• Latest

Не ги дигајте во облаци, за во затвор се!

January 11, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не ги дигајте во облаци, за во затвор се!

January 11, 2018 08:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата која ја водевме заклучно со Шарената револуција беше за промена на криминалната Власт, сите оние кои се поставиле над Законот и Уставот да одговараат за своите постапки со правични судења, за разлика од нивните кои беа незаконски и противуставни. Борбата беше – сите оние кои учествувале на било кој начин во практикувањето на таквата власт – да не бидат дел од новата. А секако и да одговараат за сторените злодела. Да не им се дозволи на сите сончогледи да се наметнат и повторно да уживаат.

Пишува: Денис Јанкуловски

Дојде промената на Власта. Со промената, сепак, некои работи останаа непроменети. Со тие непромени јас не се согласувам. Секој има право на свое мислење и го почитувам тоа. Јас, како еден обичен граѓанин, го користам своето право на слободно изразување, особено на тоа што не ми се допаѓа. Затоа, како и секогаш, ќе си го кажам моето. Ниту сум молчел, ниту ќе молчам.

Гледам, некои полека ги зафаќа вирусот Бујарохвалоспеви, па ај си реков, да сторам два три превентивни зборој во врска со оваа опасност, пошто за вируси терапија нема.

На пример: Се крчкаше коалиција со Лиле ДОМ и ДС на Павле кои беа дел од Владата која нѐ уништи… Истата Лиле која го напаѓаше СДСМ додека беа тепани и влечени низ Собранието претходниот пат, а знаеме и како делуваше како пратеничка. Потоа влезот во кандидатската листа за Пратеници на Ферид Мухиќ кој ја Шарената револуција, сѐ ова со единствено објаснување “битно да се собори Груевски, по секоја цена”…  па Влада со ДУИ (ај ова можда беше изнудено и неизбежно). Нејсе, се случи и Владата, влегоа Пратениците. Во ред, не се помирив со овие претходно наброени состојби но како што вика нашиот народ, ТОА Е.

После неколку месеци следеше радоста за враќањето на Чедо Саздовски во своето јато, оној што ракоплескаше на 27-ми април… Зошто? Затоа што “ќе сме побројни”. Се најдоа оправдувања и за вртењето на криминалецот кој што сѐ не ќе му направеше на Заев, оној кој треба да е во затвор, оној вулгарниот Амди Бајрам. И сѐ ова со зборовите “битно се зголемува мнозинството”… по секоја цена. Факт е дека ова зголемување на мнозинството ќе функционира и покрај моите критики, а и критиките на голем број мои истомисленици. И пак ќе речам, нејсе. Толку е мојата моќ за сега.

Овие денови читам пофални зборови за Бујар Османи. Истиот Османи кој беше дел од владеењето на криминалците, соучесник во разнебитувањето и уништувањето на државава, кој ја зајакна сиромаштијата, кој и сам не знае колку украде, кој до пред некој ден и сам беше критикуван за своето минато. Само како пример, тендерот со вакцини за свинскиот грип, односно неговата лична добивка. Тие обвинувања доаѓаа од неговите сегашни коалициони партнери. Ние очекувавме него да го снема од политичката сцена. А денес гледаме како го издигнуваат на пиедестал. И пак ли? Пак ли само нејсе?

Па добро бе, па не може да забораваме сѐ по секоја цена. Точно, се решаваат битни прашање за нас и нашата држава. Но мора да поставиме граница на толеранција. Мора да се знае кој каде припаѓа. Или барем ако е каде што не треба, тогаш без ловорики.

За мене Чедо, Амди, Бујар се оние кои нѐ доведоа до ова кај што сме. И не им го заборавам тоа. Боли кога гледам како „заради кауза“ го забораваме единаесетгодишниот “придонес” за состојбава. Мораме да стоиме на своите ставови! Ако сме кадарни да се опрајме. А сме. Ама не со криминалци, сончогледи и квази бизнисмени. Тие не се ништо освен остатоци од еден режим чиј дел биле тие и мора секој да си одговара за тоа, соодветно на тежината на вината што ја има.

Работите што поминале не можат да се сменат, знам. Знам, исто така, дека и Лиле и Чедо и Амди ќе бидат во мнозинството, а можеби и други. Но не сите други имаат минато како Амди на пример. Тој исполнува 20 од 10 услови да биде чест гостин на Судовите. Знам дека и Бујар, наспроти минатото, беспрекорно ќе функционира.

Мојата критика е, сепак, добронамерна, за да не дозволиме сите заедно да дојде до некое поместување од патеката која заеднички ја зацртавме. Патека која има премногу трња, но која ќе ја изодиме заради целта кон која тежнееме. А тоа е подобар живот. Живот кој ни го ветивте и кој ние им го ветивме на нашите деца, на нашите семејства. И секако, живот без институционализирање на криминалците. Тие си имаат свое место.

Затоа: Не ги дигајте во облаци, не ги фалете, не се за фалење. За во затвор се. Зад решетките.

Толку од мене. Тоа е мојот став. Непроменлив.

Tags: Амди бајрамБујар ОсманивласткриминалциЛилјана ПоповскаПавле ТрајановФерид МухиќЧедомир Саздовски
Share153TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ