Мицкоски е тажен. Од неговото патување во Дубаи, доби само ослободување од визи за паување во ОАЕ за македонските граѓани, кои веќе кројат планови кога да отпатуваат до таа ексклузивна дестинација. Метематиката за ослободување на средства од семејниот буџет за таа намена е проста. Ќе трошат само тројца членови на семејствот ( Мицкоски нели потрошувачката кошничка ја димензионираше за тричлено семејство) и нема да се купуваат цреши, праски, кајсии, банани и „остало луксузно воќе“, а и кај и да е, ќе го покачи Мицика минималецот, 150 денари – 150 денари, кој ти дава.
Но, што е она што го натажи, што не доби Мицкоски, а потајно се надеваше, мечтаеше, сонуваше – АВИОН. Трамп уште пред да отиде доби од Катар на подарок боинг вреден 400 милиони долари. Ќе го менува постојниот Air Force One. Па зарем не можеа да му подарат едно авионче, не многу големо, само колку да ја собере пошироката владина делегација од министри, заменици, секретари, потсекретари, и секако најблиските нивни семејства, дополнети со , Пи-аровци, новинарчичи, фотографи. Се на се , не повеќе од 80/90 , еве максимум до 100 луѓе. Но и да има екстра простор меѓу седиштата за неговите болни коленца. Сигурно Заев и Филипче вмешале прсти кога се журкаа во Дубаи.
Но, надежта последна умира. Мечтите повторно му се разгореа откако Крис Павловски пристигна во Македонија. Па можеби токму тој, како добрата вила кај која повторно се родиле патриотическите чувства кон прататковината, кој е истовремено многу близок до администрацијата на Трамп, и како што успеа да му обезбеди ложа во арената на 2 километри од местото каде се одржуваше инаугурацијата, сега да го убеди Трамп, стариот авион Air Force One да му го донира на Мицкоски, односно на ВМРО-ДПМНЕ, односно на Владата.
Ако не успее ни тоа, па нека се задолжи владата уште некаде, и некаго купи тој авион. Ние ќе му мафтаме додека го надлетува Дубаи, накитени со по две цреши на уши.
Авионче Белокрило
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.