• Latest

Македонија чекор поблиску до НАТО

June 29, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија чекор поблиску до НАТО

June 29, 2018 15:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО или Северноатланската алијанса е меѓународна безбедносна организација со седиште во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со која членките се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица. 

Алијансата претставува политичко и воено здружување на 29 земји членки, од Европа и Северна Америка. Македонија во 2009 година требало да стане земја членка на НАТО, но поради недоразбирање со Грција околу уставното име, таа го блокирала пристапот на Букурешкиот самит.

Девет години подоцна, по донесениот договор со Грција и потпишувањето на истиот од страна на владите на двете држави, пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО ќе почнат на 12 јули, со испорака на поканата. На Самитот на 12 јули, ќе има церемонија за врачувањето на поканата кон Македонија.

Се очекува пристапниот протокол да биде потпишан во јануари 2019, откако ќе заврши имплементација на македонските обврски од договорот со Грција. Македонија ќе учествува во сите структури на НАТО и добива столче на главната маса на Северноатлантскиот совет.

Потребни се околу една до една и пол година за ратификацијата на договорот за пристапување во парламентите на сите земји членки на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг изјави дека е сигурен дека шефовите на државите и владите ќе ја поканат Македонија да започне пристапни преговори, а потоа неколку месеци ќе има престапни преговории и доколку внатрешните процеси се финализирани во земјата, тогаш ќе може Македонија да се приклучи кон НАТО.

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО

Тој како пример го додаде членството на Црна Гора, чии преговори биле издадени во декември 2015, а биле финализирани во март 2016, а потоа сите 28 земји членки го ратификувале Протоколот до јуни 2017 година.

„Она што одзема време е всушност ратификацијата во разните земји членки“, појасни првиот човек на НАТО.

ЦИВИЛ во февруари годинава, организираше панел дискусија насловена „Членството на Република Македонија во НАТО: Задачи, предизвици и можности“, како придонес кон јавната дискусија, на која учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ, Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски и политичкиот аналитичар, д-р Сашо Орданоски.

„Анализите на јавното мислење покажуваат дека граѓаните на Македонија немаат многу информации што точно значи НАТО. Тие интиутивно го имаат својот став за членството на Македонија во НАТО. Дел од тие впечатоци се базираат на бројки“, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Радмила Шекеринска, министерка за одбрана

Амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ, истакна дека процесот на нашето прилагодување е еднакво важен колку и самото членство, и дека важно законот да се однесува на сите.

Даниела Баришиќ, амбасадорка на Хрватска

„Ние во тој процес на прилагодување кон ЕУ и НАТО гледавме начин како да ги зајакнеме нашите државни институции, беше многу важно законот да се однесува еднакво на сите, а не за едни да важи во позитивна смисла, а другите да не се во толку добра положба. Ние на тој начин го третиравме членството во ЕУ и НАТО“, изјави Баришиќ.

Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО

„Ако земеме во предвид дека до скоро време процентот на поддршка беше 92-98 проценти, тоа значи дека граѓанките и граѓаните не се запознаени. Во последните години процентот е драстично опаднат. Нема повисок процент на поддршка во светот од Македонија, а тоа значи дека на луѓето им се пласираат лоши и неточни информации. Претходната власт правеше хистерична кампања против Алијансата“, истакна Стево Пендаровски. 

Преку аналогија на односите меѓу Германија и Франција, Сашо Орданоски ја истакна потребата од решавање на односите меѓу Македонија и Грција, како еден од условите за членство во НАТО и ЕУ.

Сашо Орданоски, професор и аналитичар

Орданоски излезе со предлог до македонската влада да се обидат со Грците во Солун да отворат канцеларија за соработка на млади. „Таквата канцеларија меѓу Франција и Германија постигна фантастични успеси“, вели Орданоски.

Денот на НАТО, 4 април, беше одбележан во Воениот музеј, со трибината „НАТО и Ти“, која беше организирана од Министерството за одбрана, во координација со АТА Македонија, НАТО Канцеларијата за врски во Скопје и Амбасадата на Хрватска во Македонија.

На трибината учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол.

Американскиот амбасадор, Џес Бејли, тогаш изјави дека во споредба со минатото, најголемата разлика е дека Македонија може наскоро да влезе во НАТО.

„Што значи членството во НАТО за Македонија и нејзините граѓани? Тоа значи дека ќе бидете сојузници, а не партнери, соседи со останатите членки. Алијансата е сојуз што се заснова на почитување на човековите права и слободи, демократијата и владеењето на правото“, додаде Бејли.

Ангела Петровска 

Tags: Грцијаден на НАТОДоговорЕУЈанс СтолтенбергМакедонијаНАТОРадмила ШекеринскаСашо ОрданоскиСтево ПендаровскиЦивилчленствоЏес Бејли
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ