• Latest

Македонските иселеници во САД протестираа против промена на уставното име

March 4, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонските иселеници во САД протестираа против промена на уставното име

March 4, 2018 07:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На собири под мотото „Ние сме Македонија“ македонските иселеници во САД и во неколку други земји вчера и денеска протестираат против промена на уставното име на Македонија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На собирот во центарот на Вашингтон денеска неколку организации и групи од Њу Џерси, Масачусетс,Њујорк и Вашингтон од македонската Влада побараа прекин на преговороте со Грција и заштита на македонскиот идентитет.

– Смислата на нашиот апел не е да критикуваме. Ние не сме против никого и не шириме шовинзам, туку се работи за одбрана на основните права. Нашите предци се избориле државата да се вика Македонија и со борба го сочувале името. Тие ни го предале тоа право и наша цел е да го зачуваме. Едноставно е, изјави Горан Митревски, еден од лидерите на движењето „Ние сме Македонија“.

На протетот се обратија и свештеникот Слобадан Петковски од православната црква „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, лидерите на Обединета Македонска Дијаспора, Александар Митевски и Мето Колоски, како и лидерите на Организација за македонски човекови права во Северна Америка.

Протест Вашингтон

– Ова е првпат Македонци да се соберат во толкав голем број на Националната алеја (комплекс од разни музеи и споменици во историскиот центар на Вашингтон), и затоа ова е историски ден за Македонците во САД, изјави Колоски.

Според Александар Митревски Македонија се соочува со две големи неправди – промена на името, како услов за влез во НАТО и ЕУ, и поставување на дополнителен услов за влез во ОН, наспроти фактот што таа ги исполни критериумите од членот 4 од Повелбата на ОН.

Од движењето наведуваат дека и покрај фактот што 137 земји ја имаат признато Македонија под уставното име, сегашната влада преговара за негова промена во услови кога Грција поставува максималистички барања и го негира македонскиот идентитет и нација.

Од собирот се побара големите сили да се вмешат во преговорите. Решението да се бара со меѓународна спогодба помеѓу двете земји гарантирана од постојаните членови на Советот за безбедност.

– Единствен начин да се пресече оваа речиси тридецениска загатка е меѓународна спогодба на која Грција треба да истапи од своите максималистички барања и нашата земја да влезе во меѓународните инситуции под уставното име, тоа е – Република Македонија, изјави Митревски.

Слични собири денес и утре се одржуваа во неколку градови во Австралија и Нов Зеланд, потоа во Холандија,  Англија, Италија, Чешка, Словенија и Малта.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: DiasporaГрцијаиселенициМакедонијаМакедонципромена на имеПротестСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ