КОХА: Сите очи се вперени во француско-германската врска
„Без оглед на тоа како ќе се развива тој конфликт, дојде до неповратно губење на довербата меѓу Европа и Русија. Агресијата на Путин суштински го промени стратегискиот калкулус и создаде услови за нов вид Студена војна во Централна и Источна Европа. Неговата Русија претставува предвидлива долгорочна закана што ќе ги принуди ЕУ и нејзините земји-членки да инвестираат многу повеќе во способноста да се бранат себеси, нивниот либерален демократски систем и нивните принципи со воени средства. Накратко, ЕУ мора да се трансформира во суверен геополитички играч со своја превентивна воена способност да ги заштити своите интереси.“, пишува меѓу другото во колумната од Јошка Фишер „Сите очи се вперени во француско-германската врска“.
БОТА СОТ: Решавачки дуел меѓу Курти и Вучиќ?
“Се поставува прашањето дали Вучиќ е заинтересиран за решение? Секој би одговорил на тоа, не. Ако сакал решение, нема што да се дискутира за такво нешто. Работите се сосема јасни.
Вучиќ сака да привлече внимание со помпезноста на својата пропаганда: Курти бара конфликт, а Косово не е подготвено за компромис. А компромисот според Вучиќ би бил Здружението со извршни овластувања, ништо помалку“, пишува Шериф Рамабаја во колумната „Решавачки дуел меѓу Албин Курти и Вучиќ?“.
АЛМАКОС: Алијансата за Албанците пред историска одлука
„Помеѓу двете опции што ги има оваа партија, да одбие учество во Владата или да стане дел од неа. И двете опции носат придобивки, но и ризици. Но, војната во Украина, енергетската криза, но и економската, сакаат стабилна Влада, со одговорни кадри, а не нови избори кои државниот буџет и граѓаните го чинат милиони евра. Значи, имајќи ги предвид сите овие случувања, ситуацијата нужно ѝ наметнува на Алијансата да влезе во оваа влада, така да кажано отворено, Алијансата мора да и каже ДА на владата.“, пишува во едиторијалот „Алијансата за Албанците пред историска одлука“.
АЛБАНСКИ ТЕАТАР
Од 16 до 27 ноември, во Скопје се одржува „Албански театар Моисиу“ во чии рамки ќе бидат поставени претстави од Албанскиот народен театар од Скопје, Националниот театар на Албанија, Националниот театар на Косово и Националниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“.
Фестивалот се одржува со целосна поддршка на Министерството за култура, млади и спорт, Министерството за култура на Северна Македонија и Министерството за култура на Република Албанија. Фестивалот ќе биде годишен и ќе се организира секој ноември во ротација Скопје, Тирана, Приштина.
Д. Тахири