• Latest
„Кој јаграбна Европа“ /  По митологијата бикот ја грабнал убавата Европа а жителите на островот немо гледале како им се оддалечува (репродукција на слика на Гоја)

Ќе ја преболиме ли Европа?

July 13, 2023
Креирано со помош на ВИ

Слектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

January 27, 2026
Скриншот од видео на WGN News

Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

January 27, 2026
Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

January 27, 2026

Ненаучени лекции: Многу пари, малку демократија – политичка конкуренција и финансирање на кампањите пред локалните избори 2025 (14)

January 27, 2026
Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

January 27, 2026
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Ќе ја преболиме ли Европа?

Извесна националистичка елита во земјава, кога на власт не беше ВМРО ДПМНЕ, во раните 90-тио години, беше облечена во црни кошули. Не ги симнуваше, се додека не дојде промената во октомври 1998 година. Потоа носеа само  бели „ризи“. Се прашувам дали овој измачен народ, кој сега увидува некакви перспективи, за себе и поколенијата, ако не поминат уставните измени, од есенва масовно ќе ја внесе црната боја во својата секојдневна гардероба?  Оплакувајќи ја Европа...

July 13, 2023 13:22
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
„Кој јаграбна Европа“ /  По митологијата бикот ја грабнал убавата Европа а жителите на островот немо гледале како им се оддалечува (репродукција на слика на Гоја)

„Кој јаграбна Европа“ / По митологијата бикот ја грабнал убавата Европа а жителите на островот немо гледале како им се оддалечува (репродукција на слика на Гоја)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Интервјуто на високиот претставник на ВМРО ДПМНЕ Оливер Андонов во Студио 10 на ТВ 24 Вести јасно покажа дека сепак постојат големи разлики во врвот на оваа опозициона партија во однос на измените на Уставот, кои, иако банални по својата природа, можат да ја упропастат иднината на земјата преку самоволието на лидерот Мицковски. Но, засега, како што стојат работите, поблизу сме како земја до позиција на де-европеизација, кога ќе ни останат во рацете само епските сеќавања од пред 100 и повеќе години а што се обновија последната деценија во одредени кругови за „блудницата Европа“!

Дефиницијата на Манџуков за Европа

 Јавни личности, усно или напишано, често истакнувале дека политиката на Европа кон Македонија никогаш немала многу смисла и наклонетост, дека се одликувала главно со маска на лажна и лицемерна дипломатија кога станувало збор за македонското прашање и судбината на македонскиот народ. Најчесто се цитира едно писмо од 1898 година, во кое деецот Петар Манџуков на гемиџијата Константин Кирков му пишува дека „далеку позагрижувачко е поведението на Европа, таа вавилонска блудница, која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот, а која одлучува за судбината на нашиот народ“. (https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/македонија-и-блудницата-вавилонска/). Авторот на текстот со овој цитат, Панде Колемишевски укажува дека оваа синтагма и денес се користи во дебати за да се објасни современиот однос на земјите од Европската Унија кон сегашната независна Македонија. Значи синтагмата „блудница вавилонска“ се’ уште постои во многу глави.

АВТОРОТ НА СИНТАГМАТА Анархистот Манџуков е творец на дефиницијата за „блудницата вавилонска“ ама парите за организацијата и дипломата му ја дала токму таа Европа?

Она што ги покренува овие релации на тема Европа-Македонија не е само нашата напната внатрешно-политичка ситуација, пред можното отворање на уставните промени кај нас, туку и една чудна анкета на ИРИ која покажува неверојатен парадокс кај нашето јавно мислење. Доколку појдеме од тоа дека истата е релевантна, бидејќи во себе има доста парадокси!

Имено, во однос на евроинтеграциите на Македонија, анкетата покажува дека има раст во поддршката за членство во ЕУ споредбено со последната анкета од октомври лани – 79 отсто од граѓаните се ЗА земјава (да влезе) во Унијата, наспроти 17 отсто што се против. Најголем поддржувач за Македонија од земјите-членки граѓаните гледаат во Германија, а најголем опонент во Бугарија. На прашањето „дали ги поддржувате уставните измени за вметнување на Бугарите во основниот акт за продолжување на преговорите, 44 отсто одговориле дека се целосно против, а само 10 отсто се согласуваат за промена на уставот. Ако првиот човек на опозицијата наоѓа некаква врска меѓу овие крајности, зошто таа „привилегија“ да ја немаат испитаниците, најчесто негови членови, кои генерално се за она „и глава во берберница и дупе во асџилница“, па ти најди му го крајот.

(Истата агенција во октомври лани констатирала дека во однос на 2021 година поддршката за зачленувањето во ЕУ паднала за 11 процентни поени. На прашањето дали земјата треба да се зачлени во Унијата, позитивно одговориле 73 отсто, а негативно 24 отсто. Во 2021 година  „за“ биле 84 отсто, а „против“ 14 отсто).

Иако поддршката за членство во Унијата е сѐ уште висока, практично по еден пад имаме покачување на симпатиите кон Стариот континент од 2021 г. , но тоа не е случај со поддршката на актуелниот преговарачки процес за интеграција во ЕУ. Над половина од испитаниците биле против него и против внесувањето на Бугарите во Уставот, како услов за да се отворат поглавјата од преговорите. Околу една третина граѓани рекле дека се за процесот и за уставните измени, а другите не одговориле на тоа прашање.

Објаснувањата на Растко Петровиќ

Најблиску до објаснувањето на таа разлика во толкувањето на Европа кај овдешните народи ја дал Растко Петровиќ (1898 – 1949) кој смета дека нашата сопствена конструкција на „Европа“, која како таква ја имаме во главата, не постои во реалноста, и затоа постојано создава чувство на несоодветност, бидејќи, секогаш претпоставувате дека целосно се реализира насекаде, освен во вашата сопствена куќа.”

Разочарувањето од Европа се должи на искривената, неточна слика што за Западот сами си ја креираме – вели Растко Петровиќ

Овој писател и дипломат смета дека нема што да се расправа за Европа бидејќи „таа расправа за Европа веќе се случила“. Или – она што порано е дефинирано во јавноста залудно се поправа сега. Блудница вавилонска, нели….

На оваа тема говори и книгата на Зоран Милутиновиќ „Преболување на Европа“ која неодамна беше објавена во издание на Геопоетика. Авторот се занимава со изградбата на ликот на Европа во делата на  интелектуалците и писателите меѓу двете светски војни  Како го гледаат својот народ во споредба со Европа? Како преовладуваат дихотомиите и како се покажа чувството за нијанси? Како тогашната интелектуална елита го гледала нашето место во Европа?

Зоран Милутиновиќ – Го третираме Западот како „нормален свет“ кога се споредуваме со тој сегмент од планетата ама потоа на истата дефиниција забораваме

Ова се само дел од прашањата кои ги потегнува Зоран Милутиновиќ, професор по јужнословенска книжевност и модерна книжевна теорија на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL). Зоран Милутоновиќ е член на Европската академија на науките, Academia Europaea и бил визитинг професор на повеќе универзитети во Европа и САД. Автор е на шест книги.

Како во „целиот нормален свет“

Милутиновиќ смета дека на Балканот на Европа се гледа „како канон на културните вредности, како модерност, како империјализам, како христијанство и во исто време со исчезнувањето на христијанството, како единствен културен идентитет, како самоконтрола и дисциплина. Тие конструкции на Европа ….секогаш се дел од една посложена игра во која народите истовремено градат свои слики при зборувањето за Европа. Но, Европа не може да се споменува вон одреден контекст. На пример Австрија себе се гледала како претставник на католицизмот и за себе го земала тој примат или Франција после револуцијата се гледала како учител по институционалната демократија! “

Интересни се забелешките на овој професор за тоа како во исто време ние сме разочарани од Европа и нејзината – да речеме несолидарност – а од друга страна знаеме да велиме (заклучуваме) „во целиот нормален свет“ или „во целиот цивилизиран свет“. Белким, нема да побегнеме од фактот дека при таквите слики гледаме некоја (па и било која) земја од западниот свет! И бараме ние да се усогласиме со некои однесување и размислување со погледот во правец на зајдисонцето.

А зошто кај нас забележуваме толку многу погледи кон изгрејсонцето? Како одеднаш „нормалниот“, „здравиот свет“ го менуваме за светот на кремлинските  катакомби, оние што постоеја од Иван Грозни се до Сталин и Путин? Од каде тоа враќање кон свеста која се родила во времето на расколот во христијанството во половината од 11 столетие? Па имаме ли прифатливо, вистинско христијанство и некое „одродено“!

Авторот на споменатата книга посочува на уште едно име од историјата (како контрапункт на оние кои биле прозападни мислители) кој несомнено имал влијание и врз свеста и во Македонија.

За негирање на западните вредности многу придонесе српскиот владика Николај Велимировиќ (епископ Охридски!) кој тврдел дека „Европа го предала христијанството“

Се работи за Николај Велимировиќ (1880 – 1956) кој бил епископ Охридски. Истиот, несомнено со контакт со тукашните верници, постојано говорел дека „Европа го предала Христа“.  За него Европа била пред се континент на христијанството а потоа таа ја отфрлила дефиницијата. Тој секако бил згрозен од ужасите на Првата светска војна а видел дека доаѓа и ново масовно крвопролевање (следната светска војна). Бил незадоволен и од состојбите во Кралството Југославија заради судирите меѓу Хрватите (ги гледал како католици) и Србите (кои се православци). Но, модерните движења, напротив, не учат дека во новата Европа токму малите народи  (Финци, Чеси, Бугари, Романци, Словаци, Словенци) многу лесно ги вклопиле своите амбиции и потреби. Тие се на пат по кој чекорат напред, имаат јасни, отворени перспективи. Професорот Малески овие народи ги нарекува „среќни сардини“ и ги споредува со „несреќните китови“ како што се Кинезите на пример!

Од друга страна еден народ како Курдите има над 20 милиони население, живеат во четири одделни држави и сонуваат да имаат барем сопствена држава. Малески потсетува дека двомилионската, многу мала Македонија има барем своја, независна држава, членка на ОН. Дали некој како Мицковски сака да ги упропасти тие дострели, би додале, со својата некадарност и лоша мисла, да уништи практично се’ што тука е постигнато (од други политичари) оваа есен?!

Што е тоа „вистинско христијанство“?

 Впрочем, потпирањето на размислата за иднината преку сликата за „вистинското христијанство“, што кај нас се негува во последно време, како подржување на партријарси во практиката на Третиот Рим јасно се покажува фалшлива, дури и сосема спротивна на елементарните религиски (не само православни) етички погледи. Русија ја нападна православната Грузија и и одзеде дел од територијата. Украина беше нападната и во 2014 година, со одземање на значаен дел од територијата а втората наметната војна е во тек со сите ужаси кои се предизвикани и кои никако не можат да влезат во портретот на „вистинското православие“, освен кај неколку наши владици, кои не се неважни во раководството на МПЦ.

И на Ерменија, да се потсетиме, не и се помогна кога требаше, иако постоеше договор во таа насока со Москва, во војната со Азербејџан а за Молдавија исто така да не говориме… Што би рекол на ова да е жив споменатиот Николај Велимировиќ, доколку сега го вклучи телевизорот? Кој го предава сега христијанството? Впрочем, да излеземе само малку од темата и да споменеме дека да не беа актуелните политичари на власт преку потпишувањето на  Преспанскиот договор немаше да тргне ниту признавањето на автокефалноста на МПЦ во ареалот за кој е таа заинтересирана (да посетиме дека Грција, како копотписник на договорот е дел од Европа). Исто така влезот на земјава во НАТО од страна на обичниот човек сепак е виден како осигурување на нашите граници и беше поздравен со размислата „ете, сега навистина имаме држава“..

Економската страна на придобивките од последните години, која е сосема сплотена со постоењето на иднината на земјава и сопирање на одливот на младото население е врзана за странските инвестиции кои не дојдоа тука зошто му веруваат на Мицковски и неговата камарила, Обратно, туку затоа што странските инвеститори (сите од западните земји) гледаат во мигот кадарна елита во земјава која е подготвена да се држи до визиите за модерна, привлечна држава. Онаква во каква тие би ги вложувале своите пари. Во спротивно гледаме дека капиталот лесно ќе се отсели. Колку работни места ќе се изгубат? Еве, застојот кој го направи Србија (знаеме и зошто) деновиве ја чинеше заминување на 11-тиот странски инвеститор (фабрика за џинс во Врање) за кусо време! Може ли некој да научи нешто од овој пример?

За крај, да потсетам дека извесна националистичка елита во земјава кога на власт не беше ВМРО ДПМНЕ, во раните 90-ти години, беше облечена во црни кошули. Не ги симнуваше, се додека не дојде промената во октомври 1998 година. Потоа носеа само  бели „ризи“. Се прашувам дали овој измачен народ, кој сега увидува некакви перспективи, за себе и поколенијата, од есенва масовно ќе ја внесе црната боја во својата секојдневна гардероба?  Оплакувајќи ја Европа…

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ