• Latest

Македонската претседателка во мисија за спас на океаните

June 8, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Македонската претседателка во мисија за спас на океаните

Заборавете ја економијата – океаните се приоритет! Во земја без море, родена е спасителката на океаните. Од Кичево до Пацификот, операција: СИНИЛО.

June 8, 2025 17:54
in ПОЛИТИКА, САТИРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Која е веста на денот? Какво прашање е тоа? Па се разбира, третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3)! Зошто?

Океј, се разбира дека овој настан би бил тотално безначаен и ни оддалеку не би ги задоволил високите стандарди на македонските медиуми и уште помалку строгите критериуми на јавноста, ако на тој настан што се одржува во Ница, не учествуваше – главом и брадом – токму врховната командантка и професорка по уставно право и докажана борка за родова еднаквост и… горда македонска претседателка.

„Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3)“, објави кабинетот на претседателката – спасителка на светските океани, бранителка на школките и амбасадорка на коралните подводни гребени во егзил.

Според соопштението, нејзиното учество ќе донесе длабок стратешки увид во заштитата на океанските ресурси, особено од аголот на држава без море, но со огромен вишок на политички пена.

А дали некој помисли дека спасителката на светските океани е отидена таму само за да се дружи и замајува светските лидери, како да е некоја споредна сирена? Кој така помислил, срам да му е.

Според најавата, вредно пренесена од дежурните екипи во македонските медиуми, претседателката и ќе се обрати на конференцијата и тоа на тема „Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој“, по што е сосема извесно дека планетата ќе биде спасена.

Како што се дознава од извори длабоко во македонскиот океан, говорот со месеци ѝ го спремале докажаните пропагандни гуслари и океанографи, од кои едниот носи прекар според презимето на еден германски министер од 30-години на минатиот век, а на другиот не му го знам прекарот, само знам дека, наместо вода, со години пие унгарско масло, за да ги заштити светските океани. Тие, пак, го користеле неизмерното искуство на нивниот главен советодавец по морски прашања, пензиониран рибар од Прилеп кој никогаш не видел море, но цел живот елоквентно тврди дека чувствува прилив и одлив секој вторник.

Но тоа не е сѐ, драги љубители на океаните и морињата. Од длабочините на светските океани и мориња пристигна уште една ексклузивна вест. Парламентарниот совет на сирените едногласно усвои декларација македонската претседателка да биде прогласена за почесна сирена – спасителка на океаните. Богот Нептун, трогнат од интелектуалниот и спиритуален капацитет на нашата врховна командантка, ја прекинал својата милениумска медитација под морското дно и, во свечена подводна церемонија, ѝ врачил златен сандак полн со алги од Атлантида и бисери што плачеле од радост. Се открива дека на сандакот има порака направена од скапоцени школки: ‘Гордана, само ти можеш да го сочуваш синилото на планетата – и достоинството на сирените!’

ЕУ интеграции? Усогласување со стратегиите на НАТО? Решавање на статусот на Бугарите во земјава? Ајде, ве молам… Зарем со такви приземни, здодевни прашања ќе се расејуваме кога имаме океани за спасување и сирени што чекаат лидерство? Па тоа се вчерашни теми! Денеска, вистинските визионери гледаат подлабоко – под морското дно.

Ете, океаните дочекаа спас – од нашата горда претседателка. А македонските граѓанки и граѓани? Тие можат мирно да продолжат да се дават во сиромаштија, корупција, неизвесност и еднонасочна пропагандна струја од телевизиските екрани. Но не грижете се. Кога ќе дојде цунамито – буквално или метафорично – ќе имаме сертифициран експерт за океани во претседателската фотелја. Со диплома од Ница, декларација од сирените и благослов од Нептун лично. И ќе нѐ спаси. Без сомнеж. Или барем ќе даде изјава дека сѐ е под контрола. Во овој мудар, мирољубив и мултиполарен свет.


Овој текст е сатира. Личен став на Авторот.
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ