„Едната се однесува на граѓанска средба насловена „Граѓански дијалози, а во втората половина од годината ќе се организира и награден конкурс со покровителство на општината која ќе награди ученици од основни училишта кои ќе сликаат на темите за мултикултурализам. Со Димитриевски, разменивме мислења за актуелните процеси во земјава поврзани со мултикултурализмот, меѓуетничките, меѓуверските односи“, рече Дерала.
Проектот на ЦИВИЛ се спроведува четврта година со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.
Средбата со градоначалникот Димитриевски е дел од серијата со градоначалници на кои е предвидено да стане збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“.