• Latest
Војо Маневски

Ќе излеземе ли од последиците на транзицијата или таа е веќе состојба?

August 26, 2024
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе излеземе ли од последиците на транзицијата или таа е веќе состојба?

August 26, 2024 11:21
in ПОЛИТИКА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Често се прашуваме – како во историјата ќе биде забележано времето во кое живееме? Што ќе биде главната одредница по која идните генерации ќе нѐ паметат? Ќе има ли воопшто нешто позитивно што ќе биде вредно за паметење?

Да, Македонија стана независна држава. Ама колку среќа од тоа видоа нејзините граѓани?

Еден поим како алиби за целото ова време постојано се наметнува како рамка за опис на овие триесеттина години. Ја нарекувавме транзиција во деведесеттитe, но таа „преодна фаза“ се растегна и често се прашуваме дали не стана состојба. А ние кои имаме доволно години за да се сеќаваме, сѐ почесто се вртиме со носталгија за времето кога започна тој процес на транзиција.

Ако земеш од поединец и го дадеш на заедницата е неправда кон поединецот, нели? Но, кога земеш од заедницата и го дадеш на поединци како се нарекува таа постапка? Кај нас тоа се нарече транзиција, ама вие слободно крстете го со кое било име што означува слободна зона за човечката и системската непринципиелност – нема да погрешите.

Големите економски системи кои беа градени со децении, во транзицијата беа единствени кои можеа да се продадат на странскиот пазар. Се продадоа под низа од сомнителни постапки и последици. Правниот систем не реагираше, а последиците се провлекуваат досега. Една од таквите транзициски зделки беше и продажбата на Телекомот. До денес не се разјасни кој сѐ се офајди од таа „зделка“. Имаше и судски предмети кои навлегуваа во безбедносни сфери и низа кулоарски и новинарски теории, но никогаш за ситно напишаните букви од тој фамозен договор. За бона фидес спогодбата која не е никаде заведена како официјален контракт немаше ниту дебата, ниту објаснување за нејзината неопходност. Нашите органи на прогонот и правораздавањето ништо не превзедоа ниту истражија. Ама, да се потсетиме дека американските судови спроведоа процес и донесоа пресуди каде се осудени одговорни лица на компанијата, заради коруптивни постапки во државите каде се присутни.

Има ли вистина дека македонските политичари при продажбата ветиле монополска положба на Телекомот за една деценија работа на овој пазар, двојно подолг период од официјалниот? Владите се менуваа, ама монополската положба остануваше. Оправдување за сѐ беше дивидендата за уделот (процентот) кој остана во државна сопственост. Само, кој тоа ги плаќа високите сметки за да Телеком дели дивиденди? Граѓаните, чии сметки често се повисоки од што би требало. Оправдувањето е новинарски или секојдневен термин, ама за да стане правен факт треба да биде дел од правно дело и законска постапка. Ако таков документ нема, тогаш основата и за корупција и за сомнежи е поставена. Посебно ако фактичката монополска положба се остварува во долг рок. Кој и колку добивал за да се одржи таквата положба на пазарот се зборува одамна низ круговите упатени во проблематиката, но правен факт е дека постои меѓународна судска пресуда кој ја утврдува вистината дека компанијата се служела со корупција. Се разбира, нашиот систем си молчи, си молчат и медиумите кои очекуваат приход од рекламите на компанијата. Законот и правдата можат да почекаат некои други времиња – беше општо мислење во државава.

Но како што на опожарената Серта се јавила габа која го враќа животот така и во нашиот правен систем се појавуваат знаци дека сепак има надеж за граѓаните, дека ќе бидат рамноправни пред законот. Завршува ли времето на транзициските компании и транзициското судство? Реформата во судството ни е нужна пред сѐ нам како граѓани, но е и главен услов за нашето членство во ЕУ. Слободниот пазар и демократијата се во нераскинливо единство, слободниот пазар подразбира еднакви услови за учесниците во економската трка. Затоа со закон е забранета монополската положба на која било компанија. Ваква одредба со која се забранува монополската положба во САД е стара повеќе од еден век. Ако има монополска положба на некој субјект во политичкиот живот тогаш тоа прво е авторитарност, а после диктатура. Диктатурата дозволува монополска положба на некои стопански субјекти со што го загушува слободниот пазар и таа економија по извесно време влегува во криза, а со тоа и државата.

Ова го поставив во некој според мене логичен ред за да се види значењето на антимонополските закони и нивното применување. Во случајот на Фокуснет за кој веќе пишував, државниот орган кој  ги регулира ваквите односи на пазарот, со наша домашна спорост, сепак се произнесол и утврдил дека Телеком го прекршил законот. Врз основа на ваквото решение и надлежниот суд (Управен суд во две инстанци) пресудил дека компанијата Телеком неправедно го истиснал од пазарот Фокуснет кој во тој момент имал капацитет за најмалку 14% од пазарот на интернет услугите во РМ. Ова се правни факти утврдени од надлежен орган и надлежен суд. Нивно дезавуирање со слободна интерпретација со лаконски заклучоци во ниту една пристојна правно уредена држава не се дозволени.

Токму правниот факт дека Телеком го прекршил законот е основа за пресметување на штетата која ја нанел врз Фокуснет, а која се утврдува во судска постапка при надлежен основен суд. Во таа постапка не се разгледува фактот ДАЛИ е настаната штетата, туку КОЛКАВА е таа. А штом веќе е правосилно пресудено дека некој неправедно е исфрлен од пазарот, сигурно е дека бил оштетен. За да се пресмета колкава е штетата се бара стручно вештачење од со закон определени институции и лица.Судот својата одлука мора да ја донесува врз наодите на вештачењето.Убедувањето на судијата мора да биде засновано врз факти кои се докажани низ судскиот процес. Во пресудата на основниот суд, токму стручното мислење е занемарено преку формулации кои се спротивни од вештачењето, па судијата дури си дозволува да го критикува истото со вокабулар од тужениот, иако вештачењето во текот на постапката е прифатено токму од судот… малку сомнително, нели?

Овде е границата меѓу транзициското судство и судството кое се држи до законот и правото кое ги уредува односите во државата. Правен факт е незаконското однесување на Телеком потврдено со пресудата на Вишиот управен суд и тоа не смее да е предмет на преиспитување од Основниот суд. Овде да не зборуваме за траењето на судскиот процес во разумен рок – формулација која стои во секој од Извештаите на ЕУ за состојбата во нашето судство. Неправедната состојба се провлекува цело време додека се води спорот, а тоа е дополнителна штета врз економските субјекти на пазарот.

Ако сакаме учебнички пример на транзициски менталитет на судиите тогаш пресудата на Основниот суд треба да се изучува како таква. Очигледно имало двојна калкулација. Или да се обесхрабри Фокуснет после долгиот процес или да се остави повисокиот суд да ја преземе одговорноста. Ако пак повисокиот суд ја врати на повторно судење, давајќи инструкции за утврдување и појаснување на некои факти,  процесот станува дел од разни притисоци и спогодби. Така се доаѓа до 2% доверба кај граѓаните. Не мора да значи дека овде преовладува свесна намера на судијата, туку веројатно тоа е тој транзициски менталитет на судиите кога не се осмелуваат да пресудат на штета на компаниите, зад кои мислат дека стојат некои политички и други центри на моќ. Судскиот совет е замислен како орган кој треба ваквите пресуди да ги разгледува и сите сомнежи за влијание од било која страна да ги санкционира. Не да ги санкционира пресудите, туку судиите кои не постапиле по закон. Слободното судиско убедување не смее да е надвор од законите и правните институти, туку напротив да е за нивна афирмација и примена. Место закани кон судовите кои го применуваат правото треба да се разгледуваат постапките на судиите чии пресуди се враќаат или променуваат од повисоките судски инстанци. Овој менталитет провладува и кога се работи за други области од правниот систем. Патем, можеби не е лошо да се спомене дека токму за овој предмет има претставка до Судскиот совет и за судијата кој го водел овој предмет во Основниот суд.

Деновиве имаме уште една афера поврзана со судството каде дури и кривичната постапка и кривичниот закон се толкуваат како декларација на невладина организација.

Ако државата има удел во сопственост на компанијата, нејзина обрска е следењето на законското работење на компанијата. Ако се наруши угледот на компанијата и падне нејзиниот профит се намалува ли и делот кој го добива државата? Владата според Устав има должност да ги гарантира еднаквите права на субјектите во правниот сообраќај и на слободниот пазар. Ако постапува поинаку, таа го спречува слободниот пазар, грижејќи се само за дивидендата од една компанија, намалувајќи го делот кој преку даноци од други компании го внесува во буџетот. Како пресипување од еден во друг џеб, а при тоа едниот е малку рашиен, па парите лесно се лизгаат од него. Како што реков дека на Серта се појавила нова габа која ја ревитализира изгорената природа, така и пресудата на Апелациониот суд покажува дека вака веќе не може и мора да се работи на реформи во судството. Пресудата на основниот суд е изменета и досудена е отштета за Фокуснет. Пресудата вели дека според вештачењето е направена штета од околу 136 милиони денара плус каматата за означениот период. Бидејќи пресудата е јавно објавена на порталот на Апелациониот суд, си зедов за право да прочепкам низ неа. Судските одлуки не се коментираат во тек на процес, но отпосле е сосема легитимно. Без да навлегувам во детали, мојот прв, втор и конечен заклучок е, па зошто реагира Телеком кога во пресудата од Апелација повторно се правени компромиси во нивна корист, а на штета на Фокуснет? Да бидам јасен, пресудата е сосема технички коректна ги зема сите факти во предвид, пред сѐ затоа што пресудата се базира на фактите кои веќе се докажани, а кои судот морал да ги прифати – пресудата од Управните судови со кои е докажана вината на Телеком и вештачењето кое е на барање на Судот и е составен дел од предметот.

Но во делот кога треба конкретно да се утврди висината на оштетата, судиите направиле компромиси кои се реликт токму на таа транзициска саморегулација. Прво, се крати рокот за пресметување камата и второ, во предвид се зема само дел од годините кои претходно со Решение од Судот биле утврдени како период за пресметка на штета. Имено, наместо камата да се пресметува од моментот кога настанала штетата, Апелационен суд досудува да се пресметува само од денот кога е доставено вештачењето и второ, ако веќе судот одредил пет години за кои би се пресметувала камата, зошто не се оди од датум до датум (од денот кога е истиснат од пазарот Фокуснет 18.12.2002, па до 18.12.2007 година), туку  се зема по години. Така од пресметките отпаѓа целата 2007 година, а 2002 година од каде се земени само 13 дена, се смета како цела година. Во истата конотација, зошто воопшто да се крати рокот за кој се пресметува штета, кога тој рок е утврден со решение од самиот Суд и со тој рок е даден налогот за вештачење? Образложението зошто за 2007 година и 2008 година не се доделува отштета некако стои на тенок мраз.

Кога се знае ова, изненадува соопштението од службите на Телеком кое е повторно пример на транзициски менталитет. Има ли таков предмет на правните факултети во државава каде се проучува нов институт во теоријата на правото? Место оспорување на правните факти или можно кршење на процедурата, при нивното утврдување тие упоребуваат квалификации кои не се и не треба да се дел од ниту еден судски процес. Овде се појавува и друг проблем во нашето општество. Влијанието на богатите компании кои го имаат врз медиумите. Медиумите живеат од рекламите, а највисоки се токму од компаниите со висок профит. Смеат ли медиумите да се лишат од неопходни приходи? Новинарите и можат да бидат објективни, ама менаџментот на медиумите тешко дека тоа може да си го дозволи – резултатот е објавување, па повлекување на прилозите, ама тоа веќе не е новинарство, туку маркетинг. Се вршело притисок врз судиите при донесување на пресудата!?

Тоа е соопштение од компанија која има веќе пресуда за нејзини раководители, кои се служеле со коруптивни дејанија во државите каде ја остваруваат својата дејност. Пресуда донесена врз правни факти, а не кулоарски оговарања. Во секој пристоен правен систем ваквото соопштение се смета за притисок врз судскиот систем и негација на органите и судовите кои имаат веќе донесено свои акти. Па пресудата на Виш управен суд е рамна на закон според сите толкувања на правните акти! Ова е доказ дека долгите години на ерозија на судскиот систем доведоа и до нов менталитет кај субјектите во правниот сообраќај.

Сѐ е можно ако се притисне на вистинското место. А за довербата кај граѓаните не е време да се мисли.

Деновиве излезе анализа на некој институт од ЕУ каде се предвидува дека за дваесеттина години ќе бидеме само еден и пол милион жители во државава. Па кому ќе му се суди и кој ќе биде субјект на слободниот пазар? Кому Телеком ќе му нуди услуги, ако рушејќи ја правдата, државата ја остава без жители? Колку постарите граѓани ќе имаат потреба од вашите услуги господа? Ако и тие можат да си ги плаќаат со девастираните плати и пензии. Колку со вакви поведенија го рушите и угледот на реномираните компании кои имаат удел во сопственичката структура на Телеком? Вака директно работете во намалување на нивните добивки. Но, тоа си е ваш проблем и ќе си го решат акционерите, но судството останува не само заробено во некакви замислени игри на политички моќници, туку заробено во транзицискиот менталитет. Ако се сопре конкурентноста, новите претприемачки идеи и организации во економијата, кој ќе ви го полни судскиот буџет господа во тоги? Кој ќе ви ги исплаќа високите пензии?

Транзицискиот менталитет вели мој Стојанче да си дојде, а одговорниот високо ценет правораздавач размислува неговата пресуда да стане правен пример за доследно применување на законот. Затоа мора да бидат поддржани сите вакви судии, а оние со транзициски менталитет треба да транзитираат од судството. Дојдено е времето за дилемата. Или тие или опстанокот на државата!

За политичарите сега е времето на ХИК РОДОС, ХИК САЛТА!


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: политикаТелекомтранзицијаУправен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ