• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (4 дел)

September 6, 2020

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (4 дел)

September 6, 2020 19:52
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Прв дел | Втор дел | Трет дел

МРЕЖИ ЗА ОРКЕСТРИРАНО ШИРЕЊЕ ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ОМРАЗА

Најчесто, објавите се споделуваа на организиран начин на страници на ФБ, со навидум имиња на организации или иницијативи, а кои потоа оркестрирано се шират од профили, честопати безимени, блиски до одредена политичка структура. Тие беа најчестите извори на спорни содржини, кои потоа добиваа засилена гласност преку организираните партиски структури на споделувачи и проширувачи на партиските пораки, кои се ангажирани и во негативната кампања, но и во промоција на сите пораки и инструкции за јавна комуникација кои доаѓаат од партиските центри.

На пример, ваков тип на Фејсбук страници и групи кои оркестрирано споделуваа содржини во линија со партиската пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ беа „Македонија ќе победи“, „Ја сакам Македонија“, „Тргнуваме“, „Татковината повикува“, „Правда за Македонија“, „Унитарна Република Македонија“, „Манифест за Единствена Република Македонија“, „ Нашето име е наше право – Македонија“, „Тоа е свето име, бе мамето ваше“,  „Победничка Македонија“, „Вечна Македонија“, „Македонија вести 24/7“, „Македонија библиска земја“, „Добро утро Македонци“, „Македонија – Македонци – Македонско“, „Глас“, „Пишман Аџија“, „Политички постови Република Македонија“, „Infomax news Macedonia”, “regioni.infomax.mk”, “Mak news”, “Магазин ВЕСТ“, “info24.mk”, “Македонски патриоти-Macedonian Patriots”, итн.

На социјалната мрежа Твитер, организирано споделување на содржини или лиферувани од ВМРО-ДПМНЕ или медиумите блиски до оваа партија може да се забележи на десетици профили, меѓу кои како највлијателни се истакнуваат, Фортификација, Курвин Водењак (@Jovanowsky), Јордан Пиперката (@Kozica_Cer), Дедо Мраз™ од Македонија (@Dedo_Mraz), Пандорина кутија (@pandorabox97), Ангелина(@anebo_mk), Маче(@Vlatko100janosk), Венерин бреговиЧ, (@VenerinBregovic), Талабаз(@taklabaz), ХаНа* (@HaNa_Taurus666), Syfer (@syfer11), КАуркаТА(@Kaurkata903), Мајмунчето (@majmuncetoo) итн.

Како мрежа на Фејсбук профили, групи и страници блиски до партијата Левица кои оркестрирано споделуваа содржини со дезинформации или потпалувачки говор може да се идентификуваат „Волкот Сит Овци Куп“, „Црвена Младина“, „Mk Diaspora Europe”, „Ремет“, „Политички циркус“, „Ленка“, неколку страници со називот Бојкотирам(е),  или пак анонимни профили како Tedy Tedy Bear, кои дури споделуваат исти објави на своите ѕидови по неколкупати во текот на денот.

Се забележува дека овие страници и профили редовно споделуваат објави на партискиот лидер Апасиев или содржини со кои се напаѓаат или навредуваат политичките противници и неистомисленици. Фактот дека објавите на Апасиев често добиваат повеќе реакции и од оние на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со далеку поголеми членства и комуникациски ресурси, како и фактот дека содржините од тој профил се организирано споделувани од посочените, но и повеќе други профили и страници, говори дека се работи за една добро организирана и веројатно многу скапа пропагандна играчка, во која по сѐ изгледа се вклучени и „фарми на тролови“ и други елементи веќе вообичаени за медиумските политички битки во новата ера.

„Направете една вест…“ – инструкција од „горе“, објавување содржина на веб и Фејсбук, масовно ширење од исти профили и страници – како функционира оркестрираната пропаганда?  

Втор главен извор на ваков оркестриран тип на пропаганда беа одреден број на портали, чија уредувачка политика е нагласено фаворизирачка за една политичка опција. Дел од нив често споделуваа речиси истоветни содржини, очигледно напишани надвор од нивните редакции, а кои потоа ги преземаа и ги распространуваа партиските војски на социјалните мрежи.

Вакви мрежи и соработка во остварување на партиска пропаганда се нотирани низ изминативе години во повеќе домашни и меѓународни истражувања и рецензии на медиумски содржини, а може да се препознаат подолго време во дејствувањето на порталите Курир, Инфомакс, Република, Економски Лидер, Експрес, Сигнал,  Вечер, Весник итн. Дополнително, страниците на овие портали на социјалните мрежи изобилуваат со коментари и реакции полни со навреди и говор на омраза, предизвикани од објавите на порталите, кои честопати се полни со шпекулации и невистини.

Типичен пример за ова беше случајот забележан на 10 јули 2020, кога веб страницата „Република“ објави содржина со наслов „СДСМ во паника: Тргнато видеото на кое се слуша како Заев договара паѓање на судски случај на порталот“.  Под текстот, со латинична поддршка, пишуваше: „Направете една вест дека СДСМ во паника го бутна видеото каде се гледа како Заев договара паѓање на судски случај“. Ведаш откако скриншот од објавата почна да кружи на социјалните мрежи и да предизвикува реакции и потсмев од многу профили и откако неколку медиуми објавија содржина за оваа „нарачка“, оваа реченица беше избришана од текстот. Инаку, самата содржина реферираше на еден од нелегално снимените тонски записи прикачени на „Јутуб“, кој беше избришан. Индикативно е дека слични наслови со речиси исти тези и содржини во речиси исто време беа објавени и на веб страниците „Курир“ (10.07.2020, „СДСМ го ‘бутна’ видеото на кое се слушаат скандалозни изјави на Заев“) „Нетпрес“ (10.072020, „СДСМ го избриша видеото од Јутјуб каде се слуша како Заев договара паѓање на судски случаи (ВИДЕО)“.

*

Наодите на истражувачите на ЦИВИЛ за оркестрирана пропаганда преку порталите и социјалните мрежи беа потврдени и од едно друго сериозно меѓународно истражување, од страна на Дигиталната истражувачка форензичка лабораторија на Атлантскиот совет – #DFRLab, кој во земјава прв го пренесе Вистиномер.мк во договор со DFRlab. Според ова истражување, координирани и неавтентични подгрупи на Фејсбук страници шират содржина објавена од различни веб-страници за вести од Северна Македонија. DFRLab откри десетици Фејсбук страници поврзани со различни македонски веб-страници за вести, чии карактеристики упатуваат на координирана активност, како и речиси истовремено објавување на идентична содржина. Страниците, исто така, покажуваат знаци на неавтентичност, бидејќи биле креирани како профили за различни интереси, но на крајот промовирале содржина од веб-страници за вести со кои немале никаква поврзаност. Според ова истражување, вкупно, 4 одделни мрежи или подгрупи на координирани средства ја споделуваат содржината објавена од 10 македонски веб-страници за вести.

Според истражувањето на DFRLab, Подгрупа 1 се состои од 7 ФБ страници наводно посветени на различни теми, а споделувале написи на 4 веб страници: Република Онлајн, Курир, Денешен и Вистина, кои се во сопственост на иста медиумска компанија поврзана со MTV. На Фејсбук страниците, истовремено и со иста зачестеност, се објавувале претежно идентични написи објавени од веб-страници во сопственост на Адинамик Медија. 7-те страници имаат 690.000 следбеници, додека официјалните ФБ страници на Курир, Република онлајн, Денешен и Вистина околу 300.000. Една од ФБ страниците на Ekonomski.mk– не објавувала содржина од сопствената страница, туку ексклузивно ја споделува содржината на Курир. Бидејќи обете припаѓаат на ЕМ Медија, според истражувачите на ДФРЛаб, се чини дека тие ги користат меѓусебе средствата на социјалните медиуми за промовирање. Страниците се управувани од Северна Македонија, а најголем дел од имињата го содржат зборот „Македонија“.  Меѓу другото, се вели дека страниците „Република Македонија“ и „Ова е Македонија“ имаат слични електронски адреси ([email protected] и [email protected]) за контакт во делот „About“. Страниците „Јас ❤ Македонија“ и „Смеење до солзи“ пак,  имаат поврзани профили на Твитер, а вториот има канал на Јутјуб, што има исто име и слика на профил како една од страниците на Фејсбук – „Насмеј се“ од следната подгрупа, што укажува на поврзаност помеѓу подгрупите 1 и 2, иако промовираат содржини објавени од различни веб-страници. DFRLab, исто така, открива 5 ФБ страници кои споделуваат содржината на веб-страници во сопственост на ЕМ Медиа. Иако DFRLab не беше во можност да идентификува поврзаност меѓу нив, постои веројатност ЕМ Медиа да ги користи овие средства за промоција на својата содржина.

Во Подгрупа 2 се наведени споделувачи на содржини од веб страниците Маркукуле, News 24 и Сигнал, истражувањето на DFRLab идентификува 17 ФБ страници. Овие веб-страници не содржат информации за компанијата и објавуваат написи без автор. Маркукуле и News24 често објавуваат написи за рускиот претседател Путин, прикажувајќи го како влијателен лидер кој ги почитува традиционалните вредности и никогаш не ги заборава своите пријатели во неволја. News24 исто така, понекогаш ги споделува видеата на RT и Sputnik. Слично како и Подгрупа 1, ФБ страниците во оваа подгрупа објавуваат написи во исто време и со иста зачестеност. DFRLab забележа дека 14 од 17-те страници ги споделувале само написите од Маркукуле и News 24, додека 2 страници исто така споделувале содржина на Сигнал. Една страница споделувала само содржина на Маркукуле. 17-те неавтентични страници имаат над 900.000 следбеници, речиси девет пати повеќе од официјалните страници на Фејсбук на News24 и Маркукуле. Информациите за транспарентност на Фејсбук откриваат дека имињата на страниците биле менувани повеќепати.

DFRLab во Подгрупа 3 ги класифицира ФБ страниците што споделуваат содржини на Пулс 24 и Булевар. „DFRLab откри дека Фејсбук страниците во оваа подгрупа може да се поврзат со Филип Петровски, десничарски претседателски кандидат на претседателските избори во Северна Македонија во 2019 година и член на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Петровски често ги споделува написите на „News 24“ на неговиот личен профил на Фејсбук; објавите што содржат линкови до статии на „News 24“ на неговиот личен профил подоцна се појавуваат и на засилувачките страници со идентичен придружен текст“, се вели во истражувањето. Меѓу другото,  DFRLab посочува и пример на текст објавен со иста приказна на различни страници, сите објавени во исто време и датум. (ФБ страниците Македонија Вечна, Филип ЗА Македонија, Бев Сум и Секогаш ќе бидам горд МАКЕДОНЕЦ). 7-те страници во оваа подгрупа заедно имаат над 335.000 следбеници, додека официјалните Пулс 24 и Булевар имаат околу 275.000. Засилувачките страници биле создадени во различни периоди помеѓу 2009 и 2019-та, а нивните имиња не се поврзани со веб-страниците што ги споделуваат. Овие страници се управувани од Северна Македонија, а повеќето од нив никогаш не го смениле името.

Во Подгрупа 4, DFRLab почочува ФБ страници што споделуваат содржини на Net Medical Diet и Галама Клуб, кои според DFRLab изгледа се поврзани затоа што нивните официјални ФБ страници споделуваат содржина и од двете. 8-те страници од оваа подгрупа заедно имаат над 770.000 следбеници, додека официјалните ФБ страни на Net Medical Diet и Галама Клуб има нешто над 175.000. Страниците се создадени помеѓу 2010 и 2018-та, а нивните имиња не се однесуваат на веб-страниците од кои споделуваат содржини. Овие страници се управувани од Северна Македонија и САД, а некои го смениле името во различни временски периоди. Делот за транспарентност на страниците упатува на сличен број администратори, како и на соодветните локации во земјата.

Анализата на DFRLab (како и анализите и мониторингот на ЦИВИЛ) покажа дека подгрупите на Фејсбук страници ја засилуваат политичката, но и не-политичката содржина објавена од најмалку 10 медиуми во Северна Македонија. Додека некои од профилите ја потврдуваат својата поврзаност со веб-страниците чии содржини ги споделуваат, други не се автентични, затоа што првично се создадени како неповрзани страници со посебни интереси. Сепак, на крајот послужиле за споделување на содржините на веб-страниците за вести.[1]

*

Дополнително на тоа, на социјалните мрежи значајно влијание имаа и тенденциозните објави на профили на медиумски експонирани личности, меѓу кои и личности од медиумите, поранешни судии, екс-политичари, луѓе од академската заедница, или разни профили на професии но со влијание во јавната комуникација, кои со радикален дискурс и објави кои често беа масовно споделувани и коментирани, придонесуваа во поларизацијата и радикализацијата на комуникацијата, предизвикувајќи коментари и реакции полни со навреди и говор на омраза.

Такви објави, коментари и реакции може да се сретнат на профилите и страниците на Миленко Неделковски, Јанко Илковски, Љупчо Палевски, екс-судијата Панчевски, Васко Ефтов, Љупчо Златев, Бранко Героски, проф. Каракамишева, Горан Момироски, Тодор Петров, академик Катица Ќулавкова, Константин Плевнеш и десетици други медиумски експонирани личности, чиишто објави предизвикуваат дополнително вжештување на и онака жестоката битка помеѓу политичките табори.

Останува само да повториме дека спроведувањето на вакви медиумски кампањи воопшто не оди во насока на достоинствено остварување на крунскиот демократски процес. Гласачите имаат право на информиран избор и на понуда, а не на меѓусебни плуканици и омраза, што ги обесхрабрува да излезат и да го остварат избирачкото право.

[1] Inauthentic Facebook pages target North Macedonia, DFRLab, 25 јуни 2020, medium.com

(продолжува)


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа.
Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ.
Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.

Прв дел | Втор дел | Трет дел

Print Friendly, PDF & Email
Share50Tweet31Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ