛЕКС и КФОР беа стационирани на објектите кај мостот на Ибар.

Во меѓувреме, на овој мост се уште не се видени експертите за мерења на стабилноста на мостот што ги договори владата, пренесе Репортери.

Клан Косова: Србите на северот денеска протестираат поради „сериозната ситуација на Косово“

Српската заедница на северот на земјата предупреди на одржување мирен протест во среда (денес) во Северна Митровица.

Заменик директорот на полицијата за регионот на Северна Митровица, Ветон Елшани, најави дека за овој протест е известена и косовската полиција.

„Група граѓани на северот предупредија на протест за утре во 11 часот, во делот каде што ги одржуваат протестите на плоштадот „Цар Лазар“. Ќе има доволен број полицајци за одржување на безбедноста. Се очекува протестот да биде мирен“, рече Елшани, пренесе Клан Косова.

Факс Веб – Курти: Обвинувањата на Вучиќ за мостот на Ибар предизвикуваат сомнеж за можен српски напад на Косово

На денешните изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ дека западњаците ја поддржуваат политиката на Албин Курти на север, а се однесуваат на дебатата за отворањето на мостот на Ибар и затворањето на српската пошта, премиерот на Косово одговори на „Х“ платформа.

Шефот на владата во Приштина со објава упатена до Вучиќ вели дека српскиот претседател создава атмосфера која влева страв, кога им се обраќа на западњаците дека „Албин Курти предизвикува војна“.

„Со лажното тврдење дека Албанците маршираат преку мостот, српскиот претседател Александар Вучиќ има за цел да создаде атмосфера на страв и да предизвика одговор на КФОР во Митровица, заканувајќи се дека ако тие не одговорат, Србија ќе одговори.

Курти подвлекува дека ниту еден Албанец не маршира на мостот на Ибар и подвлекува дека може да има напад од Србија на територијата на Косово, како што вообичаено се случува по силните обвинувања на Вучиќ, повикувајќи се и на претходните инциденти, како што е случајот со Бањска, пренесе Факс Веб.

Газета Експрес: Министерот на Вучиќ предупредува дека отворањето на мостот на Ибар е потенцијално голема точка на ескалација

Српскиот министер за труд и социјала во Србија, Немања Старовиќ, денеска оцени дека најавеното прашање за отворање на централниот мост на Ибар во Митровица, потенцијално претставува „голема точка на ескалација“.

„Мостот има своја фактичка важност, но и голема симболична вредност, бидејќи за Србите тој беше последната точка на отпор во 1999 година и во следните 25 години. Точката каде што е Митровица на Косово, нејзиниот мултиетнички карактер, но и целиот север на Косово“, изјави Старовиќ за телевизија Прва, пренесе Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

ДВ – Албанија: Наскоро ќе биде готов првиот италијански камп за имигранти

Италија во иднина ќе префрла во Албанија имигранти кои сакаат да стигнат до ЕУ преку Медитеранот. Првиот камп наскоро ќе биде готов.

На градилиштето на италијанскиот камп за баратели на азил во Ѓадер, работата во моментов е прекината поради жештините, како што предвидува италијанскиот закон за работни односи. Италијанските закони се применуваат и во Ѓадер, бидејќи Албанија на таа земја и даде воена зона. За изградба на контејнерски камп за баратели на азил не беше потребна ниту албанска градежна дозвола.

Италијанскиот закон моментално важи за градежните работници – а во иднина ќе важи за повеќе од 3.000 мигранти и бегалци месечно чии барања мора да бидат обработени овде, што значи дека мора да се донесе одлука дали тие се подобни за азил или не, пишува Дојче Веле.

КОЛУМНА

Коха: Како вештачката интелигенција го гледа Западен Балкан во 2030 година

„Поставив три „машини“ со вештачка интелигенција – на Google Gemini, ChatGPT и CoPilot на Microsoft истото прашање: како ја гледаат иднината на Западен Балкан во 2030. Добив три различни одговори, иако не беа далеку еден од друг. Потоа ги копирав сите три одговори добиени од овие три машини и ги замолив да создадат унифициран текст.

Текстот што го создаде ChatGPT (со албанска команда и албански копиран текст произведен на албански) беше овој:

Западен Балкан во 2030 година: Пресек на можности и предизвици

Иднината на Западен Балкан во 2030 година е богата со можности, но и полна со неизвесности. Интеграцијата во Европската унија, економскиот развој и политичката стабилност се трите столба кои ќе ја одредат траекторијата на регионот.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Како вештачката интелигенција го гледа Западен Балкан во 2030 година“, објавена во косовскиот дневник  Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ