• Latest

Неизвесност пред гласањето за уставните измени

October 18, 2018
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неизвесност пред гласањето за уставните измени

October 18, 2018 15:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со посетата на членовите на Комитетот за интеграција во НАТО и на Работниот комитет за интерација на седиштето на Алијансата во Брисел денеска и утре почнуваат претпристапните разговори за членство на Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Македонија на Самитот на НАТО во Брисел во јули и официјално доби покана за членство, но влезот е условен со имплементација на Договорот од Преспа.

Со оваа сесија разговори во Брисел, Македонија де факто ја отвора последната фаза во односите со НАТО пред членството во Алијансата.

Артан Груби, на денешната прес-конференција изјави дека е убеден дека на крајот разумот ќе победи и дека ќе има двотретинско мнозинство за прифаќање на уставните измени. 

Денеска во Собранието нема расправа за уставните измени. Таа е закажана за утре, но неколку пратеници од владејачката коалиција денеска се огласија преку прес-конференции од Собранието.

Томислав Тунтев изјави дека пратениците имаат одговорност пред граѓаните и треба да ја почитуваат нивната одлука изразена на референдумот, така што Собранието ќе ги усвои измените. Според него, тоа е пакт што мора да биде изоден заедно со власта и опозицијата.

„Алтернатива не постои, секој друг предлог е туркање во изолација. Македонија му припаѓа на западно-европскиот свет без разлика што Христијан Мицкоски има проблем со тоа“, додаде Тунтев.

Откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ соопштија дека се откажуваат од дебатата, велејќи дека е јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека расправата ќе продолжи во петок.

На вчерашната седница на која зборуваа само пратениците од коалицијата на власт, се повтори ставот дека сега е време сите што декларативно се залагаат за НАТО и ЕУ да дадат конкретна поддршка на уставните измени.

САД ги поттикнуваат лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики и да ја искористат историската можност за подобра иднина на земјата, вели ,меѓу другото, претставник од Стејт департментот во изјава за грчката новинска агенција АНА- МПА.

САД цврсто ја поддржуваат целосната имплементација на договорот, кој ќе и овозможи на Македонија да го заземе своето место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи за регионална стабилност, безбедност и просперитет. Бидејќи во македонското Собрание продолжува расправата за уставните измени ги поттикнуваме лидерите да ги надминат партиските политики и да ја искористи оваа историска можност за да се обезбедат подобра иднина за земјата како полноправна членка на западните институции, рекол претставникот на Стејт департментот за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Телефонски разговор по оставката на Никос Коѕијас имале премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Според портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, и двајцата премиери се согласиле и повториле дека работат на имплементација на Договорот од Преспа.

Ангела Петровска

 

Tags: Алексис ЦипрасАртан ГрубиВМРО-ДПМНЕДоговор од ПреспаЕУЗоран ЗаевНАТОНикола ДимитровСАДСобрание на Република МакедонијаТомислав ТунтевХристијан Мицкоски
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ