• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Нови барикади на северот на Косово, Србија ги стави војниците во состојба на готовност

December 27, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Нови барикади на северот на Косово, Србија ги стави војниците во состојба на готовност

December 27, 2022 11:28
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

КОХА: Нови барикади на северот на Косово

На северот на Косово поставени се две нови барикади, една во Северна Митровица и една во Звечан, на местото познато како Керши и Дуда, потврди косовската полиција за Радио Слободна Европа, пренесуваат косовски медиуми.

Барикадата лоцирана во Северна Митровица се наоѓа на раскрсницата од Техничкото училиште, соопшти полицијата.

Оваа локација се наоѓа во близина на Бошњачката населба , која е мултиетничка, каде живеат Албанци, Срби и Бошњаци, а патот каде што се наоѓа барикадата е еден од патиштата што ги поврзува Северна и Јужна Митровица.

БалканВеб – Србија ги стави војниците во состојба на готовност поради зголемените тензии

Српската армија вели дека е на „највисоко ниво на борбена готовност“ по неколкунеделните ескалации на тензиите меѓу Србија и Косово, јавува BBC, пренесуваат косовските медиуми.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „ќе ги преземе сите мерки за да го заштити нашиот народ и да ја зачува Србија“.

Растресувањето со сабја е погласно од кога и да е и ги следи тврдењата на медиумите дека Приштина подготвува „напад“ врз областите на етничките Срби во северно Косово.

Владата во Приштина не ги коментираше овие наводи.

КПП: „Дали ќе има предвремени избори во 2023 година?“

„Дали власта ќе биде принудена да ја прифати понудата на опозицијата – гласање за уставни измени по распишување на предвремени избори?

Сето тоа ќе зависи од должината на процесот на скрининг. Овој процес, започнат во јули оваа година, значи детална анализа за секоја област на политика (поглавје), за да се утврди колку добро земјата е подготвена.“, извадок од колумната „Дали ќе има предвремени избори во 2023 година“ од Џелал Незири објавена во КДП.

ПАНОРАМА: За континуираната политика на провокација на Белград, одговорен е и Еди Рама

„Одговорен за провокативната политика на Србија е и премиерот на нашата земја, Еди Рама, кој ги поддржа иницијативите на Белград, давајќи му доминација во регионот. Тој додаде дека нејаснотиите на официјална Тирана не послужиле за зајакнување на позицијата на Косово, туку го ставиле под непотребен притисок да стане дел од иницијативата Отворен Балкан.“, изјави Илир Мета, пренесува албанскиот портал  ПАНОРАМА.

ШЕЊА: „Шенгенот се спушта на Западен Балкан“

“Границите на Европската унија се спуштаат до балканските земји врз основа на начелата кои таа ги најавува и кои се засноваат на заслугите и реформите што ги презема секоја земја. Во конкретниот случај, Хрватска беше прифатена со целосно едногласност, додека Бугарија и Романија беа повторно блокирани за влез, иако и двете земји чекаат зелено светло од 2011 година кога нивната прва апликација за влез во Шенген беше одбиена од Франција, Германија, Финска, Шведска, Холандија и Белгија.“, извадок од колумната „Шенгенот се спушта на Западен Балкан“ од Пелумб Нако.

Д. Тахири

Tags: барикадивојнициЗападен БалканизбориКосовоРамаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ