• Latest

Јовановиќ: Од Предлог-буџетот да се исклучи субвенционирање на придонесите на високопрофитабилните компании и високите плати

November 14, 2019
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јовановиќ: Од Предлог-буџетот да се исклучи субвенционирање на придонесите на високопрофитабилните компании и високите плати

Мерката што е за субвенционирање на придонесите на компаниите да се модифицира, односно да се исклучат високопрофитабилните компании од мерката и да се исклучат високите плати.

November 14, 2019 17:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бранимир Јовановиќ за Предлог-Буџетот за 2020 година, што значи тоа за македонската економија, како и за предлогот на Владата да се укине прогресивниот данок.

„За мене лично не е толку проблем тоа што буџетот изнесува речиси 4 милијарди евра, затоа што ние како држава имаме релативно мал буџет. Кога ќе се спореди нашиот буџет, како процент од БДП, со другите европски земји, тој е меѓу најниските. Кај нас изнесува околу 30 и нешто проценти, 32 отсто отприлика, во развиените држави изнесува до 50 отсто или повеќе, така што самата големина на буџетот не е толку проблематична“, изјави Јовановиќ.

Тој додава дека проблем е тоа расходната страна, која е зголемена за околу 200 милиони евра е зголемена во голем дел за непотребни трошења, како на пример, раст на пензии.

„Jас тоа сум критикувал во времето на Груевски, па морам и сега да го критикувам, станува збор за паушален раст, односно раст кој не е предвиден со онаа формула за усогласување на растот на пензиите, туку Владата ад-хок реши да ги зголеми пензиите во наредната година, за околу 700 денари по човек, што всушност значи 50 милиони евра поголеми расходи“, додава Јовановиќ.

Тој вели дека можеме сите да се согласиме дека пензиите се ниски, дека треба да растат, но од друга страна треба да имаме предвид дека пензионерите се сепак една од подобро стоечките категории во ова општество, односно дека ако ги погледнеме официјалните податоци за сиромаштија во државата, кај нив сиромаштијата е најниска.

„Сиромаштијата кај пензионерите е 7%, додека кај работниците е 9%. Кај оние што не работат сиромаштијата е дури 40 отсто. Гледано низ таа призма, пензиите треба да бидат последни што ќе растат во оваа држава“, вели Јовановиќ.

Според Јовановиќ, најпроблематично е дека голем дел од новите расходи, од растот на расходите е за задоволување на апетитите на компаниите.

„Дури 110 милиони евра во овој буџет се предвидени за компаниите, а од тие 110 милиони евра имате неверојатни 40 милиони евра за субвенции за раст на придонеси. Владата нели реши ја да зголеми минималната плата, па за да им помогне на фирмите, реши да ја зголеми минималната плата, па за да им помогне на фирмите, реши да им даде пари, и за тоа ќе издвои 40 милиони евра само во една година. Тоа е особено проблематично затоа што не ги исклучува високите плати, односно може некој менаџер кој има плата 3000 евра да си ја зголеми платата и Владата ќе му покрива и на него придонеси. И не ги исклучува големите компании, односно високопрофитабилните компании, односно можете да имате компанија која прави добивки од 50 милиони евра и бара поддршка од државата и државата ќе и ја даде“, вели Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека доколку државата ги послушаше оние сугестии и да ја ограничи оваа мерка само на ниски плати и само на компании кои немаат висока добивка ќе заштедеше околу 20 милиони евра.

„Од друга страна ја имате и приходната страна на буџетот која што во овој буџет е прилично напумпана. Приходите се проектирани да бидат повисоки за околу 200 милиони евра од минатата година што е целосна нереална претпоставка, практично нема шанси за се случи, знаејќи дека Владата реши да го укине прогресивниот данок со што си крати 40 милиони евра, односно им дава 40 милиони евра индиректно на богатите и на компаниите. Во таква ситуација нема шанси приходите да се зголемат за 200 милиони евра што значи дека и оној дефицит што е проектиран на 2,3 отсто од БДП нема шанси да биде толку, туку поверојатно дека ќе изнесува околу 3 отсто, што е релативно високо ниво на дефицит. Тоа понатаму значи дека потребите за задолжување ќе бидат повисоки од оние милијарда евра што се ставени во овој буџет, односно Владата ќе мора да се задолжи и повеќе од 1 милијарда евра за да ги задоволи сите оние потреби, што понатаму значи дека можеме да се доведеме во ситуација Владата да не може да ги сервисира тековно сите свои потреби, како што беше во времето на Груевски, кога се кочеа исплати во трезорот, кога не се враќаше ДДВ на фирми и слично. Владата нема да има големи приходи, нема да може да се задолжува во првата половина на годината, затоа што нели имаме избори во април и веројатно не би одела на таа опција да издава евро-обврзница до тогаш, што значи дека ликвидноста на буџетот до првата половина на годината ќе биде веројатно сериозно загрозена, односно можеме повторно да се доведеме во онаа ситуација која ја имавме претходно во времето на Груевски, кога државата не ги сервисираше редовно своите обврски“, вели Јовановиќ.

Во однос на изјавата на министерката Ангеловска дека прогресивниот данок ќе биде пролонгиран, Јовановиќ смета дека сите формулации „замрзнување“ или „пролонгирање“ се еуфемизми и дека всушност станува збор за негово убивање, и тоа со предумисла.

„Предумисла од страна на бизнисмените и вклучувајќи ја и министерката во истата група, која и доаѓа од таа заедница. Небитно е дали ќе го наречете замрзнување или укинување или тенденциозно убивање, важно е дека во наредните три години државата нема да има дополнителни приходи од прогресивниот данок, како што го имаше тоа оваа година. Тие пари кои ги губи по тој основ ќе мора да ги надомести на некој начин или со кочење на исплатите или со прекумерно задолжување. Моја проценка е дека во првата половина од годината додека да поминат изборите ќе има кочење на исплатите, а во втората половина ќе мора државата да се задолжи веднаш со обврзница од околу 500 милиони евра, што е ставено во буџетот, не е ни тајна“, додава Јовановиќ.

Тој вели дека носителите на одлуките не се воопшто свесни за овие работи.

„Јас разговарав со одредени луѓе од министерството за финансии во изминатиов период и на некој начин можеби насетував дека размислуваат да го укинат прогресивниот данок и им кажував да не си играат, затоа што ќе останат без пари. Ветувате многу работи, ќе имате огромни потреби за сервисирање, ќе ви бидат потребни пари. Им кажував дека не смеат да помислат на тоа затоа што ќе им треба пари, настрана сите оние идеолошки причини, знаеме дека министерката не го сака прогресивниот данок, но мислев дека размислуваат сериозно од гледна точка на тоа која функција сега ја извршуваат, но очигледно не ги сфаќаат они тие работи и се плашам дека немаат разбирање за јавните финансии и дека се на некој начин во улога кога на мало дете ќе му дадете да вози автомобил и тоа не знае што да прави“, вели Јовановиќ.

За крај, Јовановиќ дава три забелешки или апели за кои смета дека Владата треба да ги направи.

„Прво, никако да не се стопира, замрзнува, укинува или што и да е, прогресивниот данок, настрана идеологијата, тука имаме и практични аргументи дека државата не смеа да се донесе во ситуација да не може да си ги сервисира своите обврски. Второто е мерката што е за субвенционирање на придонесите на компаниите да се модифицира односно да се стават и тие два услови што ги спомнав, да се исклучат високопрофитабилните компании од мерката и да се исклучат високите плати. На тој начин ќе се заштедат околу 20 милиони евра. Третото е растот на пензиите, треба сериозно да се размисли дали е тоа нужно баш во овој момент или може да се почека. И ако сите овие три работи се направат, тогаш би се заштедиле негде околу 100 и нешто милиони евра, односно буџетот би имал околу 100 и нешто милиони евра повеќе“, заклучува Јовановиќ.

Дехран Муратов
Текст, камера и фотографија: Ангела Петровска
Монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ