• Latest

Што навистина изјави, а како манипулативно се пренесува американскиот претседател Бајден

November 20, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Што навистина изјави, а како манипулативно се пренесува американскиот претседател Бајден

November 20, 2023 12:49
in МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Американскиот претседател Џо Бајден со нова изјава го потврди вековното размислување на целиот свет дека државниот врв на оваа земја е заинтересиран само да води војни, тврди Фокус во првата реченица од својот манипулативен текст со наслов „Бајден: Прекинот на огнот во Газа не е мир, војната треба да заврши засекогаш!“.

Манипулацијата и произволното толкување во Фокус на говорот на Бајден продолжува понатаму, каде се вели дека Бајден, говорејќи на темата за бомбардирањето на Газа, рече дека „не е за прекин на војната“, иако тој се заложи за завршување на војната засекогаш, и создавање на одржлив мир во Газа.

– Се додека Хамас се држи до својата идеологија на уништување, прекинот на огнот не е мир. Хамас ќе користи каков било прекин на огнот за да ги обнови ракетите, да ги прегрупира борците и да ги обнови нападите врз невините – напиша Бајден во статија за Вашингтон пост, пренесува Фокус.

– Нашата цел не треба да биде да ја запреме војната денес, војната треба да заврши засекогаш. Треба да го прекинеме циклусот на континуирано насилство и да изградиме нешто силно во Газа и на целиот Блиски Исток, за да не се повтори историјата – додаде Бајден, јасно збунувајќи ги читателите откако прво го поддржа бомбардирањето, се вели во толкувањето на Фокус за говорот на Бајден.

Фокус селективно пренесува само две негови изјави од целиот оригинален текс објавен во Вашингтон пост, кои се извадени од контекст, за да го поткрепи своето тврдење за, според нив „вековното размислување на целиот свет дека државниот врв на оваа земја е заинтересиран само да води војни“.

Говорот на Бајден беше во насока на создавање на целосен мир од кои корист ќе имаат сите, а највеќе Палестинците, а како главна пречка во остварување на ваквиот план ги посочи терористичките акции на Хамас.

Бајден, всушност истакна дека САД ќе продолжат да работат за да спречат овој конфликт да се шири и да ескалира понатаму.

Ова е во остра спротивност на терористичката стратегија на Хамас: криење меѓу палестинските цивили. користење деца и невини како жив штит, поставување терористички тунели под болниците, училиштата, џамиите и станбените згради, максимизирајќи ја смртта и страдањето на невините луѓе – Израелци и Палестинци. Ако Хамас воопшто се грижеше за животите на Палестинците, ќе ги ослободи сите заложници, ќе се откаже од оружјето и ќе ги предаде лидерите и одговорните за 7 октомври, истакна Бајден и додаде дека: Исходот што ќе го остави Хамас да ја контролира Газа уште еднаш ќе ја овековечи неговата омраза и ќе ја ускрати шансата на палестинските цивили да изградат нешто подобро за себе.

Не зачудува тоа што оваа објава е во корелација со српски Б92, кој објави текст со наслов „Америка сака војна?“ и во поднасловот констатира дека американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли повиците за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа нема да донесе мир, додека во самиот текст се цитираат истите изјави на Бајден кои воопшто не ги оддржуваат изнесените наводи во насловот.

ЦМТ

Tags: ИзраелманипулацииМедиумиПалестинаХамасЏо Бајден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ