• Latest

Македонија: Преглед на настани (19 јули 2016)

July 19, 2016

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (19 јули 2016)

July 19, 2016 23:49
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (19 јули 2016 година): И парите од ИПАРД програмата не се повеќе сигурни || Шекеринска: ВМРО – ДПМНЕ бега од фер избори || Груби: 11 декември е можен датум за избори ||ЗНМ против рекламни кампањи на јавните институции || Претставен „Предлог документот за итни демократски реформи“ || Шилегов: ВМРО -ДПМНЕ намерно ги одолговлекува преговорите || Трајанов: МВР е центар за манипулации и кршење на изборните правила!

timeline-logo-01-c

И парите од ИПАРД програмата не се повеќе сигурни

По објавата дека Европската комисија ги намалува средствата од ИПА фондовите поради отстуство на реформи, сега се отвора и прашањето за начинот на кој се трошеле парите и од ИПАРД програмата за земјоделците.Од Финансиската полиција соопштија дека има истрага за два случаја поврзани со можни злоупотреби на европските пари. Јавното обвинителство тврди дека се води предистражна постапка, а надлежната Агенција за финансиска поддршка во земјоделството соопшти дека не се работи за истрага, туку за спречен обид за злоупотреба на парите.

Шекеринска: ВМРО – ДПМНЕ бега од фер избори

fdgvd

„Не би сакала да влегувам во конкретни предлози, иако во изминативе 10 дена имаше многу. Меѓутоа, според она што се случуваше во изминативе два месеца, и новите барања коишто беа измислени во последните десеттина дена, станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на се она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година. Заради тоа им беше потребно да ги менуваат законите коишто се однесуваат на министерот за внатрешни работи  и заради тоа им е потребно да ги проблематизираат сите работи коишто беа затворени уште во 2015-та година“, изјави Радмила Шекеринска од СДСМ, по разговорите на работната група.

Груби: 11 декември е можен датум за избори

„Разликите се минимални, тие можат да се надминат и денеска да постигнеме конечен договор“, изјави Артан Груби од ДУИ, пред почетокот на денешната рунда преговори меѓу политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во Клубот на пратеници.  „Разговорите се одвиваат во конструктивна атмосфера. Разликите се многу минимални и сме блиску до договор. Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска или најдоцна утре, а единствената можна дата за избори оваа година е 11 декември“, рече Груби.

ЗНМ против рекламни кампањи на јавните институции

„Власта сака медиумите да ги претвори во огласна табла и да ја убие секоја критика во медиумите“, истакна претседателот на Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, Насер Селмани, на денешната јавна расправа во Собранието, за Предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Тој потенцираше дека законот ќе ги легализира и проширува коруптивните односи меѓу власта и сопствениците на медиумите.

Претставен „Предлог документот за итни демократски реформи“

предлог мерки

„Предлог документот за итни демократски реформи“, подготвен на иницијатива на 40-тина граѓански организации, беше повод за денешната конференција, на која невладиниот сектор ги презентираше своите препораки и предлози за надминување на долгогодишната политичка криза. Претставниците на невладини организации, пред присутните граѓани и претставници на политички партии, ги акцентираа мерките, коишто се услов за квалитетни реформи во сите сфери на функционирање на државата, содржани во документот со предлог мерките за итни демократски промени.

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ намерно ги одолговлекува преговорите

silegov

Во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Петре Шилегов од СДСМ, тврди дека владејачката партија намерно ги одолговлекува преговорите – колку да избегне фер и демократски избори. Тој истакна дека првите луѓе на МВР ќе треба да се сменат со професионалци и на тој начин, да се контролираат партиските послушници во униформа кои нема да може да извршуваат наредби од партијата. Во однос на медиумите, Шилегов тврди дека се прават напори да има минимално медиумско информирање на граѓаните во предизборниот период, но и дека, „откако ќе има нормална власт“, ќе се менуваат сите донесени контрадикторни закони.

Трајанов: МВР е центар за манипулации и кршење на изборните правила!

dsc_0195-470x246

„Ако се ограничат надлежностите на министерот за внатрешни работи, ќе се повтори сценариото од претходните избори!“, вели во разговорот за  ЦИВИЛ Медиа, ексминистерот за внатрешни работи Павле Трајанов, со кого разговаравме за позицијата на првиот човек во МВР, неговата улога во исполнување на условите за фер и демократски избори, и зошто околу ова прашање не може да се постигне консензус… Според него, се работи за „трикови на ВМРО–ДПМНЕ  пред јавноста, за да се пролонгираат изборите, затоа што очигледно анкетите не им одговараат.


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mк

 

Tags: избориМакедонијаМВРМедиумиПржинорекламиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ