• Latest

Коѕијас во Скопје и нова рунда преговори за името до крајот на март

March 5, 2018

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас во Скопје и нова рунда преговори за името до крајот на март

March 5, 2018 10:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Втората половина на март шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас треба да пристигне во посета на Скопје на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а нова рунда за преговарчкиот процес под раководство на медијаторот Метју Нимиц се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април, најави премиерот Зоран Заев.

– Имаме најава дека Коѕијас ќе  долета третата или четвртата недела од март, и со негово доаѓање  на аеродромот Скопје ќе може да направат обиди за приближување на ставовите, а преговарачкиот процес ќе продолжи под раководство на медијаторот Нимиц, рече Заев по синоќешната средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот Заев очекува Коѕијас во Скопје да ја презентира грчката нацрт-верзија за решавање на спорот за името.

– Ја очекуваме првата драфт верзија да дојде со министерот Коѕијас, така е договорено. Нека дојде, имаме право на свои коментари  или било што. Ова може да помогне, но може и воопшто да не се разгледува, може да не биде и предмет на разговорите. Сепак, не е на одмет секој развој на идеи кои би се случиле, а би биле од помош да бидат разгледувани од која било страна ако дојдат на маса, рече Заев.

Заев и Мицковски

Тој посочи дека го информирал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски  за детали во делот на разговорите со Грција и за намерите како да течат преговарачките  процести, но и оти двете страни остануваат на своите позиции.

– Секако тие остануваат на нивните познати ставови. Ние сме исто така  на нашите познати ставови. Остануваме оптимисти  дека може да се најде решение  за овој горлив проблем, што постои повеќе од 25 години, но притоа секако тоа мора да биде со зачувување на достоинството, идентитетот на двете страни во разговорите за името. Секако продолжуваме и понатаму меѓусебно да се информираме. Се надевам дека по ова прашање ќе можеме да изградиме национален консензус, рече премиерот Зоран Заев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што потврди нејзиниот лидер,  остануваат на нејзините познати позиции за прашањето за името.

– Можам да констатирам дека нема поместување од презентираното на лидерската средба. Јас го повторив нашиот конзистентен став дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, со цел промена на уставното име, а за идентитетските прашања како што се јазикот и нацијата не треба да се разговара, рече Мицкоски по средбата со Заев.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаЗаевимеКоѕиасМакедонијаМицкоскиПреговориспорсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ