Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби.
Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појасни дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот.
Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена. на јавноста.












