• Latest
Фотомонтажа: Д. Мичев / ЦивилМедиа

Македонските медиуми како мегафони на Лавров и руската пропаганда

January 26, 2024
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Македонските медиуми како мегафони на Лавров и руската пропаганда

January 26, 2024 10:00
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мичев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мичев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Руската пропаганда во македонските медиуми сé повеќе добива на интензитет, но сега во едно поинакво светло. Веќе не се величаат „херојските“ успеси на руската армија (кои очигледно се дефицитарни), туку пропагандните руски наративи одат во друга насока, фокусирани на надворешните работи, критикувајќи ги западните земји, пред се САД, во говорите на високите руски владини претставници, и преку инсинуации, наведувачки и манипулативни содржини настојуваат да ја дискредитираат Украина, нејзините вооружени сили и раководсвото, со цел да се намали поддршката од западните сојузници, со што Украина би била ставена пред свршен чин да мора да прифати мировни преговори, но секако, под руски услови.

Доколку со внимание се следат содржините кои дел од македонските медиуми речиси секојдневно ги пласираат пред својата интернет публика, се добива впечаток дека ја преземале улогата на портпароли на власатите во Кремљ, и се во директна корелација и работат според насоките на планерите на кампањата на Путин за неговиот петти мандат на претседателски избори во Русија.

Секое појавување на високите руски функционери во јавноста и нивните изјави, кои речиси без исклучок се спротивни на официјалните ставови на македонската влада и нејзините НАТО и ЕУ сојузници, се пренесува некритички, во дел од нив и со нескриено воодушевување, без да се изврши проверка на нивната вистинитост, а за објава на спротивставени ставови воопшто не станува ниту збор.

Може да се забележи дека на овие медиуми особено им е омилен рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на кого му изразија огромна почит и со своето присуството на неговата прес- конференција на Самитот на ОБСЕ во Скопје ги легитимираа неговот небулозни изјави, во моменти кога тој беше целосно маргинализиран од останатите земји учеснички на Самитот.

Таков е случајот и со последните неколку последователни изјави на Лавров, надополнети со „одмерените“ изјави на Захарова, кои, сосема некритички ги  пренесуваат овие, речиси секогаш исти медиуми. Така, според нив, 13 часовниот лет на Лавров до ЊуЈорк претставува вистинско херојско дело, при што тој успешно ги избегнал непријателските земји, и  храбро му „одбрусил“на „чичко Сем“ дека Русија нема да моли, откако со години тие ја игнорирале добрата воља на „семоќниот“ Путин.

Понатаму, апологетите на руската експанзионистичка политика меѓу македонските медиуми, го пренесуваат обвинувањето ( секако неосновано) на Лавров дека за САД војната во Украина е само профитабилен бизнис,  при што ги објавуваат неговите услови за мировни преговори ( не спротивставувајќи му ги украинските ставови и 10те точки од условите за мировни преговори на Зеленски,  меѓу кои и повлекувањето на руските окупациони сили од окупираните украински територи), и секако , на тоа ја надоврзуваат заканата од портпаролката Захарова дека мировните иницијативи нама да бидат возможни се додека се доставува оружје за одбрана на Украина ( додека , истовремено , Русија за својата агресорска војна и нападите врз цивилни цели во Украина добива оружје од Иран и Северна Кореја).

И секако, тука мора да се нотира некритичкото пренесување на говорот на Лавров во ОН во кој го обвини западот кој „ со манијакална упорност ја охрабрува Украина да се судри со Русија, иако, всушност, Украина е таа која беше нападната од Русија и е приморана да се брани. И тука, секако, се заборава да се пренесат, не споменувајќи ја  рекцијата на педесетина земји од ОН кои  објавија соопштение во кое укажуваат на лицемерието на Руската Федерација за свикување редовна седница на Советот за безбедност на ОН за критикување на легалната испорака на оружје за Украина, ниту пак на нивните страници најдоа простор да го објават говорот на Сергиј Кислица, амбасадорот на Украина во ОН, кој во обраќањето пред Советот за безбедност, по излагањето на Лавров, истиот го нарече „ Реинкарнацијата на Рибентроп“.

Монироринг тимот на Цивил Медиа при следњето на пенетрацијата и ширењето на руската пропаганда на овие простори, забележува дека ваквите наративи наидуваат на плодна почва во одредени македонски медиуми, кој се чини дека ревносно ги следат насоките на политичките стратези на Путин кои работат на неговата предизборна порака повеќе од две години, И секако, како по правило, речиси секогаш истите медиуми, веќе евидентирани како дистрибутери на руската пропаганда и дезинформации на македонскиот информативен простор, оркестрирано ги споделуваат „нарачките“ на пропагандистите на Кремљ.

Драган Мишев


Повеќе од Мониторинг тимот на Цивил за присутноста на руската пропаганда во македонските медиуми можете да прочитате на следните линкови:

Засилена руска пропаганда во македонските медиуми во пресрет на гласањето за уставните измени

Руската пропаганда во македонските медиуми „виа Београд“

Македонските медиуми во служба на претседателската кампања на Путин

Македонските медиуми и руската пропаганда: Путин кивна, НАЗДРАВЉОТ!

Што навистина изјави, а како манипулативно се пренесува американскиот претседател Бајден

Што му е на Путин мило, на А1он му се сонило

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Руска пропаганда на А1он преку „аналитичарот“ Скот Ритер, осуден за сексуалени престап врз малолетник

РУСКА ПРОПАГАНДА: Под плаштот на „анализи“ и „истражувања“ се пласираат манипулативни содржини од хрватски „Индекс“ во македонските портали

Tags: македонски медиумируска агресија врз Украинаруска пропаганда и дезинформацииСергеј Лавров
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ