• Latest

Кој го уби Кенеди или зошто служат парламентарните комисии?

November 26, 2025

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој го уби Кенеди или зошто служат парламентарните комисии?

Овие парламентарни тела во светот често решавале и многу компликувани случаи кои го загрозувале општеството. Кај нас тие форми на контрола на законодавната врз извршната власт не биле ефикасни заради незрелоста на оние кои биле најодговорни за функционирање на новиот политички систем

November 26, 2025 15:04
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

 Сакате ли да дознаете кој го уби Кенеди? Па тогаш гледајте го филмот на Оливер Стоун од 1991 година „JFK“, кој е преокупиран со таа тема. Каква е врската на ова прaшање со функционирањето на парламентарните комисии? Авторот е секако инспириран од наодите на Сенаторската комисија формирана во 1979 година која утврди постоење на заговор во атентатот на американскиот претседател. Ова секако треба да се прими како сознание за постоење на едно зрело демократско општество што со голема одговорност прифаќа и да коригира нешто што правосудството не го завршило како своја редовна задача.

Истовремено филмот и претходно споменатата комисија потврдуваат дека ваквите тела можат да згрешат – првобитната комисија формирана две недели по атентатот на претседателот Кенеди во ноември 1963 година, позната како Воренова, го затворила случајот со практично лага дека убиецот бил сам со својата омраза, со што ја спуштила завеса зад монструозната машинерија, спој на политичката и криминалната мафија.

Која очевидно постоела во тој случај.

ЗАШТИТА Вореновата комисија во САД го имаше како раководител првиот човек на Врховниот суд ама сепак ги заштити органзиаторите на убиството на претседателот Кенеди

Имаме две вистини овој пат за постоење на тела кои се речиси идентични, со тоа што со Вореновата комисија управувал и претседателот на Врховниот суд ((), по барање на в.д. претседателот Џонсон а додека втората била исклучиво иницирана  од Сенатот и институционално била – независна!

Пожарот во Кочани не беше спречен, но затоа власта постојано фрла вода врз својата одговорност

Овој вoвед кој навидум не соодветствува во она за што треба да дебатираме јавно во текстот. Сепак е само некаква слика која ги става во некаков контраст две различни активности на едно исто парламентарно тело. Овие тела можат да дадат совршени алиби стории за да покријат несомнени промашувања низ официјалните судски процеси и нивните ефекти, но ете, можат понекогаш да отворат пат кон вистината и многу подоцна да послужат како алиби за вистинската улога на парламентаризмот кој е замислен пред се како контролор и на извршната па и судската власт.

Темата се наметна откако две партии во македонскиот Парламент паралелно со стартот на судењето за аферата „Пожарот во Кочани“ иницираа да се направи своевиден рестарт на нешто што и не мораше да го чека истражниот ефект на обвинителството, што пак траеше половина година. Се работи за политичката одговорност, која може да се препознае во судскиот процес, кој и онака ќе биде маратонски, но и не мора! Вистина е дека тој одговор за политичката одговорност и толку не мора да се измолкнува низ конкретните докази и параграфи, доволно е да се види и од степенот на одговорноста што претставници на власта го презеле во мигот кога полагале заклетва токму пред овој собраниски состав или биле гласани од истиот.

Јасно е дека потенцијално обвинетите во евентуалната анкетна комисија се борат од првиот момент да ја пренасочат одговорноста кон кривично -правните сегменти на настанот во кој загинаа 63 лица а близу 200 се повредени, многумина тешко и се квалификувани како телесни инвалиди! Самиот политички врв до сега вешто менаџираше процес на ишкање на својата евентуална вина, спречувајќи да се ефектуираат многу спонтани настани (студентските протести во најава да речеме или омасовувањето на протестите на граѓаните во самото Кочани). При тоа премиерот и неговата екипа го држат републичкиот јавен обвинител на кусо јаже цело време, и тоа уште пред настанот со пожарот во дискотеката, допуштајќи му (!) потоа сепак да ја води кривично-правната истрага со јасно поставен условен механизам на негово дотолчување.

Едно Собрание, две тактики, три сценарија

Оттаму, таа истрага временски се измиголи, особено во правец барем да се наѕрат некакви првични контури на опфатеност на повисоките ешалони на локалната и централна власт. Таа можна слика, само како почетна контура се виде некаде при крајот на летото, кога белки заради одморите притисокот врз истрагата се намали ама и заради локалните избори кои беа пред вратата. Па Мицкоски и екипата не сакаа да си дозволат да бидат пореметени од ништо странично при висок влог во омајување на гласачката маса!

Тука само најкусо да се осврнеме на ситуацијата во Парламентот во мигот, иако е јасно дека читателите на Цивил Медиа ги следат дневните настани и имаат релативно јасна слика. Но заради правилата на новинарството да укажеме дека пратениците од СДСМ веќе побараа формирање посебна анкетна комисија што би ја истражувала трагедијата од сите аспекти – од евентуалните административни пропусти, до функционирањето на инспекциските служби и на локалните институции пред пожарот ама секако и оние на републичко ниво (што провладините медиуми не сакаат дури и да го евидентираат како дел од мотивот на Бихаќка!). Чувај боже од уроци. Токму заради оваа иницијатива како да се забележуваат и нечии отсуства од јавниот живот, дури и на министри, паралелно со најави за некаква сакам-не сакам промена на потенцијални пет министерски места на Илинденска број 2.

Мотивот за нивно отсуство во јавноста значи може да биде – двоен.

Паралелно со оваа иницијатива лидерот на Левица, Димитар Апасиев, најави дека постојаната анкетна комисија – чиј претседател е токму тој – ќе закаже седница посветена на истиот случај. На минатонеделната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, потврди дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставка поднесена од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Овие два погледи, на СДСМ и Левица, кои немаат генерално разлики меѓу иницијаторите во однос на целта, се поделени од едно големо „ама“ а тоа е секако очекуваниот отпор на пратениците од владејачкото мнозинство кои засега не се гласни заради нервозата во јавноста, нагласена и со интересот на регијата по првиот ден на судењето на случајот во дискотеката „Пулс“. Локалните избори завршија ама нагазни мини за власта секако постојат, особено заради вкупните катастрофални состојби на секој план во земјата каде дневните проблеми си притискаат со своја тежина.

Тезата за „некрофилската политика“ на опозицијата која ја говори премиерот и ја користи одвреме-навреме секако не држи вода: за настани со многу помал број на жртви политичката одговорност доаѓала без било какво колебање – па постојано ги споменуваме случаите со пожарот во дискотека во Букурешт или железничката несреќа во Грција, да не говориме за протестите што ја поделија Србија на два поларизирани делови по загинувањето на 16 лица на железничката станица во Нови Сад.

Освен за реторички изразен отпор на Мицкоски постои една нова тактика на власта – преку своите новинарски пера сега се коментира дека двете истраги (онаа која се обзнанува во специјалната судница во Идризово) и онаа која би ја водела собраниска комисија би можеле да се судираат меѓу себе и да создадат „замешателство“.

Од она што гледаме во мигот на клупата на обвинетите во судницата во Идризово таква „збунка“ не се препознава а не се потврдува ниту во најавата за проширување на истрагата во сферата на институцијата на УЈП, која претходно остана „virgo intacta“ а сега одеднаш се приведени 11 лица од таа сфера ама одново го нема врвот од таа значајна вертикала!

Каква е перцепцијата на фелата

Според некои коментари во правната фела околу кривично-правниот сегмент можеби добро би дошло и извесно растоварување, кое само би започнало со извесната истрага за улогата на УЈП што паралелно ќе ја  води Јавното обвинителство а парламентарниот интерес може да прошара по оние функции кои до сега не се чепнати. Значи актуелната воздишка на власта по стартот на судењето во Идризово засега не би важела!

Рака на срце и републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски смета дека не треба да има двојна постапка  – „мое лично мислење е дека во овој момент се води судска постапка и не би било целисходно да се води и анкетна комисија, имајќи в предвид дека таму може ќе се расправаат работи кои би биле дел од судската постапка, меѓутоа на политиката и оставаме таа да реши“, изјави Коцевски на 19 ноември во интервју за ТВ Сител.

Изненадува дека обвинителот Коцевски сепак треба да разликува политичка од кривична одговорност! Ова добро го објаснува поранешниот пратеник и претседател на Собранието – Тито Петковски. Тој потсетува дека уставната улога на анкетната комисија е контролна. „Таа е инструмент преку кој Собранието проверува дали носителите на јавните актуелни функции си ги извршиле обврските и дали пропустите довеле до последици како во случајот со Кочани. Анкетната комисија не е истражен орган. Не навлегува во судска или обвинителска работа. Таа утврдува само политичка одговорност,“ објаснува Петковски.

Тој смета дека иако е задоцнетото формирањето на анкетна комисија, со искрени намери може да доведе од утврдување на политичка одговорност кај актуелни функционери, што е различно од кривичната одговорност која се бара во Судот. „Тие се сосема две различни работи и не смеат да се мешат“, дециден е Петковски.

За Петковски, доцнењето од осум месеци е јасна одлука на власта да избегне политичка одговорност во моментот кога трагедијата беше свежа. Според Петковски, министерот за внатрешни работи требало да поднесе оставка веднаш по трагедијата, како чин на политичка и морална одговорност, нешто што, како што вели, е пракса во развиени демократии. Како пример го наведува случајот во Словенија, каде министер бил сменет и за многу помала последица, со само една жртва.

Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорноста на носителите на јавните функции. По исклучок, анкетната комисија се јавува и како постојано работно тело. Таков е случајот со Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, основана при Собранието на Република Македонија на почетокот од мандатот.

Во меѓувреме партијата од власта со коалиционите партнери дилемата околу формирањето на анкетна комисија во Собранието ја разрешува според планот „Б“ – ако веќе мора да се формира таа да добие на широчина во која „случајот Кочани“ просто ќе плива. Таа комисија по овој предлог треба да истражува други настани како што се две сообраќајки – онаа во Ласкарци и онаа во Бугарија па и нешто згора. Едноставно се да се разводни, да се развлече до крајот на мандатот на потенцијално одговорните! Зад таа замисла се собрани над 70 потписи од пратениците или од целото коалиционо мнозинство во Парламентот, додека иницијативата на опозицијата претседателот на Парламентот Гаши ја оцени како процедурално менлива и ја тргна засега од потенцијална процедура! Не ја побива ама решил да ја „шета“.

Ефектот на досегашните комисии од овој тип кај нас

 Мора веднаш да се каже дека постоеле многу случаи за кои Собранието формирало вакви комисии, но тие никогаш не биле форматирани вака како што сака сегашната позиција! Да видиме колку вакви ситуации до сега се решавала преку вакви уставни можности? Вредните собирачи на податоци за оваа тема констатирале дека во периодот од 1991 до 1997 г. Собранието има основано вкупно пет анкетни комисии: за испитување на околностите околу протестните собири во Куклиш, Радовиш и Скопје (1992).

ВЕЌЕ ЗАБОРАВЕНО Дали некој се сеќава на резултатот на работата на Анкетната комисија за немирите на Бит Пазар во 1993 година?

Тие настани се одвивале на три места ама со еден повод, да разјасниме. Потоа за настаните на Бит-пазар во Скопје (1993); за настаните во РЕК-Битола, предизвикани со штрајкот и хаваријата (1993); за утврдување на одговорноста за увоз на доматите и краставиците во Република Македонија во 1995 и 1996 г. (1996); за согледување на евентуалните пречекорувања на овластувањата при интервенцијата на полицијата во Гостивар (1997).

ГОСТИВАРСКИ СУДИР ОКОЛУ ЗНАМЕТО И за овој настан од 199т г. беше основана Анкетна комисија

При овие иницијативи во 90-тите се јавуваат и индикативни отпори при  формирање некакви тела. Така, пратеничката група на Либералната партија поднесе иницијатива за основање анкетна комисија за расветлување на околностите околу атентатот на претседателот на Републиката Киро Глигоров (на 4 октомври1995), но истата не беше прифатена од парламентарното мнозинство, предводено од пратениците на СДСМ.

ЛИБЕРАЛИТЕ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА  По атентатот нврз Претседателот Глигоров не беше прифатен предлогот Собранието на РМ преку анкетна комисија да го испитува овој настан!

Не беше прифатена ни иницијативата за формирање анкетна комисија за испитување на аферата „Прислушување“ (2001) од страна на парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. А ова може да се провери и дознае повеќе во делото на професорот Светомир Шкариќ – „Споредбено и македонско уставно право, Скопје, или на следниот линк.

Да споменеме тука и дека Анкетната комисија за Онкологија, која беше формирана заврши без заклучоци. Тоа се случи кога имаше обид да се утврди политичка одговорност по објавувањето на аферата за злоупотреба на биолошката терапија на Клиниката за онкологија.

Расправата во оваа комисија по неколку месеци се оконча брз утврдени заклучоци за политичка одговорност. Заклучоци имаше кога анкетна комисија расправаше за масовното прислушкување на пратеници и новинари (2001 година) но и во Извештајот на ЕУ се констатираше дека во спроведувањето на заклучоците во пракса има проблеми! Инаку во таа афера многу наши колеги имаа можност да си го чујат гласот како звучи во „удбашка“ верзија.

Може нешто да сме испуштиле (ова е доказ дека оваа форма во собранискиот живот сепак често се практикувала) ама се чини најдрастичното кршење на парламентаризмот – ако се изземе фактички обидот за државен удар од 27 април 2017 година – кога од зградата на Собранието беа исфрлени пратениците на СДСМ и сите новинари од галеријата при донесувањето на буџетот на 24 декември 2012 година. Исфрлувањето на пратениците го направија полициски службеници, кога јасно се виде дека нив ги координира тогашниот министер за финансии Зоран Ставревски, загрижен дали буџетот ќе се донесе на време. Заклучоци имаше, но тогаш премиерот Груевски истите ги нарече „палома хартија“!

КОГА НОВИНАРИТЕ БЕА НЕПРИЈАТНИ СВЕДОЦИ Бркање на новинарите од галеријата во Собранието во декември 2012 година донесе „палома хартија“  од заклучок!

Но за овој застрашувачки инцидент за кој известуваа и медиумите во Европа, без оглед што веќе беше Божиќ, никогаш не се покрена вистинска иницијатива за расчистување и казнување на драконското рушење на правото на изјаснување и гласање на пратениците! Како и на правото на известување на медиумите.

Всушност кај нас Владата го контролира Парламентот и оттаму тешко е да се претпостави дека анкетната комисија, било која би можела да ги направи „Англичани“, значи ладни и непристрасни во пресудувањето за фактите, оние кои се „гребеле“ кај својот лидер за место на изборните листи што се добитни!

Неколку впечатливи светски искуства

Какви се тука светските искуства? Многу интересни, верувајте.

Да започнеме со она што ни е најблизу и многу моменти појасни за разбирање ако говориме на оваа тема. Најпрво примерот е поврзан со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад кој ја подели Србија и создаде долгорочна нестабилност, меѓу другото и заради одбивањето на власта да спроведе ефикасна истрага за тој случај.

По низа месеци и турбулентни настани беше создадена анкетна комисија надвор од Парламентот со учество на најеминентни стручњаци од високото образование. Јасно беше дека власта на Вучиќ – со поткрепа на формални причини – не признаваше таква комисија и во така направен состав, без навлегување во квалитетот на комисијата.

Тука мора да се каже дека по нашите прописи парламентарните комисии може да имаат во своите состави експерти по избор на партиите. Како и да е таа, да ја наречеме анкетна комисија на високото образование во Србија работела од февруари годинава и ја завршила  активноста со соодветен документ! Како што објавија тогаш, неформалната Анкетна комисија е создадена затоа што државата не си ја вршела својата работа, а нејзините експерти работеле во рамките на четири поткомитети: за градежништво, економско-финансиски, медиумски и правни прашања.

Конечниот извештај беше презентиран на 21 октомври во Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур. Состанокот „Србија на пресвртница: Една година по Нови Сад“ е организиран од парламентарните групи на ЕП – социјалисти и демократи (С&Д), Обновена Европа и Зелените.

Покрај претставниците на Анкетната комисија, на презентацијата на извештајот присуствуваа и членовите на ЕП Катлин ван Брент (С&Д), Хелмут Брандштетер (Обновена Европа), Владимир Пребилич (Зелените).

Се слушна заклучокот дека уривањето на настрешницата е резултат на дејствија на организирана криминална група, со основано сомнение дека на нејзино чело е претседателот на Републиката.

Во конечниот извештај на Анкетната комисија, насловен како „Паѓање на настрешницата – распаѓање на системот, една година подоцна“, пишува дека падот на настрешницата е резултат на дејствијата на организирана криминална група што довело до овој исход во низа разни настани и дејствија.

Група експерти го повикаа обвинителството да ја прошири истрагата за несреќата и на соработниците на српскиот претседател Александар Вучиќ, за кои се сомневаат дека се на чело на „криминална група“, додава Savremena politika.

(Ставовите на власта за овој случај можете да ги прочитате во коментарите на следниот линк)

Не треба да повторуваме дека домаќините на средбата во Брисел го поздравија извештајот и истиот создаде слика за она што се случило во Нови Сад во ЕУ.

Постојат и други видови на анкетни комисии. Да го споменеме класичниот пример со оној направен од Одборот за одбрана на Долниот дом на британскиот парламент кој по својата работа заклучи дека лабуристичката влада многу бавно напредува во исполнувањето на своите обврски во областа на одбраната од обновени закани од Русија и Кина, што го пренесе британскиот „Телеграф“.

Во извештајот на Комитетот се наведува дека Лондон не ги исполнува своите обврски од член 3 од договорот на НАТО за „одржување и развој на индивидуални и колективни капацитети за спротивставување на вооружен напад“.

Комитетот, исто така, предупреди дека Велика Британија речиси и да нема интегрирани системи за противвоздушна и противракетна одбрана, како и дека нема план за одбрана на својата територија и прекуокеанските територии.

Обвинение против Урсула фон дер Лајен

Еве еден исто така близок до нашиот интересен случај – поврзан е со прашањето на вакцините како дел од борбата против епидемијата од КОВИД.

Група европратеници од редовите на десничарските и екстремно десничарските партии поднеле тужба против Европскиот парламент до Општиот суд при Судот на правдата на ЕУ, со тврдење дека не било почитувано нивното право за покренување истрага околу начинот на набавка на анти-КОВИД вакцини од страна на ЕУ.

Во тужбата се оценува дека одлуката на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и лидерите на пратеничките групи, со која се отфрла барањето за формирање на Анкетен комитет за проверка на овие набавки, била противзаконска.

Според иницијаторите на тужбата, раководството на ЕП ги прекршило правилата со тоа што го отфрлило предлогот на седница зад затворени врати, наместо да го стави на пленарно гласање пред европратениците.

Станува збор за иницијатива потпишана од над 180 пратеници од редовите на групите Патриоти за Европа (ПФЕ), Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) со која се предлага покренување парламентарна истрага за „наводите за корупција, перење пари, злоупотреба на моќта и прекумерно мешање во законодавните процеси“ при набавката на вакцини за време на корона пандемијата. Раководството на Парламентот нема право да го спречи ова барање, изјави тогаш германската европратеничка Кристин Андерсон од редовите на ЕСН.

Според судските документи, во кои увид имал бриселскиот портал „Политико“, тужбата е поднесена на 31 октомври, по што Судот му дал рок на Европскиот парламент да одговори на барањето на европратениците најдоцна до 20 ноември, пред да донесе одлука за постапување по предметот. Доколку ЕП не го прифати барањето, Судот може да покрене судска постапка, која би можела да трае со години.

На барање на „Политико“ за коментара на тужбата, Прес-службата на Европскиот парламент одговорила дека „не коментира поднесени или тековни судски постапки“.

Доколку иницијативата биде поддржана од пропишаниот број европратеници, таа се доставува до Конференцијата на претседатели. Според толкувањата на мнозинството во Конференцијата, таа решава дали предлогот ќе го стави на гласање на пленарна седница, додека според иницијаторите на тужбата, таа само треба да ја констатира иницијативата и да ја предложи како точка за гласање пред пратениците.

Според Андерсон, која е членка на партијата Алтернатива за Германија, цел на предлагачите на тужбата е Судот да ја поништи одлуката на Конференцијата на претседателите и да ја поттикне претседателката на ЕП, Мецола да ја стави иницијативата на гласање на пленарна седница.

Шведскиот европратеник Чарли Вајмерс од редовите на ЕЦР, смета дека во овој случај не станува збор за „политичко прашање“ што треба да го разгледува Судот, туку за „процедурално и правно прашање“ околу непочитување на правилата.

– Ние сме прилично оптимисти дека одлуката (на Судот) ќе оди во наш прилог, изјави Вајмерс.

Германскиот европратеник Даниел Фројнд од групата на Зелените оцени дека правно гледано барањето на десничарските групи „можеби имаат поента“ и по него „веројатно требало да се одлучи на пленарна седница“.

Тој рече дека не поддржува Европарламентот да биде „малтретиран“ со предлози за формирање на разни комитети, но истакна дека анкетните комисии се законски инструменти кои им овозможуваат на европратениците да иницираа истражување на некои постапки.

Според Фројнд, можноста мнозинството пратенички групи да не поддржат изјаснување по иницијатива на пленарна седница, ја поништува целта поради која постои инструментот анкетна комисија.

Инаку, главно осомничена за неправилности и злоупотреби при набавките на вакцините е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа беше обвинета за непочитување на процедурите при договарање на набавките на вакцини од американската компанија „Фајзер“. Ова обвинување беше повод за покренување иницијатива во Европарламентот за изгласување на недоверба на Европската комисија, која беше отфрлена во јули годинава, како и за судска постапка против Фон дер Лајен пред Суд во Белгија, кој ја одби како неоснована.

Партиски игри место бранење на честа на парламентаризмот

Да се вратиме на домашен терен. Треба најнапред да се констатира дека до сега во анкетните комисии не се успеало да постои претежнување на потребата од бранењето на честа на парламентаризмот, неговата одбрана во однос на партиската припадност. Впрочем, имаше и јасни признанија дека пратениците (и сите вршители на јавни функции) од редовите на  ВМРО ДПМНЕ или дури и нивни коалициони партнери морале да потпишуваат на нотар изјава дека го вложуваат својот имот како залог дека „нема да ја предадат партијата“ или поточно нејзиното олицетворување во ликот на актуелниот претседател. „Олеснувачка околност“ е што до сега оваа партија ги имала само тројца претседатели. Тоа на многу начини е спорно во однос на спроведување на таквата заклетва ама таа очевидно си има свој ефект, па партијата е секогаш поважна од демократијата.

Понатаму, постои голем пад на ентузијазмот во сето она што подразбира одбрана на плуралната демократија која кај нас постои од крајот на минатиот век од страна на креаторите на јавното мислење. Ова делумно се должи на фактот дека опиеноста од промената брзо се претвори во низа разочарувања а можеби и адаптации на можности, посебно кај нас на разните форми на корупција. Медиумите тука станаа лесен плен и во рамки на групи а секако и како поединци со „зголемени потреби“. Дури и оние ситуации каде исфрлувањето на новинарите од Парламентот не наиде на генерален отпор во телата, туку се разводни на парцелизирани реакции па и премолчувања нанастанот. Дали овој случај кој на крајот финишираше како „палома хартија“ не покажа и колкава е надменоста на власта и во однос на јавното мислење и неговите креатори?!

Јасно, се помалку стануваат важни официјални медиуми во однос на информациите на преку социјалните мрежи! Комплетно е симната одговорноста за искажаното мислење или суд а навивачкиот тон оневозможува разумна дискусија за било чија одговорност.

Така ќе биде и овој пат. Веќе гледавме дека по кој знае кој пат медиумите не само што коментираат постапки на власта (да речеме во однос на тоа дали ќе има непристасна парламентарна истрага за пожарот во Кочани) туку тие однапред се јавуваат во функција на најава на постапките на одредени партии по ова прашања. Просто се дел од повеќедецениски команден систем каде се согласни да бидат мали „десетарчиња“ што имаат право да речат само „разбирам“.

Затоа надвор од земјава имаме систем каде сепак, со одложување со децении преку анкетните комисии ќе дознаеме кој го уби Кенеди. Но се чини нема да го дознаеме она што е за нас во мигот многу побитно – кој го уби Кочани.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ