• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово ќе аплицира за членство во ЕУ, Албанија на британската листа на назначени „безбедни“ земји, заедничкиот јазик и националниот идентитет

November 29, 2022

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово ќе аплицира за членство во ЕУ, Албанија на британската листа на назначени „безбедни“ земји, заедничкиот јазик и националниот идентитет

November 29, 2022 10:26
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЕПОКА Е РЕ – Курти: За неколку дена ќе ја поднесеме апликацијата за членство во ЕУ

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за познатиот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека Косово во декември ќе ја поднесе апликацијата за членство во Европската унија, и најави дека Косово ќе биде меѓу државите Украина, Молдавија и Грузија кои ќе поднесат барање за членство.

„Се договоривме да не ја спроведуваме нашата одлука за казнување на возачите на возила со нелегални српски регистарски таблички. Србија се согласи да престане да издава регистарски таблички наследени од режимот на Слободан Милошевиќ“, рече Курти меѓу другото.

„Меѓутоа, што и да каже Курти, во моментов е факт дека и ЕУ и САД инсистираат дека е неопходно здружување на српските општини на Косово. „Дали како шеф на влада на мала земја сака да ги игнорира своите најважни сојузници? Опасна игра.“ напиша Мајкл Мартенс, новинарот што го водеше интервјуто.

ТОП ЧАНЕЛ – Албанија на британската листа на назначени „безбедни“ земји, Браверман: Барателите на азил побрзо ќе бидат депортирани

Британската министерка за внатрешни работи, Суела Браверман, на списокот на безбедни земји, каде што на тие што доаѓаат од тие земји не им е дозволено да бараат азил, ја вклучи и Албанија, која има голем пораст на бројот на граѓани што се преселуваат во Велика Британија.

Албанците сочинуваат 12.000 од 43.000 луѓе кои досега оваа година го поминале Каналот со мали чамци.

Владата ќе ја оживее новата лабуристичка политика која ги става на белата листа на безбедни земји и ги обработува барањата за азил од нив во рок од 20 дена, пишува Тајмс., пренесува ТОП ЧАНЕЛ, Албанија.

ЕКОНОМИА ОНЛАЈН: Дали е доволен заедничкиот јазик?

„Дефиницијата „јазикот е првиот знак на различностите на нациите“, за да биде сеобединувачки мора да биде прифатен во принцип од поединците од заедницата кои се препознаваат во него. На тој начин, волјата за прифаќање на истите заеднички вредности е таа што станува државотворен и национален идентитет на одредена демографска единица. Заедничкиот јазик не е нужно карактеристичен елемент на секој народ. Зависи што се подразбира под нација. Има народи кои се сметаат за такви не по заеднички социолингвистички карактеристики, туку со заеднички политички акти, односно со тоа што имаат заедничка држава.“, од Артан Фуга во колумната „Дали е доволен заедничкиот јазик“ за Економиа Онлајн.

Д. Тахири

Tags: азилАлбанијаВелика БританијаЕУјазикКосово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ