• Latest

Ковачевски: Европскиот фронт е отворен за сите субјекти што сакаат да работат државата да стане членка на ЕУ

February 11, 2024

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Европскиот фронт е отворен за сите субјекти што сакаат да работат државата да стане членка на ЕУ

February 11, 2024 14:34
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот фронт е отворен за сите политички партии, независни кандидати, или со еден збор учесници во изборите кои се залагаат да градиме општество кое доликува на современите демократии, општество интегрирано во Европската Унија за подобар и попросперитетен живот на сите наши граѓани, порача во интервју за Слободен печат, Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.

„Остануваме отворени за секого којшто се стреми во Северна Македонија да создаваме европска иднина затоа што нашите граѓани заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ. Мораме да се залагаме за забрзан економски раст на државата, како и етаблирање на државата на глобалните пазари во Европа и светот. Граѓаните овде имаат капацитет, имаат, вештини и знаење, затоа на нас политичарите е да им го овозможиме сето тоа“ посочи Ковачевски.

Одговарајќи на прашање во врска со политичката партија на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, Ковачевски рече дека формирањето нови политички субјекти е придонес кон развојот на демократијата во државата, но додаде дека СДСМ има најголем коалициски капацитет и дека без СДСМ нема евроинтеграциски процеси.

„Постоењето и формирањето на нови политички субјекти на македонската политичка сцена е конкретен придонес кон развојот на демократијата и политичката култура во земјата, и сметам дека се нормални ваквите движења на македонската политичка сцена. Но да не заборавиме дека СДСМ е најголемата државотворна партија во земјата, располага со исклучителни кадровски капацитети, во коалиција е со повеќе политички партии коишто обезбедија членство на земјата во НАТО и коишто обезбедија отпочнување на преговорите со ЕУ. Што се однесува до Максим Димитриевски, тој е долго на политичката сцена, потекнува од редовите на СДСМ, и верувам дека она што ќе го застапува, ќе е јасно видливо во кампањата која ќе ја води. Тука ќе напомнам дека, во плурален систем како нашиот, иднината на државата зависи од обединетоста на сите политички субјекти по однос на стратешките интереси на државата и граѓаните, односно евроинтеграцијата со која ќе се обезбеди економски просперитет, општествен развој и севкупен прогрес. Во тој контекст, СДСМ веќе покажа дека е јасно определен и фокусиран да обезбеди европска иднина на државата и затоа можам да потврдам дека сме подготвени и имаме и знаење и капацитет за да ја формираме наредната проевропска влада која ќе ја однесе земјата во ЕУ до 2030. Без СДСМ нема евроинтеграциски процес и членство во Европската Унија. Тоа е факт“ истакна Ковачевски за Слободен Печат.

Tags: ВМРО-ДПМНЕевропски фронтКовачевскиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ