Цената на парното останува иста до 31 април, односно до крајот на грејната сезона, додека кај електричната енергија за домаќинствата се размислува да има поевтинување за потрошувачката во првите два тарифни блока, потврди генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Првиот човек на ЕСМ најави намалување на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за малите потрошувачи, бидејќи како што вели актуелните цени се причина за затворање на голем број на економски субјекти.
-Индустриската струја вообичаено е поскапа од таа за домаќинствата, а од 1 јули нејзината цена уште повеќе се зголеми во однос на таа за домовите, вели тој.
Владата прави напор во делот на малите потрошувачи да има намалување на цената. Тоа се 65.000 субјекти, а имаме информација дека 7.000 правни субјекти веќе затвориле. Треба да се помогне на таа категорија на потрошувачи, тука ќе има значително намалување на цената – најави Ковачевски.
С.Танеска